Со засилено темпо се одвива обновата на Кисела Вода. Во овој момент, се работи на улицата 1438 во Пинтија со површина од 2000m2, која повеќе од пет децении не била предмет на интерес на ниту еден од моите претходници, што е евидентно од големите оштетувања.
Овој отпочнат проект е само уште од низата докази дека не застануваме, дека моите ветувања не се само празни зборови а барањата на граѓаните се мој приоритет. Ликот на Кисела Вода го менуваме секој ден кон подобро, а до крајот на мојот мандат нема да има ниту една неасфалтирана улица. Продолжуваме во сите урбани и местни заедници. Мојот народ заслужува!