28.8 C
Скопје
20/06/2025 12:24
МАКТЕЛ

   

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Мицкоски: 8 септември нè потсетува на долгото патување до слободата, на нашата борба за независност и на неизвесноста, но 33 години подоцна ако заедно се бориме, заедно ќе успееме!

      

„Почитувани пријатели,
Почитувани претставници на државните институции,
Почитувани претставници на дипломатскиот кор,
Почитувани претставници на медиумите,
Дами и господа,Денес се одбележува најголемиот светилник на постоењето на македонската држава, финалниот чин по повеќе столетната борба за слобода и независност, или што би се рекло денот над деновите- 8 септември, празникот на нашата независност.

И до овој ден не се дојде само преку референдумот туку референдумот беше производ на една епопеја на големи херојства, дигнати востанија, два Илиндени, 6 вековна борба за слобода. И секогаш во нашиот идеал, во нашето верују беше сонот за Републиката. Не кралства, не монархии, туку републиката како стожер на нашето постоење, како израз во верувањето на владеењето на мнозинството и одлуките низ кое може да се слуша и почитува гласот на народот.Темелите на македонската држава се полевани со крвта и страдањата на генерации и генерации Македонци кои веруваа во иднината и слободата.Затоа денес, под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме“ одбележуваме еден од најголемите празници во нашата историја – Денот на независноста.

   

Овој ден нè потсетува на долгото патување до слободата, на нашата борба за независност и на неизвесноста што ја носеше тој трнлив и полн со опасности пат.Во времето на распадот на Југославија, светот се менуваше со невидена брзина. Сведочевме за големи турбуленции и насилства кои беснееја низ поранешните југословенски републики. Истовремено, и нашата демократска иднина беше полна со нејаснотии и предизвици.Во тие моменти на голема несигурност и страв, повторно се роди за да успее идејата за независна, самостојна и суверена Македонија – реализирана од една генерација национални лидери кои беа цврсто решени дека патот на мирот и на демократијата е единствениот пат кој ќе не води кон нова европска иднина.Со храброст и визија овие личности јасно му соопштија на светот дека татковината не се сака затоа што е голема, туку затоа што е наша.

Во моментите кога други народи беа вовлечени во крвави конфликти, таа генерација водачи ја избраа мудроста наместо насилството; компромисот наместо конфликтот.
Благодарение на нивната решителност, но пред се со мудроста на народот и силната верба државата го зачува мирот и се издигна високо кон небото како независна држава. Тоа е благослов кој го добивме и тој благослов нè обврзува да ја чуваме и унапредуваме нашата држава бидејќи тоа е најголемата животна, цивилизациска и историска привилегија на една нација

Драги пријатели,
Денес сме исправени пред нова борба еднакво значајна како и создавањето на татковина. Тогаш владееше ентузијазам, голема енергија и одобрување на референдумот. 33 години подоцна многу работи се изменети, а сите ние повеќе искусни. Многу порази, многу неуспеси и потфрлање во системот. Цврсто сум убеден дека човекот кој тогаш гласаше на референдумот тој 8 септември 91ва година, тогаш не ја замислуваше Македонија каква ја имаме денес 33 години подоцна. Но дали после децениски разочарувања битката треба да престане? Одговорот е никако. И тоа не е опција. Затоа што патриотизмот постои и денес, и денес оваа генерација ја има битката која треба да се издвојува. Тогаш битката беше како ќе се исправи на нозе, денес битката е како ќе направиме големи чекори напред.

