Берлин, 02.10.2024 Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денеска учествуваше и имаше обраќање на првиот глобален Фестивал на албанската гастрономија кој собра 110 компании од Балканот на едно место, како и ги собра заедно со носителите на политички одлуки од Северна Македонија, Косово и Албанија.
На панелот на тема „Каде традицијата се среќава со трговијата“ во присуство на претседателката на Косово Вјоса Османи, министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Игли Хасани, министерот за економија и труд на Северна Македонија Бесар Дурмиши, градоначалникот на општина Тетово Билал Касами, Меџити рече дека големата и успешна албанска дијаспора секојдневно не прави горди насекаде низ светот.
Ваков настан, кој не зближува сите нас во голема меѓународна сцена, не прави горди како народ и ни покажува колку многу имаме да понудиме. Благодарност до организаторите за оваа можност и нивната посветеност за промовирање на позитивниот имиџ на Албанците ширум светот. Да продолжиме да градиме мостови на соработка и да му покажеме на светот дека Албанците се подготвени да блеснат насекаде“, рече Меџити.
Меџити нагласи дека овој саем не е само прослава на нашите вкусови и традиции, туку и платформа која ја покажува нашата моќ да се натпреваруваме на меѓународните пазари, да градиме мостови на соработка и да ги покажеме вредностите на нашата богата култура. Компании од Северна Македонија беа Даути Комерц и Тиквеш.