6.8 C
Скопје
06/12/2024 02:26
МАКТЕЛ

 

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Муртезани се обрати пред собраниската Комисија за европски прашања на тематска седница посветена на Реформската агенда 2024 – 2027

     

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска во Собранието на Република Северна Македонија се обрати на третата седница на Комисијата за европски прашања, на чијшто дневен ред беше точката „Презентација на Реформската Агенда на Владата (2024-2027 година) во врска со Планот за раст на Европската комисија“.

 

Министерот Муртезани нагласи дека Реформската агенда е значаен сегмент во нашата европска стратегија, со која се поставуваат јасни и амбициозни цели за реформирање на важните сектори во државата. „Не станува збор само за технички документи, туку за динамични стратешки алатки кои имаат за цел да го зајакнат и забрзаат евроинтегративниот процес на Северна Македонија, обезбедувајќи услови за демократски, праведен и економски одржлив развој на земјата.“ – истакна МЕП Муртезани.

  

Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето: Почитуван Претседател на Комисијата за европски прашања, Почитувани членови на Комисијата, Почитувани пратеници, драги колеги и ценети гости, Најнапред благодарност за поканата. Навистина ми претставува чест да се обратам денес на оваа важна седница, презентирајќи ја Реформската агенда на Владата за периодот 2024 – 2027 година, од Планот за раст на Европската комисија за Западен Балкан.

Се разбира, ќе се осврнам и на неодамна објавениот Извештај за напредокот на земјата, како би можеле да имаме сеопфатна слика за овие меѓусебно испреплетени и комплексни процеси. Реформската агенда е значаен сегмент во нашата европска стратегија, со која се поставуваат јасни и амбициозни цели за реформирање на важните сектори во државата. Не станува збор само за технички документи, туку за динамични стратешки алатки кои имаат за цел да го зајакнат и забрзаат евроинтегративниот процес на Северна Македонија, обезбедувајќи услови за демократски, праведен и економски одржлив развој на земјата.

Главната цел на Планот, за периодот 2024-2027, е некои од придобивките од членство во Унијата да се стават на располагање на граѓаните на земјите од Западен Балкан во претпристапниот период, односно пред нивното членство во ЕУ. Според ЕК, економската интеграција на земјите од ЗБ и пристапот до единствениот пазар на ЕУ е клучна цел за промовирање на економски раст, зголемување на трговијата и регионалната стабилност.

Овој процес претпоставува имплементација на сеопфатни и длабоки реформи и усогласување на економските системи, како и на законодавството на земјите од Западен Балкан, со законодавството и стандардите на ЕУ. Процесот на економска интеграција нуди потенцијал за забрзан развој и значајни придобивки за двете страни. Одобрувањето на оваа Реформска агенда овозможува пристап до финансиски средства и тоа преку 750 милиони евра, од кои една третина грант и две третини заем по успешно спроведување на квалитативните и квантитативните чекори, кои треба да се реализираат согласно утврдената динамика.

Реформите предвидени во, сега веќе одобрената, Реформска агенда и од страна на ЕК, имаат за цел да го забрзаат процесот на интеграција и истовремено да ја унапредат нашата економија, правниот систем, јавната администрација, како и да ги зајакнат правата на граѓаните, особено во однос на владеењето на правото и борбата против корупцијата. Петте приоритетни области во Реформската агенда се:

  1. Управување/Реформа на јавна администрација и Управување со јавните финансии
  2. Енергетска/Зелена транзиција
  3. Човечки капитал
  4. Деловно опкружување
  5. Владеење на правото

Со ова, Северна Македонија не само што ќе ги исполнува критериумите за членство во Европската Унија, туку и ќе ја зајакне својата демократска вредност и правната држава, коишто се основни темели на европската идеја. Планот за раст, пак, поставува одржливи економски цели кои треба да ја поттикнат модернизацијата на инфраструктурата, намалувањето на нееднаквоста и стимулирање на конкурентноста во економијата.

Со интегрираната имплементација на овие стратешки документи, Северна Македонија ќе се движи кон исполнување на своите цели за развој и интеграција, кои ќе обезбедат долг рок на стабилност и просперитет за нејзините граѓани. Имплементацијата на оваа Агенда ќе биде внимателно следена, при што ќе се воспостави национална структура за надзор на известувањето, оценувањето и механизмите за ревизија согласно барањата утврдени во Регулативата за инструмент за реформи и раст.

Посветеноста на Владата и Министерството за европски прашања за ефикасно следење и отчетност ќе обезбеди услови за да ги постигнеме поставените амбициозни цели, односно дека напредокот на реформите ќе биде транспарентен и опиплив.

