7.8 C
Скопје
24/04/2024 06:20
МАКТЕЛ

  

     

 

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) СЕ ГЛЕДА СВЕТЛО НА КРАЈОТ ОД ТУНЕЛОТ НАРЕЧЕН АВТОПАТ КИЧЕВО – ОХРИД, премиерот Ковачевски направи посета на автопатот: Патот Кичево – Охрид е приоритет, очекувам до крајот на идната година да завршат целосно градежните работи

      

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски денеска направи увид на градежните работи на тунелот Кичево – Охрид заедно со првиот заменик-претседател на Владата Артан Груби, заменикот на претседателот на Владата за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и заменик-министерот Беким Реџепи и директорот на ЈП Државни патишта, Ејуп Рустеми. Во продолжение ви ја пренесуваме во целост изјавата на премиерот Ковачевски.

   

„Знам колку е важно за Кичево, Дебарца, Струга, Охрид, Вевчани, за околните населени места кои гравитираат во овој регион, но и за целата земја, што побрзо да се заврши автопатот Кичево – Охрид. Знам колку овој автопат е важен за нов економски и развоен импулс не само на западниот дел на Македонија туку и на целата држава и колку тој значи и за Кичево и за туристичките центри Охрид и Струга.

 

Ние како Влада ги решаваме наследените проблеми, патната инфраструктура за оваа Влада не е предизборно ветување, туку напротив тоа е инфраструктура која што ја поврзува државата внатре меѓутоа ја поврзува државата и со другите европски држави со кои што граничиме. Со тоа овозможуваме подобри услови за постојните инвестиции, привлекување на нови странски инвестиции, зголемување на економскиот развој, развој на туризмот особено во овој наш туристички дел од државата. А сето тоа еден од предусловите е безбеден и сигурни патишта за граѓаните и за сите други кои поминуваат низ нив.

   

     

Свесен сум дека работниците кои го градат овој автопат се соочија со многу предизвици во изминативе години, поради огромни пропусти во самиот проект. Беа потребни години за да се пробијат тунелите под превојот Пресека. Работниците се соочија со многу проблеми во утробата на планината што дополнително ја одолговлечи работата на терен, па плановите за работа мораше да се адаптираат според условите кои што ги налагаа самите услови на терен.

И тоа беше само еден сегмент што требаше да се надмине, промашена траса, неусогласеност на проектната документација и состојбата на терен, дислокација на далекуводи, телефонски кабли, водоводни инсталации, индивидуални и стопански објекти, бидејќи беа на самата автопатска траса.

Но во оваа држава мора да се спроведат започнатите проекти и да се оди напред затоа што тоа е за доброто на граѓаните. Моето претходно искуство вели дека со добар план и добро менаџирање на процесите, нема недостижна цел. Сите знаеме колку ни е сето ова важно, од сите аспекти кои ги кажав. Затоа и со Министерството за транспорт и врски, заедно со министерот, заедно со директорот на ЈПДП, г.Рустеми сум практично во секојдневна комуникација и инсистирам да се земе овој пат како највисок приоритет во државата.

Така денеска, како што и може да се забележи, се става асфалтна подлога во тунелот, се работи на електрична инсталација и хидрантска мрежа. Тунелите за да бидат приспособени за сообраќај треба да се изработи вентилационен систем, противпожарна заштита, видео надзор, систем за детекција на опасни гасови, сообраќајна сигнализација и команден центар. Овие два се најдолгите друмски тунели во земјава со вкупна должна од четири километри.

Десната автопатска лента од Требениште кон Охрид е завршена и пуштена за сообраќај под времен режим освен кај Подмоље каде се одвиваат градежните работи за колекторскиот систем. Овој пат, мора и ќе добие на динамика затоа што инфраструктурата значи интензивирање не економските релации, и ние мора да вложуваме во патна инфраструктура ако сакаме развој на економијата. Изминативе пет години, Владата предводена од СДСМ и сите коалициони партнери изгради патишта во должина од околу 1.300 километри, значи двојно повеќе од претходниот десет годишен период, кога биле направени само околу 650 километри.

