Жално е за таков голем проблем да се делиме на наши и ваши“. Такво беше моето гласно размислување, како дел од моите обраќања пред советниците, на денешната 42 седница на Советот на општина Струмица. За жал, на точката од дневниот ред по која се расправаше за проблемот со водата со кој се соочуваат жителите од градот и шест населени места во општина Струмица, беше злоупотребена од опозицијата за политичка дискусија и нагласен популизам.
Сепак, задоволен сум од одлуката на советниците кои го прифатија мојот предлог и гласаа „за“ намалување на цената на техничката вода која во моментот ја користат домаќинствата, и тоа од 33.99 на 7.85 денари. На седницата беше усвоена и одлуката за општинскиот линиски превоз на патници на подрачјето на општина Струмица, како и неколку други важни одлуки поврзани со работата на ЈПЕД „Струмица-Гас“, ЈСП „Струмица -Транспорт“ и ЈОУДГ „Виножито“.