Таков е и Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјите-кандидатки за членство во Унијата, којшто има за цел на објективен начин да направи пресек во состојбите и да укаже на сегментите кои бараат подобрување. Извештајот за 2024 година, објавен на 30 октомври годинава ја потенцира подготвеноста на Северна Македонија за членство во ЕУ, со забележителни подобрувања во неколку кластери, вклучувајќи ги Фундаментални вредности (Кластер 1), Конкурентност и инклузивен раст (Кластер 3), и Надворешни односи (Кластер 6).

Овие подобрувања се јасен показател за нашите континуирани напори за исполнување на европските стандарди и покрај предизвиците кои со себе ги носат самите промени на политичката власт, во овој случај беше опфатена работата на 3 Влади. Иако постигнавме значителен напредок, Извештајот исто така нагласува области кои бараат понатамошно внимание, особено во Внатрешниот пазар (Кластер 2) и Ресурси, земјоделство и кохезија (Кластер 5).

Овие наоди служат како конструктивен водич за нас да ги интензивираме нашите напори за реформи и да се справиме со специфичните предизвици на поефективен начин. Сигурен сум дека спроведувањето на Реформската агенда, заедно со континуираното усогласување на нашиот правен и институционален систем со оној на ЕУ, ќе обезбеди неопходна основа за забрзана, суштинска интеграција во Европската Унија.

Реформската агенда за периодот 2024-2027, заедно со деталните скрининг извештаи за сите кластери и Патоказот за владеењето на правото и реформата за јавната администрација, поставуваат јасни приоритети за Владата, Собранието и сите засегнати страни во нашиот процес на пристапување во ЕУ. Имплементацијата на овие реформи ќе бара колективни напори, не само од Владата и Собранието, туку и од граѓанското општество, приватниот сектор и пошироката јавност.

За крај, искрено се надевам дека сите ние ќе продолжиме да работиме со истата посветеност и истрајност и дека ќе покажеме подготвеност да одговориме на барањата, притоа зачувувајќи ги националните интереси и да ја градиме нашата иднина врз темелите на европските вредности и принципи. Ви благодарам за вниманието.

 

Најново

Прес за вчерашната 44та Седница на Совет на општина Пробиштип и објавата на ДПМНЕ Пробиштип. Граѓаните не смејат да бидат манипулирани и да се пласираат неточни информации

Sase Ivanovski

Драган Анастасов Ладич: Во тек е реконструкцијата на повеќенаменското игралиште во склоп на подрачното училиште во населба Пробиштип

Sase Ivanovski

Драган Анастасов Ладич: Деновиве во нашата општина во тек е хортикултурно уредување

Sase Ivanovski

Што мисли Народот – Гостин: Драган Анастасов-Ладич – Градоначалник на Пробиштип

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Садењето дрвја е инвестиција во здравата животна средина!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) После 30 години салата Расадник добива нов, современ лик

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Најдобар начин да се одбележи Меѓународниот ден на лицата со попреченост е со отворање на првата инклузивна училница на отворено, како и нова сензорна соба

Sase Ivanovski

Бадникова работичница во Кисела Вода

Sase Ivanovski

ЉУБОВТА НЕМА ГРАНИЦИ НИТУ ВАГА

Sase Ivanovski

ЗАМЕНИК ШЕФИЦАТА НА НАТО ПОВИКА ЗЕМЈИТЕ ЧЛЕНКИ ДА ГИ ЗГОЛЕМАТ СВОИТЕ ВОЕНИ КАПАЦИТЕТИ И ДА СЕ ЗГОЛЕМИ ПОМОШТА КОН УКРАИНА

Sase Ivanovski

Јаневска: Учениците влегле и си поиграле во е-дневникот, наставниците да внимаваат

Sase Ivanovski

Патувањето до факултет им е скапо на студентите, немаат никаков попуст на билетите за меѓуградски превоз

Sase Ivanovski

Прорускиот кандидат за претседател на Романија со огромна финансиска помош

Sase Ivanovski

Ќерка со психички растројства обвинета за обид за убиство на мајката

Sase Ivanovski

Обвинение за уште една узурпација за паркинг во Чаир

Sase Ivanovski

Сè уште нема абер од ветените народни канцеларии на претседателката Сиљановска

Sase Ivanovski

Кривична за полицаец, злоупотребил потпис на раководител на полициска станица

Sase Ivanovski

Предупредување за измами од лажни „финансиски советници“ на социјални мрежи

Sase Ivanovski

„Шоунен: Херојството кое инспирира“ целодневен настан со фокус на аниме во „Лабораториум“

