Ѓубре, стари душеци, шут, искршени објекти. Ова е денешната слика на езерото „Треска“, едно од најпопуларните и најпосетувани рекреативни места за скопјани особено во летните жешки месеци. Наместо чиста вода во езерото, трски и засмрдена вода.

Од некогашните бунгалови и камп приколки, само урнатини.

Наместо посетители кои се рекреираат, крави и кози шетаат околу езерото.

Во непосредна близина има и штали.

Камерата на „Слободен печат“ забележа корито без вода и ѓубре на сите страни со остатоци од некогашниот камп.

На овој простор требаше да никне нов спортско-рекреативен центар, а околу езерото да се градат хотели, бунгалови и трговски центри.

Од најавениот комплекс досега нема ништо. Останат е само запуштениот пропаднат простор.



Како изгледа денес езерото „Треска“ погледнете низ камерата на нашиот колега Методи Здравев: