Над 130 илјади Шпанци протестираа синоќа во Валенсија барајќи оставка од регионалниот претседател Карлос Мазон поради лошата реакција на минатонеделните катастрофални поплави, во кои загинаа повеќе од 200 луѓе, а околу 100 луѓе се водат како исчезнати. Демонстрантите го исполнија центарот на источниот шпански град и извикуваа „Убијци! Ние сме извалкани со кал, вие сте извалкани со крв“
Демонстрантите ги обвинија локалните власти дека предоцна издале предупредување за поплави. Дел од присутните се судрија со полицијата кон крајот на демонстрациите. Полицијата употреби палки за да принуди некои демонстранти да се вратат назад. Сликите покажуваат дека Градското собрание на Валенсија е измачкано со кал, додека новинската агенција Ројтерс известува дека демонстрантите фрлаат столици и други предмети.
Голем дел од учесниците на протестната прошетка носеа транспаренти и скандираа „Мазон, оставка!“, Други носеа натписи со пораки како „Не’ убивте!“.