10.5 C
Скопје
28/03/2025 01:21
МАКТЕЛ

    

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Претседателката Сиљановска Давкова: Законот за климатска акција и негова доследна имплементација ќе биде пресвртница во заштитата и унапредувањето на животната средина

      

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска се обрати на настанот „Во пресрет на 29. Конференција на страните на Конвенцијата на ОН за климатски примени – COP29: зголемување на амбициите и овозможување акција“, организиран од УНДП во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателката Сиљановска Давкова.

Почитуван постојан претставник на УНДП, Ценети министри, Почитувани присутни, Ми претставува чест денеска да бидам помеѓу долгогодишните поборници за климатска акција, како од државните, така и од академските институции и од невладиниот сектор. Климатските промени се високо на мојата агенда. Со страст и приоѓам на оваа тема.

   

Затоа, им благодарам на УНДП, коишто во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, ја организираа денешнава размена на мислења. Тука сме да се подготвиме за претстојната 29. Конференција на страните на Конвенцијата на Обединетите нации за климатски промени – COP29, што годинава се одржува во Баку.

Во наредните неколку недели, Баку ќе биде центарот на светската климатска дипломатија, каде што државите, со поддршка на меѓународните организации, ќе ги усогласуваат своите климатски амбиции и акции.

Целта на COP29 е да се забрза имплементацијата на Парискиот договор, а глобалното затоплување да се држи во рамките на 1.5 °C. Како претседателка ќе ја предводам нашата национална делегација на Самитот за климатска акција каде што ќе ги претставам македонските заложби, приоритети, но и предизвиците во справувањето со климатските промени.

Почитувани присутни, Во светски рамки, македонскиот удел кон емисијата на стакленички гасови, а со тоа и кон глобалното затоплување, е занемарливо мал. Но, на национално и локално ниво, овој удел претставува сериозен здравствен, економски и безбедносен ризик. Според УНИЦЕФ, секој деветти смртен случај кај новороденчиња во земјава е поврзан со загадениот воздух.

Институтот за јавно здравје проценува дека секоја година во земјава од загаден воздух умираат околу 4.000 луѓе. Затоа, една од главните причини за иселувањето на луѓето не е висината на платата, туку квалитетот на животот и, особено, квалитетот на животната средина. Иселувањето на младото и работоспособно население води кон економска стагнација. Но, освен здравствен и економски, емисиите на стакленички гасови се и безбедносен ризик.

Тие забрзано водат до климатски промени со потенцијално катастрофални последици. Сè почестите екстремни временски појави, како што се топлотните бранови, сушите, невремињата и поплавите, вклучително и во нашиот регион, се само навестување на тоа каква иднина ги очекува следните генерации. Доколку се остварат негативните климатски сценарија, прашање е дали воопшто ќе можеме да зборуваме за одржливост или, пак, ќе треба да почнеме да размислуваме за преживување, односно способност за живеење?

За да се справиме со овој троен ризик, ние мора прашањето да го издигнеме на највисоко ниво. Уште како пратеничка во Собранието се залагав за воведување на таканаречено „зелено столче“, односно, гарантирано место за невладиниот сектор да учествува во расправите за законските решенија поврзани со животната средина и со климатските промени.

Неодамна, во Советот за безбедност именував и експерт од областа на метеорологијата и климатските промени, проф. д-р Владо Спиридонов. Како држава, ние мора да обрнеме многу повеќе внимание на адаптацијата кон климатските промени и намалувањето на ризиците од катастрофи. Исто така, мора да продолжиме со законските реформи. Со нетрпение го чекам денот кога ќе го потпишам указот за прогласување на Законот за климатска акција.

Верувам дека овој закон, што одамна требаше да се донесе, ќе биде пресвртница во нашата климатска акција. Добро е што последната работна верзија на предлог-законот е усогласена со најновите европски директиви. Но, најважно од сè е Законот да биде доследно имплементиран. И тоа поради најмалку три причини. Прво, со Законот ќе се приближиме кон остварување на една од темелните вредности на нашиот уставен поредок, а тоа е „заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата“.

Законот ќе помогне да се оствари со Устав гарантираното човеково право „на здрава животна средина“ и ќе создаде законска обврска за унапредување и заштита на природата. Неодамна, да потсетам, и Врховниот суд утврди начелен став дека државата е должна да обезбеди здрава животна средина и дека секој може да бара заштита на своето право, посебно во ситуација кога јавните органи не ги презеле дејствијата коишто во согласност со Законот биле должни да ги преземат.