Патриотизмот е ист, но целите и работите кои мораме да ги победиме се различни.
Како нација имаме две големи цели. Првата мораме да го победиме разочарувањето кај секој еден човек кој е напластено од сите претходни порази и неуспеси. Втората е уште поголема цел, а тоа е да го сузбиеме криминалот и корупцијата метастазирана во сите делови од општеството.Денес голем дел од луѓето сосема оправдано се разочарани од многу работи. Таквото разочарување е плод на континуирано рушење на системот и газење на базичните принципи и отстапки кои се правени во децениите претходно. Многу одлуки се донесоа кои граѓаните ги почувствува како личен пораз. Големи кнедли беа проголтани и кои како диво месо се распространија во срцето на нашиот организам. Сето тоа искуство сега ни носи разочарување и постојана дилема кај многу луѓе дали ќе успееме. Истото тоа разочарување натера многу луѓе да си заминат, и мнозина да се дистанцираат од политиката. Но, ве уверувам дека има надеж и ќе се борам до последниот атом да кажам дека сме поразлични од се до сега и дека ги менуваме работите.

За само два месеци решивме проблеми како тие со пасошите и новите учебници за сите ученици кои постоеле со години претходно. А и покажавме дека тие кои сметаа дека се вечна власт мора да одат во опозиција. Тоа е заеднички успех исто како што заедничко достигнување се 4 нови инвестиции за само два месеци, покачените пензии, исплатените субвенции, 250те милиони евра за капитални инфраструктурни проекти за општините и редица други проекти.Вториот голем проблем е криминалот и корупцијата. Ова зло ја разјадува државата одвнатре и ги руши темелите на довербата меѓу институциите и граѓаните. Корупцијата е како отров кој го слабее нашето општество, правејќи да се изгуби неповратно надежта за подобро утре.Како премиер јавно истакнувам уште еднаш дека ја преземам личната обврска бескомпромисно да ја водам оваа борба со непоколебливост и со одлучност.

Секој од нас мора да биде дел од оваа битка, бидејќи корупцијата не е само проблем на владата, туку проблем на целото општество, а јас би рекол и безбедносен проблем.Граѓаните премногу долго време беа жртви на политичари кои ја злоупотребуваа својата моќ, продавајќи го достоинството на граѓаните за свои лични интереси.

Ова мора конечно да престане!
Мојата визија е јасна: земја каде што владее законот и каде што нема место за корумпирани личности.Граѓаните заслужуваат да живеат во држава каде што чесноста и правдата се водечки принципи. Време е да се стави крај на беззаконието и да се изгради држава која ќе ги заштити интересите на своите граѓани. Криминалот не смее да биде посилен од Владата и на ова зло му доаѓа крајот. Сите што шетаа со ташни кај претходната Влада сега бегаат зошто го знаат одговорот. И ние ова зло ќе го победиме.

Драги пријатели,
Во изминатите 33 години се соочивме и со многу предавства од страна на неодговорни политички лидери кои ги продаваа нашите национални интереси.Денес сме тука да се увериме дека тоа никогаш повеќе нема да се повтори.Имаме свои национални интереси и тие интереси ќе бидат заштитени по секоја цена.Нема да бидеме монета за поткусурување на никој.
Ние ќе се бориме за нашите интереси и за нашето достоинство и ве уверувам дека ќе успееме!
Ова е држава на сите нејзини граѓани, без разлика на верата или националноста.
Соживотот не е само политичка идеја, туку тоа е темелот на нашата држава. Наша обврска е да ги негуваме и почитуваме нашите разлики и преку дијалог и разбирање да изградиме заедничка иднина.

Заедно сме посилни, заедно можеме да ги надминеме сите пречки.
Мораме да си признаеме дека на народот му треба верба во принципи и јасен план. И тие принципи мора да се нештото околу кое сите ќе се согласиме и ќе постигнеме општествен консензус и тие принципи ќе бидат производ на нашите реални потреби и верувања.Господа, тоа е нешто што ние мораме сами да го направиме произведеме, а не нешто кое ќе но биде подарено на тацна или ќе биде напишан документ хартија даден однадвор. Да покажеме зрелост во работата и во тоа дека оваа генерација е достојна. Разочараноста и цинизмот се пораснати веројатно оправдано, но секој мора да е општествено активен, да придонесува кон заедничкото добро. На Владата и мене како премиер ни се потребни сите.

