МАКТЕЛ

     

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Претседателката Сиљановска Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот шеф на Делегацијата на Европската Унија, Микалис Рокас

      

                    Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот шеф на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Микалис Рокас. Во поздравното обраќање на церемонијата на предавање на акредитивните писма, претседателката порача дека и по повеќе од три децении од нашето осамостојување, стремежот за полноправно членство во Европската Унија продолжува да биде важен општествен двигател и значаен фактор на кохезија за огромното мнозинство македонски граѓани.

„Приклучувањето кон Европската Унија претставува наша цврста стратешка определба и генерациска цел за чие остварување макотрпно работеле и продолжуваат да работат десетици наши државни лидери, политички претставници, членови на граѓанскиот сектор, академски и научни работници, стопанственици, новинари и уште многу повеќе наши дипломати и државни службеници“, истакна во обраќањето претседателката Сиљановска Давкова, додавајќи дека како земја на пријателство и соживот, нашата држава ги почитува различностите и ги вреднува соседите и преку своето делување, активно ги промовира европските вредности во регионот и пошироко.

   

Таа изрази уверување дека со поддршка од ЕУ, земјава може да напредува и во оваа последна фаза на нашиот пат кон целосна европска интеграција, со забрзано темпо и без никакви пречки. „Низ годините, донесовме храбри и многу тешки одлуки во интерес на иднината на нашите граѓани и на државата.

Направивме многу за да се доближиме до потребните европски стандарди, да преземеме значаен дел од законодавството на ЕУ и да изградиме ефикасни административни и правосудни капацитети. Притоа, останавме докажан партнер од доверба за Унијата, како од аспект на реформите, така и преку нашиот придонес во справувањето со многуте заеднички предизвици“, истакна претседателката во поздравното обраќање.

Потенцирајќи дека Европската Унија е нашиот најзначаен економски и трговски партнер, што говори за исклучително блиската структурна поврзаност на нашата економија со единствениот пазар на Унијата и економиите на земјите – членки, претседателката истакна дека фондовите и макрофинансиската поддршка на ЕУ беа и остануваат важен поттик за развој, трансформација и реформи.

„Би сакала да го истакнам и своето длабоко убедување дека, во духот на заложбите за забрзана и фазна интеграција, ќе успееме да го искористиме целокупниот потенцијал на Планот за раст за Западен Балкан и останатите европски програми и механизми за продлабочување и унапредување на нашето партнерство “, порача претседателката Сиљановска Давкова потенцирајќи дека нашата земја во ЕУ гледа клучен поддржувач, партнер и пријател во справувањето со многуте предизвици на денешницата.

Шефот на Делегацијата на Европската Унија, Микалис Рокас при предавање на акредитивните писма ја цитираше изјавата на претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен„проширувањето е инвестиција во нашата колективна сила и безбедност. Сакаме силна, конкурентна и безбедна Европа, а тоа го вклучува и Западен Балкан, како и Украина и Молдaвија во нашата Европска Унија“, потенцирајќи дека ова е доказ дека проширувањето повторно ќе стане главен приоритет и дека треба да се забрза за време на нејзиниот мандат.

Амбасадорот Рокас посочи и на неодамнешната одлука на Советот и на Европскиот Парламент да го финансира Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан. „Тоа покажува дека ЕУ вложува средства сразмерно на нивото на нашите амбиции. Подготвени сме да ја придружуваме Вашата земја, новата Влада, институциите и граѓанското општество на патот кон натамошна европска интеграција. Би сакал да Ве уверам дека моја цел е да и помогнам на Северна Македонија да оди напред и да направи видливи чекори на патот кон оваа заедничка определба за членство во Унијата“, истакна амбасадорот Рокас.

„Преговорите и реформите се надеваме дека наскоро би можеле да станат процеси кои меѓусебно ќе се зајакнуваат. И двата процеси се предизвикувачки за Вашата Влада и за јавната администрација. Остануваме подготвени да ја обезбедиме сета неопходна помош за зајакнување на институциите преку нашиот претпристапен инструмент, ИПА. Подготвени сме за отворен дијалог, да слушаме, да советуваме и заедно да изнаоѓаме решенија. Очекувам да соработувам со Вас, Ваша Екселенцијо, со Парламентот, со Владата и со сите други чинители на граѓанското општество“, порача при предавање на акредитивите амбасадорот Рокас.

Toj истакна дека ќе ги застапува вредностите на Европската Унија, почитувањето на човековите права и владеењето на правото, посочувајќи ја солидарноста што ја демонстрирала ЕУ при помошта во борбата со шумските пожари во земјава и на Балканот, како и заложбите за мир што Унијата ги демонстрира преку континуирана и силна поддршка на Украина и на принципите на меѓународното право.

