„Изгледаше дека ликовите снимаат сцена со борба каде што се караат пред авионот да се преврти наопаку. Пилотот беше облечен во зелено, што сугерираше дека ќе биде отстранет од сцената, а Круз и Моралес ќе бидат единствените во авионот“, изјавил извор за „Мирор“.
Круз стана препознатлив токму поради акробациите кои сам ги изведува, а имаше и улоги за кои такви работи беа особено неопходни, почнувајќи од „Топ Ган“ па завршувајќи со бројните продолженија на „Невозможна мисија“.Неодамна беше забележан во студиото Лонгкрос во Велика Британија, како снима сцени преполни со акција, додавајќи акробации со потпис на новиот дел од франшизата.
Претходно во април, Круз беше фатен на снимање во близина на Даунинг стрит во Лондон, прикажувајќи драматични моменти кои навестуваа предизвици за неговиот лик, агентот Итан Хант.За последниот објавен дел од „Невозможна мисија“ тој се надмина себеси, изведувајќи БАСЕ скокање од карпа. Овој потфат беше окарактеризиран како „најголемиот трик во историјата на кинематографијата“.
#TomCruise and #EsaiMorales on the set of #MissionImpossible 8 yesterday!
15.07.2024. pic.twitter.com/xM9MkJjLFO— Tom Cruise • fan account (@tomcruisse62) July 16, 2024