(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Калтрина Зеколи Шаќири: Заменик министер на Министерство за Транспорт Во рамките на капитален проект од Европската Унија, имав прилика да пречекам високи функционери од Полска, вклучувајќи го министерот Артур Чапиевски, кој е исто така Главен инспектор за патен транспорт во Полска, г. Михајл Ржезњевски, советник за проектот Twinning, и заменик-амбасадорот на Полска во РМВ, Пјотр Висоцки
На оваа средба разговаравме за важни теми во областа на патниот транспорт. Сме почестени што имаме можност да користиме нивното професионално знаење. Ние, како држава, сме корисници на проектот Twinning, кој се спроведува во рамките на Европската Унија. Благодарение на овој проект и нашата посветеност на развојот на патниот транспорт, ќе постигнеме повисоки стандарди на безбедност и ефикасност во овој сектор. Со проектот ќе добиеме грант од 1 милион евра, кој ќе ги подобри условите во Државниот инспекторат за патен транспорт, како и ќе имаме можност да се користиме од личното искуство на полските професионалци во следните 28 месеци, колку што ќе трае овој проект.