   

Најново

Унгарија воведува нови ригорозни закони и казни за дилерите на дрога

Sase Ivanovski

Почина поранешниот претседател на Уругвај, омилениот и скромен Пепе Мухика

Sase Ivanovski

САД санкционираше параван-фирма на Иран која заработувала милијарди преку шверц на нафта

Sase Ivanovski

Нови Сад: Ученици ѝ испратија писмо на поддршка на професорка која во притвор штрајкува со глад

Sase Ivanovski

Скоро секој шести работник на „Нисан“ ќе биде отпуштен

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Украинската војска тврди дека уништила руски ракетен систем вреден 45 милиони долари

Sase Ivanovski

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Овластен е Мицкоски да предложи нови кадровски решенија, одењето на Таравари значи паѓање на уште една маска на коалицијата на криминалот

Sase Ivanovski

Бела куќа: Саудиска компанија ќе инвестира 20 милијарди долари во вештачка интелигенција во САД

Sase Ivanovski

Песков: Руската делегација ќе ја чека украинската страна в четврток во Истанбул

Sase Ivanovski

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Sase Ivanovski

Македонските граѓани кои планираат да патуваат од аеродромот во Тирана, на 15 и 16 мај треба да пристигнат 3 часа пред летот

Sase Ivanovski

Анализа на Си-Ен-Ен: Деловните врски на семејството Трамп со Блискиот Исток се зголемија повеќе од трипати

Sase Ivanovski

Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ нема да соработува со некој што е близок со ДУИ

Sase Ivanovski

Се сакаа си делеа комплименти на крај ни најавеното кафе за збогум ќе го немале

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Првиот милијардер во Албанија го споделува своето патување

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кој профитира, а кој губи од „раситнувањето“ на владината коалиција – Меџити го обвинува Таравари

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Томовски: Доцниме, но државните возила наскоро ќе добијат таблички во боја

Sase Ivanovski

Автокампот Рино во Струга е надобро рангираниот во Македонија

Sase Ivanovski

Ножеви и мачета пронајдени во автомобил на Табановце, приведени Романци

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дали Крис Павловски ја бара гробницата на Александар Велики?

Sase Ivanovski

22 ОД 34 ОПШТИНИ ВО ГРАДОВИТЕ НЕ ГО ИСПОЛНУВААТ СТАНДАРДОТ ЗА ОЗЕЛЕНОСТ, УТВРДИ ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА

Sase Ivanovski

Кумановец измамен за над 100.000 евра. „Купувале“ фиктивни станови

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Свинската маст се враќа на трпезата: Научно оправдана и здрава

Sase Ivanovski

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА СПОРТ ДОНЕСЕ ИСТОРИСКА ОДЛУКА, ОФИЦИЈАЛНО ГО ПРИЗНА ММА СПОРТОТ ВО МАКЕДОНИЈА

Sase Ivanovski

Муцунски: Економската и трговската соработка во фокус на средбата со државниот секретар Хакан Јеврел

Sase Ivanovski

Шест бугарски државјани осудени за шпионажа во корист на Русија во Обединетото Кралство

Sase Ivanovski

Меѓународната организација за цивилно воздухопловство утврди дека Русија го соборила летот MH17 во 2014 година

Sase Ivanovski

Васил Јованов осуден на 12 години затворска казна

Sase Ivanovski

Дезинформација е дека од авиони ќе нè прскаат со вакцина против ковид-19

Sase Ivanovski

Операта „Набуко“ на сцената на НОБ на 19 мај во рамки на „Мајски оперски вечери“

Sase Ivanovski

Вучиќ: Многумина во ЕУ не ја одобруваат мојата посета на Москва, но се надевам дека ќе имаат разбирање

Sase Ivanovski

Депардје доби 18 месечна условна затворска казна за сексуален напад на две жени

Sase Ivanovski

АНАЛИЗА: Внатрешниот долг за три месеци зголемен за 25,5 милиони евра

Sase Ivanovski

Семејството на Кулакова повикува на протест по пресудата на Васил Јованов

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ со рокада во образованието и во здравството?