Втората причина е дека со Законот за климатска акција, ние практично ќе имплементираме дел од можеби најтешкиот и најскап кластер во преговорите за членство во Европската Унија, а тоа е „Зелената агенда и одржливото поврзување“. Овој кластер во себе ги вклучува поглавјата за транспорт, енергетика, трансевропски мрежи и животна средина и климатски промени.

Се проценува дека само за транзиција кон обновливи извори на енергија и подобрување на енергетската ефикасност се потребни околу 3.1 милијарди евра. Добро е што со Економскиот и инвестициски план и со Зелената агенда за Западниот Балкан на Европската Унија се предвидени конкретни средства за оваа важна област. Во таа насока, COP29 ќе биде од суштинско значење и за обезбедување средства за имплементација.

Затоа, ние мора да ги презентираме нашите стратегии, планови и активности и да бараме финансиски средства за нивно спроведување. Финансирањето е клучот за имплементацијата, особено на декарбонизацијата на енергетскиот сектор. Изминатиов период се среќавав со повеќе високи претставници на инвестициските банки кои се веќе вклучени во Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција. Но, има и трета причина зошто Законот е важен.

Целта на реформите е да се трансформираат навиките. Пред 30-тина години, големиот француски филозоф и професор на универзитетите Сорбона и Стенфорд, Мишел Сера, објави една брилијантна книга со наслов „Природниот договор“, значи Жан-Жак Русо „Општествениот договор“, а Мишел Сера „Природниот договор“, во која со право тврди дека изминативе неколку века, човештвото е во војна со природата.

Од еколошки и климатски аспект, вкупната штета којашто му се нанесува на светот преку експлоатацијата и загадувањето е еднаква на разурнувањата што би ги оставила една светска војна. Нашите сегашни мирнодопски економски односи, за жал, произведуваат исти резултати како и глобалните конфликти. Нам ни треба општествен договор со природата, односно, природен договор, со којшто природата ќе ја третираме како партнер, а не како противник.

Но, за да го направиме овој чекор, треба да се справиме со два вида на загадување. Првото е материјалното, технолошкото и индустриското загадување на воздухот, почвата и водите. Но, многу поопасно е второто, нематеријалното загадување на индивидуалната и општествената свест што ја третира природата како ресурс што треба беспоштедно да се експлоатира.

Ако сакаме да се избориме против загадувањето на животната средина, ние треба да се избориме против загадувањето на нашата, на човековата свест. Тоа е целта на секој закон и на секоја реформа – да ги освести луѓето и да им помогне да ги променат производствените, потрошувачките и, воопшто, животните навики.

За да ја разрешиме климатската криза, ние мора да почнеме да размислуваме долгорочно, а не краткорочно, да престанеме да планираме само до следните избори, туку да планираме до следните генерации. На самиот крај, верувам дека овој настан, преку отворената дискусија и размената на експертските мислења, ќе ни помогне да ги допрецизираме ставовите со кои како држава ќе настапиме на COP29 во Баку.

  

Најново

Македонија одбележува пет години како дел од НАТО Алијансата

Sase Ivanovski

Трамп воведува царини од 25% за увезени автомобили, очекувајќи да собере 100 милијарди долари од даночните приходи

Sase Ivanovski

Главните опозициски партии за истрагата за „Пулс“: Селективна правда и политички прогон

Sase Ivanovski

Приведен насилникот кој во живо на „ТикТок“ крвнички тепаше жена

Sase Ivanovski

Самит на „Коалицијата на подготвени“ за мир и безбедност на Украина

Sase Ivanovski

Дезинформација за бројот на малолетници загинати во пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

„Кој е следен?“ повикува на собир пред Собранието в сабота додека пратениците се на одмор

Sase Ivanovski

Потона подморница во близина на брегот на Египет, при што загинаа шест руски државјани и девет се повредени

Sase Ivanovski

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Sase Ivanovski

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Sase Ivanovski

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Sase Ivanovski

Министерство за одбрана, Средба Мисајловски – Хејбет: Македонско – турската одбранбена соработка пример за силно сојузништво, благодарност за медицинската поддршка во згрижувањето на повредените во Кочани

Sase Ivanovski

ВЛАДА: Фотогалерија од пречекот на туристи од првиот лет на „Туркиш ерлајнс“ од Истанбул на аеродромот „Свети Апостол Павле“- Охрид

Sase Ivanovski

Потона туристичка подморница кај Хургада – најмалку шест лица загинаа

Sase Ivanovski

(АРХИВА) Вевчанската компанија на семејството Мукоски наплатила 1,5 милион евра од ПУИК со дампинг-цени за одржување објекти!

