Во рамките на акциите за собирање кабаст отпад што ЈП Комунална хигиена-Скопје во периодот од 05.08.2024 година до 13.09.2024 година ги реализираше во сите скопски општини, беа подигнати и транспортирани вкупно 1370 кубни метри кабаст отпад. Во наведениот период, жителите на скопските општини имаа можност да ги одложат својот стар мебел и покуќнина на повеќе локации во близина на своите домови каде што ЈП Комунална хигиена-Скопје постави посебни садови наменети за одлагање на кабастиот отпад.
Во општината Ѓорче Петров беа одложени 130 кубни метри кабаст отпад, во општината Карпош – 170 кубни метри, во општината Центар – 130 кубни метри, во општината Кисела Вода -150 кубни метри, во општината Аеродром – 80 кубни метри, во општината Гази Баба – 160 кубни метри, во општината Чаир – 170 кубни метри, во општината Бутел – 150 кубни метри, во општината Шуто Оризари – 150 кубни метри, додека во општината Сарај за време на акцијата на ЈП Комунална-хигиена-Скопје беа одложени 80 кубни метри кабаст отпад.