Настан полн со емоции кој го оддржавме во дворот на Државниот училишен центар за образование и рехабилитација Партенија Зографски во Маџари. Енергијата која ја даваат дечињата со церебрална парализа и учениците со оштетен слух и говор е навистина посебна!
Општина Гази Баба има партнерски однос со Здружението “Златни ангели” кое се грижи за дечињата со церебрална парализа. Тие ја имаат мојата и поддршката на локалната самоуправа. Изразувам благодарност до директорката на ДУЦОР Партенија Зографски, Слободанка Џеповска која даде поддршка во реализацијата на овој настан.