Sase Ivanovski

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА МИНИСТЕРСКИОТ СОВЕТ НА ОБСЕ ВО МАЛТА СРЕДБА ДИМИТРОВСКИ- БЛИНКЕН: ПОДДРШКА ОД САД ЗА ДИЈАЛОГ СО СОФИЈА ЗА ОТКОЧУВАЊЕ НА ЕВРОПСКИОТ ПАТ НА МАКЕДОНИЈА

Sase Ivanovski

(ФОТО) МЕЏИТИ: ЗАСАДУВАМЕ НОВИ 800 ИЛЈАДИ САДНИЦИ ВО ПЕТ ЛОКАЦИИ

Sase Ivanovski

(ФОТО) Обраќање на претседателката Сиљановска Давкова на одбележувањето 100 години од основањето на Научниот институт за тутун – Прилеп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Новогодишната кошничка повторно промашена, цените веќе се покачени, ефектот ќе биде нула

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски: Европските интеграции остануваат наш врвен стратешки приоритет, работиме на реформите кои ќе обезбедат владеење на правото, транспарентност и ефикасност на институциите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дали Боки 13 повторно ќе добие затворски отпуст или ќе се врати на доотслужување на казната?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) #CLICKPLUS со Фани Каранфилова-Пановска, заменик претседателка на СДСМ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) „Непристоен предлог“, Калјаџиев за партиските луѓе во Советот за граѓански надзор

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Најава „360 Степени“ (5. 12. 2024) – Што кажа и што и кажаа на Владата во Брисел

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Топ Тема: За јавните средства: кој и како ги троши?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Студио 10 – Гостување на Павле Трајанов

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЕВЕ КАКО ШУМСКАТА МАФИЈА ПОДМЕТНУВА ПОЖАРИ И ПРЕЗЕМА 40% ОД ПАЗАРОТ!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАКИМОВСКИ: Ако сакаме подобро јавно здравство ќе мора да одвојуваме повеќе за здравствено осигурување

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) „Тешки Муабети“ со Стевче Јакимовски, Мечка и Миќо – епизода 73, петта сезона

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Каде се парите? Пари за пензии секогаш ќе има, ама за друго, без реформи, тешко

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВИДИВАКА: Светски познатиот дизајнер Мирко Илиќ вечерва ќе одржи предавање „Дизајн активизам“ на Архитектонскиот факултет во Скопје, со почеток во 20:30 часот, во рамки на својата мисија за глобално единство

Sase Ivanovski

Нови 210 висококвалитетни дрвја денеска беа засадени во Градскиот парк во Куманово преку проектот „ЕУ за чист воздух“

Sase Ivanovski

БОЈКОТОТ ВРОДИ СО ПЛОД: МОН ФОРМИРАШЕ КОМИСИЈА ЗА РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО НАСИЛНИОТ УЧЕНИК

Sase Ivanovski

Дроновите патролираат врз државната граница.Посветено продолжуваме со ефикасен граничен надзор

Sase Ivanovski

АРСОВСКА ПОВТОРНО ЌЕ „ЗАЧИСТУВА“ ПО ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА, ЗА ТРИ НА КОНКУРС СЕ БАРААТ ДИРЕКТОРИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Панче Тошковски: Платите на полицајците во 2025та година ќе бидат покачени минимум 10%

Sase Ivanovski

ГЛАС НА АМЕРИКА: ЗОШТО СЕ ПОМАЛКУ НОВИНАРИ ОСТАНУВААТ ВО ПРОФЕСИЈАТА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА?

Sase Ivanovski

„МАРКОВСКИ КОМПАНИ“ ЈА ЗАГРОЗИЛА ЕНЕРГЕТСКАТА СТАБИЛНОСТ НА МАКЕДОНИЈА, РЕК БИТОЛА ГО РАСКИНА ДОГОВОРОТ Сите три блока на комбинатот произведуваат струја

Sase Ivanovski

ГРАЃАНИТЕ НА РЕФЕРЕНДУМ ЌЕ МОЖАТ ДА ОТПОВИКААТ ГРАДОНАЧАЛНИК Ѓорѓиевски откри дека работни групи веќе подготвуваат законски измени

Sase Ivanovski

ГРИПОТ ГИ ПОЛНИ БОЛНИЦИТЕ Регистрирани се 65 нови случаи

Sase Ivanovski

📽️ СВЕТНА УНИКАТНАТА ЕЛКА ВО ЊУЈОРК Дрвото е украсено со ѕвезда со 3 милиони Сваровски кристали и 50.000 сијалички

Sase Ivanovski

МИЦКОСКИ НАЈАВУВА РЕВОЛУЦИЈА Криптовалутите наскоро ќе бидат легални во Македонија?