Sase Ivanovski

Худолин: Средствата од Планот за раст се префрлаат по спроведувањето на реформите, а не однапред

Sase Ivanovski

Скопјанец осомничен за измама со фиктивна продажба на станови

Sase Ivanovski

Играта „Dune Awakening“ е во фаза на отворена бета

Sase Ivanovski

Контраспин: Таравари до вчера беседеше дека Мицкоски со право бара гаранции за во ЕУ

Sase Ivanovski

Пренџов: Ќе видиме дали некој од неговите ќе му верува на Таравари и дали ќе поднесат оставки од функциите кои ги извршуваат

Sase Ivanovski

Пренџов: Сè додека оваа актуелна политичка генерација предводена од премиерот Мицкоски е на чело на државата, Али Ахмети и ДУИ нема да бидат дел од Владата

Sase Ivanovski

„Гуш и бац е љубов“: Ден кога децата учеа, се играа и се поврзуваа без предрасуди

Sase Ivanovski

Влада: Усвоена е информацијата за набавка на инсулин и друга медицинска терапија за дијабетичарите, ќе се градат и реконструираат 30 спортски сали во основните и средни училишта

Sase Ivanovski

Јаневска: растат платите во образованието, инвестираме во инфраструктурата и во нови наставни програми и учебници

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведен велешанец, управувал возило под дејство на алкохол и физички нападнал полициски службеник

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведено едно лице

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Досега не се разговарало за размена на ресори, Таравари пак се интересираше само за бизниси и за Груби и за Заев

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тошковски: Размена на искуства, знаење и силна поддршка од Обединетите Арапски Емирати во градење на модерна, успешна и напредна полиција

Sase Ivanovski

Министерство за финансии: Димитриеска-Кочоска во Брисел на 11. Економски и финансиски дијалог со ЕУ – Реформите остануваат клучни за конкурентноста на европската економија во контекст на сегашните геополитички случувања

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Заменик министерот за внатрешни работи Исени оствари средба со турскиот амбасадор Н.Е.Фатих Улусој

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Kривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување

Sase Ivanovski

ЈП Комунална хигиена-Скопје: ДЕМАНТ НА ИЗЈАВА НА ДЕЈАН МИТЕСКИ

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, партија која ја распродаваше државата како на попуст во трговски центар, зборува за надворешна политика

Sase Ivanovski

Средба Жаклина Пешевска, со полковничката Антониела Станковска-Будимир: Заложби на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите во унапредување на жените во одбраната

Sase Ivanovski

Одземена лиценцата на Агенцијата што кобната ноќ ја обезбедуваше дискотеката „Пулс“ во Кочани

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Обвинителот Марковски за пресудата од 12 години: Денешниот ден за Обвинителството е поголема победа, Обвинителството го задржува правото на жалба и да бара повисока казна

Sase Ivanovski

Јермак: Отсуството на Путин во Истанбул ќе биде „последен сигнал“ дека Москва не сака завршување на војната

Sase Ivanovski

Девојката со Путин не му е ќерка, креирана е со вештачка интелигенција

Sase Ivanovski

Ерол Ризаов: Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

Sase Ivanovski

Приведена скопјанка осомничена за измама при продажба на стан

Sase Ivanovski

Во Индија 14 лица починаа откако испиле отровен пијалок

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Влада составена само за лични интереси е логично да се распаѓа

Sase Ivanovski

Кошта на средба со Вучиќ: Топката е на ваш терен

Sase Ivanovski

СДСМ: Целосен дебакл на надворешната политика – Владата не знае каде тера

Sase Ivanovski

Јаневска: Премиерот ќе одлучи дали ќе бидам министерка за здравство

Sase Ivanovski

Косовското собрание ниту во 15-тиот обид не успеа да избере претседател и потпретседатели

Sase Ivanovski

Нема да има реконструкција, туку само смена на министри, велат од Владата

Sase Ivanovski

Отстранета дивоградба на улица Киро Крстевски – Платник, просторот ќе се намени за граѓаните

Sase Ivanovski

Јаневска: Лажните дипломи се јавна тајна, но тешко се докажува криминалното дело

Sase Ivanovski

Приведен велешанец кој возел пијан и нападнал полицаец

Sase Ivanovski

Србија им објави војна на фалсификаторите на мед

Sase Ivanovski

Фрчкоски за кривичната пријава: Срамен притисок врз критичарите на власта

Sase Ivanovski

Шведски дипломат осомничен за шпионажа е уапсен во Стокхолм

Sase Ivanovski

Владата со суперапликација ќе ги доближува услугите до граѓаните

Sase Ivanovski

Жерновски: Ниедна политичка партија не напушта Влада која е успешна – АА не е било која партија, туку главниот senior partner

Sase Ivanovski

Четири бугарски минерални води аплицираат за поголема европска заштита

Sase Ivanovski

Семејството на Фросина повикува утре на протест по пресудата за Васил Јованов

Sase Ivanovski

Индиски возачи управуваат со македонската градежна механизација

Sase Ivanovski

Политичкиот егоизам предизвикува блокада на Косово

Sase Ivanovski

(ФОТО) Градското собрание Хилверсум во Холандија

Sase Ivanovski
Вчитувам....