Sase Ivanovski

Пленковиќ: Трамп сака да се претстави како миротворец, праведниот мир му е помалку важен

Sase Ivanovski

ТАВ Аеродроми и Владата го пречекаа првиот лет на Туркиш ерлајнс од Истанбул на охридскиот аеродром

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Палестинците на протест со порака до Хамас – „Вие сте терористи“

Sase Ivanovski

Филмови од „Киненова“ во Кисела Вода, приходите ќе одат за настраданите во Кочани

Sase Ivanovski

Милановиќ: Декларацијата за воена соработка со Косово не е сојуз и нема правна тежина

Sase Ivanovski

„Протече“ ДНК на Путин? Се тврди дека е по потекло од Балканот

Sase Ivanovski

Русија тврди: Над 3.300 платеници од 70 земји се борат на страната на Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Зеленски: Путин наскоро ќе умре

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПРЕСВРТ – Давитковски: Само со професионалци, а не со партиски војници се ресетира гнилиот систем

Sase Ivanovski

Двајца од повредените во пожарот во Кочани се вратија дома од Белгија

Sase Ivanovski

Папата Франциск закрепнува, објавен датумот кога ќе се појави во јавноста

Sase Ivanovski

Измама со стари акумулатори во Штип, направена е штета од три и пол милиони евра

Sase Ivanovski

Мисајловски се заблагодари за турската медицинска поддршка со повредените во Кочани

Sase Ivanovski

ОН: Во Газа има храна за уште две недели

Sase Ivanovski

„Туркиш ерлајнс“ воведува четири лета неделно на релацијата Истанбул-Охрид

Sase Ivanovski

Не верувајте им на мастите за изгореници кои се продаваат на интернет, порачуваат лекарите

Sase Ivanovski

Дачиќ: Испративме протестна нота до Интерпол во врска со барањето за налог за апсење на Додик и Стевандиќ

Sase Ivanovski

Одложен „историскиот митинг“ кој го најави Вучиќ

Sase Ivanovski

Крива Река затруена со олово, арсен и цијанид откако пукнала цевка во рудникот „Тораница“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Драма во Тузла: Полицајци и осомничени криминалци завршија во надојдена река

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Напад во Амстердам: Бодел со нож сè пред себе, полицијата го застрела

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски: Развојот на нови авиолинии е стратешка инвестиција во иднината на нашата економија, туризам и меѓународна соработка

Sase Ivanovski

ЕВРОПСКИТЕ ВОЕНИ СИЛИ ВО УКРАИНА НЕМА ДА ОДАТ ВО БИТКИ Според Макрон, ќе имаат пацифистички пристап

Sase Ivanovski

Уставниот суд оформи 22 нови предмети во февруари

Sase Ivanovski

ЗАГИНАА ЧЕТВОРИЦАТА ИСЧЕЗНАТИ АМЕРИКАНЦИ ВО ЛИТВАНИЈА Генсекот на НАТО вели дека ова е застрашувачка вест

Sase Ivanovski

НАТО СЀ УШТЕ ТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ВОЈНИЦИ Руте прерано ги прогласи за мртви

Sase Ivanovski

ПАЛЕВСКИ УПОРНО БАРА ЕДНА СНИМКА ОД РЕНОТО, ОБВИНИТЕЛСТВОТО ВЕЛИ ДЕКА НЕМА ТАКВА Тврди дека ноќта пред убиството на Панче возилото е во Скопје

Sase Ivanovski

МАКЕДОНСКОТО РУДАРСТВО ВО СЛОБОДЕН ПАД ДОДЕКА СВЕТОТ СЕ БОРИ ЗА МИНЕРАЛИ Македонија ризикува да го изгуби сопствениот потенцијал

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ИЗЛЕЗЕ ТРЕЈЛЕРОТ НА „РЃА“ Ова е филмот за време на чие снимање Алек Болдвин ја уби снимателката