Sase Ivanovski

НЕОНАЦИСТИ ПЛАНИРАЛЕ АТЕНТАТ ВРЗ ЏОРЏА МЕЛОНИ Инспирација им била истоимена група од времето на Втората светска војна

Sase Ivanovski

ВИДЕО| Сириските бунтовници го зазедоа и Хама стратешкот важен град за Асад

Sase Ivanovski

Захарова: Русија се обврза да ја спречи Украина да се здобие со нуклеарно оружје

Sase Ivanovski

Форум на ЗЕЛС: Потребни се колективни напори за да се спречи насилството врз жените и девојчињата

Sase Ivanovski

Грузискиот премиер се закани дека ќе ја уништи „либерално-фашистичката“ опозиција

Sase Ivanovski

Ѝ се заканува ли на Франција финансиски оркан?

Sase Ivanovski

Бугарија: И при десеттиот обид пратениците не успеаја да изберат претседател на 51-то Народно собрание

Sase Ivanovski

Мицкоски зацртал три фази за решението со Бугарија, уште е во првата

Sase Ivanovski

Сибиха на состанокот на ОБСЕ: Кога Русите велат „мир“, мислат на заклани цивили, масовни гробници и срамнети градови

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Новогодишната кошничка повторно промашена, цените веќе се покачени, ефектот ќе биде нула

Sase Ivanovski

Петрушевски: РЕК Битола работи со трите блока, раскинат договорот со фирмата „Марковски компани

Sase Ivanovski

Меџити: Никој не е над законот, да оставиме судот и обвинителството да го расчистат случајот во Куманово

Sase Ivanovski

Јовановска Стојановска (психолог): Очигледно има потфрлување во системот на образование во случајот со третоодделенецот

Sase Ivanovski

На иницијатива на МОН, формирана интердисциплинарна комисија за случајот со третоодделенецот од ОУ „Лазо Ангеловски“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНО: НАЈГОЛЕМИОТ БОЖИЌЕН МАРКЕТ НА БАЛКАНОТ Е ВО ПРИШТИНА?!

Sase Ivanovski

(ФОТО) МАРИЈА ДУДА: Вчера беше интернационалниот ден на лицата со попреченост или народно кажано само тој ден каде на сите им текнува на нив ,а другите денови во годината се резервирани за сожалување место давање шанса за социјализација ,дружба ,креирање исти можности на таквите семејства во државата

Sase Ivanovski

ТРИЧКО: Кило чварки во Веро чини колку кило јунешки бут

Sase Ivanovski

ПОЧИНА ПОРАНЕШНИОТ КАПИТЕН НА ФК РАБОТНИЧКИ ДРАГИ ПЕТРОВСКИ

Sase Ivanovski

(ФОТО) СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ АФРИМ ГАШИ СО ИТАЛИЈАНСКИОТ АМБАСАДОР АНДРЕА СИЛВЕСТРИ

Sase Ivanovski

ВЛЕН: Пропаднаа обидите за сеење страв, во Куманово палеле автомобили од семејството на Џелал Бајарми!

Sase Ivanovski

Средба на координаторот Никола Мицевски со Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво „Илинден“ во Албанија

Sase Ivanovski

(ФОТО) ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ГАШИ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА – 9 ДЕКЕМВРИ

Sase Ivanovski

(ФОТО) Дурмиши: Пониски цени на над 650 производи во „Новогодишната кошница„-општествено одговорна акција на владата и бизнисот за подобар животен стандард

Sase Ivanovski

Asst. Sumea Ramadani appeared as a guest on Sitel TV’s morning show

Sase Ivanovski

IBU alumni Majda Gusinac Delivered Guest Lecture Titled “Turning a Public Relations Degree into a Career”

Sase Ivanovski

Field Visit to Lear Corporation

Sase Ivanovski

IBU Professors and Students Participate in Financial Literacy Days Organized by the National Bank of North Macedonia

Sase Ivanovski

IBU’s Faculty of Law held its fourth “Thursday Debate”

Sase Ivanovski

Legal Clinic Organizes Workshop on the Elements of Crime

Sase Ivanovski

IBU Academics Participate in the 5th International Congress of Bilingualism Studies and European Turks

Sase Ivanovski

IBU Marks the International Day for the Elimination of Violence Against Women

Sase Ivanovski

Turkish Court of Accounts Delegation Visits IBU

Sase Ivanovski

IBU Hosts Digital Media and National AI Language Model Forum

Sase Ivanovski

International Balkan University Hosts Symposium on Palestinian Struggles

Sase Ivanovski
Вчитувам....