Опозицијата мора да созрее и да се реформира наместо да е приврзок и параван на криминални политичари кои ја доведоа државата до ова дереџе. По етничките основи мора да сме обединети затоа што споделуваме исти проблеми и предизвици и само заедно можеме да успееме. Успехот е предодреден од заедничката борба. Колку сме посплотени толку ќе сме поуспешни. И сите победи во минатото се остварувани со заедништво.Деструкцијата и поделбите не се решение. Тие одговараат на секого освен на граѓаните. Народот очекува од нас резултати лојалност кон него и посветеност во остварување на ветените проекти мерки за подобар живот. Очекува ред и систем. Наспроти безредието кое го гледавме до сега. Потребно ново поглавје. На развој и напредок. На стабилност и просперитет. И тоа можеме да го направиме само ако сме заедно.

Затоа денеска од овде соопштувам десет принципи околу кои требаа да создадеме заедништво и сплотеност на сите фактори и општествени чинители, не само на власта, или неколку партии од опозицијата. Туку на сите, универзитетите, синдикатите, стопанствениците и коморите, земјоделците, МАНУ, професорите, лекарите, на сите општествени двигатели.
Прво, мора да воспоставиме правда и правна држава. И тоа не само флоскуларно и декларативно како до сега, туку суштински преку лични примери и колективни откажувања од сите оние срамни кои решиле да се посрамотат себе и своите семејства и отидат на другата страна на законот. Незаконието не смее да биде поведението кое ќе се следи. Без оглед кој е и што е во оваа земја, или ќе е чесен граѓанин или ќе има одговорност и одговара за своите постапки. Без оглед дали е власт или опозиција.

Второ, мора да се прекине партизацијата на општеството, да не ги делиме луѓето од една или друга партија, туку на способни и помалку способни. Способните мора да напредуваат. Не смее партиската книшка да биде дозволата за напредок, туку дипломата и реалното знаење. Мора мерит системот да биде над се друго. Напредување врз основа на способности и компетенции. Вредните мора да добијат шанса, наместо оние кои со врски напредуваат.

Трето мораме да се оградиме и етничките конфликти и да ги изолираме елементите кои создаваат меѓуетничко неединство. Мора да ставиме мораториум на етнички произведените теми зад кои стои лукративниот интерес на поединци. Мора да се стави крај на листата, на долгата листа желби за етнички права зад кои вистински стои ништо повеќе, туку личниот интерес на тие кои ги произведуваат, за сметка на колективниот. Колку само отсутно звучи кога некој ќе побара дводомност, а во Липково и Тетовско нема вода за пиење. Јас сакам решенија за личните проблеми на народот а не решенија за личните интереси на малите групи политичари кои ја злоупотребуваат колективната мака на народот.

Четврто, да го заштитиме и подобриме стандардот на граѓаните. Економијата да е фокусот и полето на натпревар. А тоа ќе го постигнеме преку работа, и само работа.
Петто, мора да создадеме праведно општество. Јас ги разбирам и критиките на поединците и компаниите чии маржи ги ограничивме за набавка на школски прибор како дел од мерката ПОМАЛКУ ТРОШОЦИ, ПОВЕЌЕ ЗА ТЕБЕ, но да го објавам и списокот на маржи од кои боли глава и каде ќе видите дека некој дебело заработува врз осиромашениот народ. Ја почитувам слободната економија и се борам за тоа, но народот не е наивен и не треба низ плаштот на слободна економија, а во суштина создавање на монопол или дуопол дебело да се полнат приватните џебови.