Sase Ivanovski

Дописникот на Би-Би-Си Марк Ловен протеран од Турција

Sase Ivanovski

Панел-дискусија: Бројот на вработени да не биде услов за регистрирање на онлајн медиумите

Sase Ivanovski

Граѓанска „интерпелација“ за пратеници што ја штитат Владата

Sase Ivanovski

Министерство за образование и наука, Јаневска: Во 50 училишта ќе се постават фотоволтаични системи, МОН обезбеди неповратен грант од 1,1 милион евра

Sase Ivanovski

Таравари: Денес девет пациенти ќе бидат пуштени на домашно лекување, од странство се враќаат уште осум пациенти со подобрена здравствена состојба

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Чудно е што СДС и ДУИ се против обвинителите кои сами ги поставија, а ВМРО-ДПМНЕ е да има истрага за се наместо од несреќата да се печалат политички поени

Sase Ivanovski

(ФОТО) Министерство за одбрана: Одбележување на Денот на Генералштабот на Армијата

Sase Ivanovski

СДСМ: (Документи) Петрушевски да ја земе пресудата за дрога на градоначалникот Стефковски и да му побара оставка

Sase Ivanovski

Штипска апелација одлучува дали поранешните градоначалници на Кочани ќе останат во куќен притвор

Sase Ivanovski

Приведени двајца разбојници кои се обиделе да извршат кражба во фирма во Неготинско

Sase Ivanovski

Колку е јака или слаба Европа без САД да биде гарант на мир во Украина

Sase Ivanovski

Кенеди Џуниор планира да отпушти 10.000 здравствени работници

Sase Ivanovski

Во сообраќајка во Драчево тешко повредена 27-годишна сопатничка, едниот од возачите избегал

Sase Ivanovski

„МОРА ДА ГО ПРИФАТИШ ОНА ШТО ГО ЗНАЕШ УШТЕ ОД ПОЧЕТОКОТ“ Бен Афлек конечно проговори за разводот од Џенифер Лопез

Sase Ivanovski

РАДИО СЛОБОДНА ЕВРОПА ЌЕ КУРТУЛИ? Дванаесет членки на ЕУ се спремни да го финансираат медиумот

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Недостасуваат околу 40 инспектори за соодветно работење на општините

Sase Ivanovski

Јована е последната српска пејачка која настапи во Пулс – Се огласи по трагедијата

Sase Ivanovski

Приведен насилникот од Радовиш кој тепаше жена во живо на „ТикТок“

Sase Ivanovski

Додик се огласи од Израел по распишаната потерница: Следната недела ќе се вратам во БиХ

Sase Ivanovski

Вучиќ: Со Орбан ќе направиме нешто големо во одбраната

Sase Ivanovski

Кос: Црна Гора и Албанија со најголем напредок во евроинтеграциите

Sase Ivanovski

Курти измамен од руските „пранкери“, мислеше дека разговара со претседателот на Латвија

Sase Ivanovski

Ќе ја растури ли Таравари Вреди пред локалните избори?

Sase Ivanovski

Илон Маск ќе ја води истрагата за еден од најголемите безбедносни скандали во американската историја

Sase Ivanovski

Видеолотарија го слави успехот на Јана Атанасовска, македонката која ја пишува историјата за нашата земја во алпско скијање

Sase Ivanovski

Фон дер Лајен во Париз: Зајакнувањето на Украина е почетна точка, на Европа и треба долгорочен план

Sase Ivanovski

(ВИДЕОИНТЕРВЈУ) Скерлев: Ѕид со повеќе од 200.000 срца за петгодишнината од пандемијата на ковид-19

Sase Ivanovski

Претрес во Куманово, пронајдена дрога и пушка, приведено едно лице

Sase Ivanovski

Фатени крадци на дело во неготинско, следува пријава…

Sase Ivanovski

Поранешниот телохранител на Марадона е уапсен поради лажно сведочење

Sase Ivanovski

Три големи трагедии, ниту еден правосилно осуден виновник

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Советничката Атина Мургашанска жестоко против градоначалникот Максим Димитриевски

Sase Ivanovski

Владата ќе го следи новинарството и социјалните мрежи, за да се поправела

Sase Ivanovski

Таравари: Денеска ќе бидат испишани девет пациенти, од странство се враќаат уште осум пациенти со подобрена здравствена состојба

Sase Ivanovski

Тројца повредени во пожарот во Кочани ќе се лекуваат во Ниш

Sase Ivanovski
Вчитувам....