Шесто, мора образованието да е билетот за успех и сите сили да ги вложиме во тоа. Нашите луѓе низ светот постигнуваат извонредни резултати, а дома факултети во некои сомнителни објекти штампаат дипломи. И сето ова ќе биде испитано. Образованието е силата која може да не избави од сиромаштијата и да не придвижи напред и во економијата и во технологијата.
Седмо, мораме да имаме општа согласност за исполнување на нашата стратешка цел а тоа е членството во Европската Унија. Немаме друга алтернатива, ниту пак постои друга реална шанса. Желбата на народот за членство во Унијата е желба за подобар стандард, повисоки критериуми и повеќе пари и среден систем. И ние како Влада и општество не смееме да отстапиме од Европскиот пат.

Но, воедно мора се знае горкото чувство кое го има секој наш човек дека предолго чекаме пред вратите на Унијата, а вербата во таквата иднина е напаѓана со безброј политички препреки, наместо суштински и системски критериуми кои ќе го направат животот подобар.Затоа денес секој македонски граѓанин има грутка во грлото од премногу постапки и штетни договори. Спремен сум да разговарам за секое прашање, но не сум спремен за секоја отстапка по секоја цена. Дајте да направиме големи чекори и да градиме вистински процес на напредок.

Осмиот принцип, е единството. Можеме и природно да имаме различни мислења, ставови, но за државните прашања, и темите од заеднички интерес мораме да покажеме единство. Може да се делиме, но македонскиот сон мора сите заедно да го отсонуваме и за него сите заедно да победиме. Да не се делиме за крупните прашања, да не го пропуштаме времето на кавги, за сметка на напредок. Внатре дома ќе дебатираме за сите прашања, но надвор мораме да бидеме единствени. Тоа мора да биде нашата сила.

Деветто, мораме да се бориме против иселувањето. Премногу добри луѓе се иселија во потрага за подобар живот. И премногу светилки се изгасија. Нема луѓе за работа. Погледнете ги полињата, период е на гроздобер, тие се полни со многу возрасни луѓе и по некој млад човек кој не сака да ги разочара родителите. Врз нивни плеќи се крепат основите на она во што веруваме. Но генерално младите луѓе си одат. И тоа е поразително. Мораме да ги задржиме со подобри услови за живот и шанса за младите кои мора да бидат движечка сила.

Десетто, мораме да издвојуваме и веруваме во идеолошки битки. Нашата, мојата е заедничкиот патриотизам, кој треба да не обедини. Тој не е ништо друго туку заедничко верување и заедничка борба за иднината во државата. Тој треба да не обедини сите, Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Бошњаци и сите останати под македонското сонце. Не да се радуваме на мали искри, туку заеднички за големи победи и големи чекори напред. Премногу е пропуштено и треба многу да се направи.

Затоа за сите овие принципи барам единство и сплотеност. Испраќам порака до лидерите во опозицијата околу овие 10 принципи да се обединиме сите, исчистете се од криминалот во своите редови и реформирајте се. И прифатете го ова што го нудам како платформа околу кое се обединуваме.Сите партии, и сите чинители, да седнеме на заедничка маса и да изградиме македонска платформа за делување. Платформа за иднината и наредното доба. Од нас зависи. Во наши раце е иднината, и ние можеме.

Драги пријатели,
Нашата визија за иднината вклучува и силен ангажман за економски раст и развој кој ќе обезбеди подобар животен стандард за сите граѓани. потенцијал да стане економски лидер во регионот, со модерна инфраструктура, со конкурентна економија и со иновации кои ќе ги поддржат младите и претприемачите.

Ние ќе продолжиме со реформи кои ќе ја подобрат бизнис климата и ќе овозможат нови инвестиции и работни места.Со заеднички напори ќе создадеме услови каде што младите ќе гледаат иднина, каде што ќе можат да ги остварат своите соништа и каде што ќе сакаат да останат и да придонесуваат за општеството.Во оваа прилика сакам да се обратам и до опозицијата која тоне во тотална безидејност и целосна неконструктивност.Ве повикувам да престанете со деструктивните игри кои ја ставаат државата во опасност.

Дојде време да завртите нова страница во која опозицијата нема да биде повеќе фактор на нестабилност, туку активен учесник во градењето на нашата заедничка иднина. Треба да престане старата пракса во која кога сте на власт тргувате со слободата и државноста на нашиот народ, а кога сте во опозиција ги ставате вашите лични и партиски интереси пред интересите на татковината.
Силна опозиција е од суштинско значење за секоја демократска држава и јас се надевам дека процесот на консолидација на СДСМ по катастрофалниот пораз ќе заврши брзо и дека ќе дојде едно ново време на демократско, но патриотско опозициско делување.Татковината е толку силна колку што се обединети и единствени нејзините политички партии. Да работиме заедно, за доброто на граѓаните.

Драги пријатели,
Ние сме народ кој преживеал многу предизвици и кој секогаш успевал да се издигне над нив.
Како што рекол големиот Аристотел: „Целта на политиката е да создаде услови каде што луѓето ќе можат да живеат добар живот“.Тоа е нашата мисија – да создадеме татковина каде што секој граѓанин ќе може да живее достоинствено, во мир и во просперитет.Јас верувам во вас, во вашата сила и решеност.

Верувам дека заедно можеме да ги надминеме сите предизвици и да создадеме подобра иднина за нашите деца и за идните генерации.Македонија не е само територија, таа е нашата надеж, наша најголема визија и наша најзначајна иднина.Ние сме одговорни за нејзиното наследство и за нејзиниот просперитет.Заедно ќе се бориме и знам дека заедно ќе успееме.
Ајде да ја градиме татковината со љубов, со решеност и со визија. Сите заедно!
Ова е нашата земја и никој не може да ни ја одземе.

Со заеднички сили ќе создадеме татковина која ќе биде гордост за сите нас, денес и за сите идни генерации.Нека ни е честит денот на независноста!Нека е вечна и вековита нашата татковина!Среќен роденден Македонијо!Бог да ја благослови Македонија!“
Линк до видео од настанот

   

Најново

Огромното мнозинство Руси му веруваат на Путин

Sase Ivanovski

Сашко Мицевски назначен за нов в.д. директор на Агенцијата за филм

Sase Ivanovski

Орбан: Колапсот на Иран би бил извор на голема опасност

Sase Ivanovski

За следната недела се очекува одржување на третата рунда директни преговори меѓу Москва и Киев

Sase Ivanovski

Американецот уапсен на Скијатос каде побегнал по убиството на жената и ќерката во Рим

Sase Ivanovski

10 години да имате – вина на Палчо нема да докажете, им рече неговиот адвокат на обвинителите

Sase Ivanovski

Советникот кој удри вработена во општина Кочани мора правно да одговара, вели Крстевски

Sase Ivanovski

Седумчасовно работно време во Црна Гора: Аргументи за и против

Sase Ivanovski

(ГАЛЕРИЈА) Нино Васев донесен во Апелација, каде ќе се одлучува дали ќе оди во ефективен притвор, или ќе остане во куќен

Sase Ivanovski

Македонија годишно губи 146 милиони кубици вода за пиење

Sase Ivanovski

Кочани: Жената погодена со шише во глава од советникот Аки Акиов, е на домашно лекување

Sase Ivanovski

Маж од Македонска Каменица возел со 2,06 промили алкохол во крвта

Sase Ivanovski

Возач со голф прегази маж и жена на тротоар во Охрид, жената почина на лице место

Sase Ivanovski

Мерко денеска ќе добие пресуда за незаконското назначување на директори на три струшки училишта

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кранист дреме во кран додека неговите колеги се сликаат со Трамп

Sase Ivanovski

Зошто е толку важен Ормутскиот теснец?

Sase Ivanovski

Израел гори, САД реагираат: ТХААДT, стрела-3 и противракетна одбрана за спас на животи

Sase Ivanovski

Потпишан меморандум за изградба на нов далековод меѓу Тетово и Призрен

Sase Ivanovski

Детали за несреќата: Дивац веднаш бил опериран, вграден му е вештачки колк

Sase Ivanovski

Апелација ќе одржи јавни седници по жалбите на Обвинителството за куќниот притвор на Васев и Нухи

Sase Ivanovski

До септември сите државни возила ќе добијат таблички во боја, најави Томовски

Sase Ivanovski

Евроамбасадорот Рокас денеска во посета на Крива Паланка

Sase Ivanovski

Завршни зборови на обвинетите за убиството на Вања и Панче

Sase Ivanovski

На Богородица се чека половина час на македонска страна

Sase Ivanovski

Без струја делови на Аеродром и Карпош

Sase Ivanovski

Нестабилно време, попладне со пороен дожд и грмежи

Sase Ivanovski

Зеленски: Фактот дека Русија го брани Иран покажува потреба од построги санкции

Sase Ivanovski

Нетанјаху: Го менуваме лицето на светот

Sase Ivanovski

Татко се онесвести кога дозна дека неговиот син е извлечен мртов од урнатините во Киев, бројот на загинати порасна на 23

Sase Ivanovski

Најубедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори наесен очекува вицепремиерот Николоски

Sase Ivanovski

Објавен е јавниот повик за набавка на 120-те еколошки автобуси од кои 80 ќе бидат наменети за Град Скопје, соопшти вечерва вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски

Sase Ivanovski

Кочани е во фокус на Владата од самиот почеток и ќе остане така, вели директорот на СОЗР Томовски

Sase Ivanovski

Најдоцна до почетокот на септември сите државни возила ќе добијат таблички во боја

Sase Ivanovski

Зеленски го назначи Генадиј Шаповалов за нов командант на украинските копнени сили

Sase Ivanovski

МВР доби пријава за инцидентот во општина Кочани во кој вработена беше удрена со шише вода

Sase Ivanovski

Трамп го напушти самитот Г7 предвреме поради Макрон и Зеленски, пишува „Фајненшл тајмс“

Sase Ivanovski

Владе Дивац повреден во сообраќајна несреќа во Црна Гора

Sase Ivanovski

ЗНАЧИ КОГА ЌЕ ТЕ ПОТЕРА МАЛЕР Силен земјотрес го погоди североисточен Иран

Sase Ivanovski

Макрадули: Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, има поделби

Sase Ivanovski

Иран бара од Советот за безбедност на ОН да ги осуди нападите на Израел

Sase Ivanovski

Димитров во „Вин-Вин“: Преспанскиот договор беше злоупотребен во политичкиот наратив дома и веројатно погрешно пласиран

Sase Ivanovski

Нетанјаху за војната со Иран: Го менуваме лицето на светот

Sase Ivanovski

Контролорите на летање најавуваат целосен штрајк: Македонското небо би можело да се затвори на 10 јули

Sase Ivanovski

Нов изглед на „Alexandria Premium Cuvée“ во јубилејната 140 година на „Тиквеш“

Sase Ivanovski

Мицкоски за можен влез на Тачи во Владата: Апсолутно се е можно, ама нема потреба

Sase Ivanovski

Захарова: Косово е дете на Западот и плод на агресијата на НАТО

Sase Ivanovski

Клековски: Сите трошоци за лекувањето на повредените во ,,Пулс” ќе бидат подмирени од Владата

Sase Ivanovski

Убиени се 84 цивили за еден ден во Газа

Sase Ivanovski

Мерц во телефонски разговор со Нетанјаху повика на умереност во кампањата на Израел против Иран

Sase Ivanovski

Израел го бомбардираше нуклеарниот реактор во Арак и нуклеарната постројка во Натанц

Sase Ivanovski

Унгарската полиција ја забрани Парадата на гордоста во Будимпешта, градоначалникот ветува дека ќе се одржи

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ Што се случува со некогаш големата СДС: Во Скопје лажни вести и некрофилија, во Кочани функционери на СДС делат тупаници

Sase Ivanovski

Бронзени бисти „магично“ снемуваат од гробиштата во Бутел

Sase Ivanovski

Мицкоски продолжува како расипана плоча, нема одговор на ниту едно прашање

Sase Ivanovski

Од Битола ќе започне одбележувањето на пет децении на сцената на култните ,,Леб и сол”!

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Обезбедени се дополнителни средства за исплата на зголемените пензии, инвестициите остануваат приоритет

Sase Ivanovski

Колку заработуваат сезонските работници во Хрватска и Црна Гора?

Sase Ivanovski

ТИЕ ШТО НЕМААТ ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ КРАДАТ ТУЃИ ПОДАТОЦИ Често има вакви измами кон Фондот за здравство

Sase Ivanovski

ИЗРАЕЛСКИ МИНИСТЕР СМРТНО МУ СЕ ЗАКАНИ НА АЈАТОЛАХОТ „Тој не смее да продолжи да постои“

Sase Ivanovski

Путин: Подготвен сум да разговарам со Зеленски, но тој нема легитимитет да потпише ништо

Sase Ivanovski

Додека реновирал во домот, кавадарчанец пронашол експлозив скриен во ѕидот!

Sase Ivanovski

СДСМ: Кој лаже за пругата, Мицкоски или Кочоска?

Sase Ivanovski

Мицкоски: По 7 години, денес се отвори етно-комплексот „Македонско село“

Sase Ivanovski

Мицкоски: Се реконструираат 15, а се градат 11 детски градинки за над 2600 дечиња

Sase Ivanovski

Мицкоски: Над 8 милијарди денари исплатени субвенции за земјоделците

Sase Ivanovski

ФОКУС: Власта има стабилно мнозинство, но и недостигаат 6 пратеници за Бадентер!

Sase Ivanovski

Нотарите бараат поскапи услуги поради зголемени трошоци и стари тарифи

Sase Ivanovski

Кој е советникот Акиов, кој тргна во физичка пресметка и повреди службеничка во Кочани?

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Повеќе пари за институциите кои имаат подобра реализација на капитални проекти

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Се подготвува еврообврзница за следната година

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: СДС го штити насилникот во Кочани од своите редови, тој и понатаму продолжува да биде нивен коалиционен партнер

Sase Ivanovski

Крстевски по инцидентот во Кочани: Преку опструкции партискиот интерес е ставен пред прогресот на Кочани

Sase Ivanovski

Се закануваат оние што правеа упад и тепаа, вели Мицкоски за најавите за штрајк од контролорите на летање

Sase Ivanovski

Сообраќајна незгода меѓу автомобил и службено возило на МВР, повредени полицајци

Sase Ivanovski

Ларс Ренмарк, од седумчлениот тим од Гетеборг, Шведска, кој престојуваше во Кочани, како психолошка и морална поддршка за семејствата на настраданите: Пожарот во „Пулс“ е екстремен тест за општеството, поседувате ресурси што треба да се искористат

Sase Ivanovski

Нов ирански ракетен напад врз Израел

Sase Ivanovski

Арсовска до градоначалникот на Чаир: Вики, не глуми, какво поткровје секој со очи гледа нова незаконска зграда дивоградба со 40 стана

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Во тепачката на седницата подебелиот крај го извлече вработена во општина Кочани. Интервенирала и полицијата

Sase Ivanovski

Зголемена стапката на морталитет, повеќе умираат мажите, најмногу во јануари, а најмалку во април

Sase Ivanovski

СЛОВЕНЕЧКИ ЕКСПЕРТ ЗА АМПУТАЦИИ ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА Државата го најавува следниот чекор во третманот на повредените од пожарот во Кочани

Sase Ivanovski
Вчитувам....