И среќен сум што реализацијата на патната инфраструктура продолжи без разлика на тешката економска криза не само кај нас, туку и во цела Европа. Се гради автопатот Скопје – Блаце во прва фаза, течат активности за изградба на автопатот Гостивар – Кичево, на автопатот Тетово – Гостивар, на автопатот Требениште – Струга – Ќафасан, на автопатот Прилеп – Битола. Последниве кои ги кажав се во фаза на избор на консултант кој треба да ги доврши сите договорни обврски со изведувачот и таму да се започне со конкретни работи на терен.

Досега ги изградивме експресните патишта Штип – Радовиш, завршена е првата фаза од патот Штип – Крупиште. Во овој момент активно тече изградбата на експресните патишта Градско – Дреново, Дреново – Фариш, Крупиште – Кочани, Ранковце – Крива Паланка. Активно се одвива реконструкцијата и на регионални патишта во должина од околу 130 километри. Завршени се градежните работи и на делницата Плетвар. Оваа Влада е посветена и прави сѐ за европската иднина на земјата, за економски развој на Северна Македонија, подобра сообраќајна поврзаност и пред сè подобар квалитет на живот за сите граѓани без разлика во кој дел од земјата живеат.

За крај ќе посакам успешна работа и како и што реков, завршувањето на овој патен правец е приоритет и за Владата но и задача за Министерството за транспорт и врски и за ЈПДП. Очекувам до средината на идната година да се оспособи левата лента за сообраќај со околу 90% за да можат граѓаните да ја користат, а министерот за транспорт има задача секојдневно да се грижи, да биде фокусиран за да се исполни рокот до крајот на идната година да се завршат целосно градежните работи“.  Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски рече дека за овој проект многумина сметаа дека ќе остане заглавен, оваа Влада ги отстрани сите недостатоци и проектот продолжи да се гради.

“Покажавме сериозност и еве денеска на терен потврдуваме прогрес на работите. Даваме силен фокус на изградбата на оваа автопатска делница. Автопатот мора да се изгради согласно договорот со изведувачот. Средствата ги имаме, нашите тимови ги следат потребите на изведувачот, единствено останува силна изградба на терен. Само во овој момент има преку 800 работници на траса и преку 390 машини кои активно работат на целата делница. Тунелот е еден од проблемите со кои се соочивме, но тоа е веќе минато. Денеска имаме финализирање на асфалтерските работи и ме радува тоа што градежните активности и на оваа позиција веќе завршуваат”, рече министерот Бочварски.

Директорот на ЈП државни патишта Ејуп Рустеми рече дека трасата на автопатот во градба Кичево – Охрид е комплициран предел, кадешто е и тунелот, поточно кадешто се пробиени две тунелски цевки во кои се изведуваат завршните асфалтерски работи. „Тој има две цевки, кои имаат коловоз со ширина од по 7,50м и четири попречни премини, од кои едниот е за возила, а останатите три се за пешаци. Вкупната должина на десната цевка на тунелот е 1994,5м, а на левата цевка 2015,5м, или вкупно 4010м. Овој тунел ќе биде најсовремениот тунел изграден по европски и светски стандарди”, рече директорот на ЈП државни патишта Рустеми.

    

Најново

Над 2 милијарди евра би не чинеле арбитражните постапки поради заглавените рударски инвестиции

Sase Ivanovski

ЦУК препорачува: Имајте полн резервоар и зимска опрема ако возите низ планински предели

Sase Ivanovski

И во првиот квартал од годинава Макстил со минимални емисии на цврсти честички

Sase Ivanovski

МКД.MK: Универзална сала не е осигурана, осигурана е фирмата што ја реконструира салата

Sase Ivanovski

Маричиќ: Срцето на Македонија е црвено и социјалдемократски борбено, со таа европска душа одиме на победа

Sase Ivanovski

Ковачевски: ДПМНЕ нуди етнички тензии и изолација, СДСМ нуди пат кон ЕУ

Sase Ivanovski

Митрески за ТВ 24: Реформа на образованието во согласност со потребите на пазарот на трудот, повисоки плати за сите, вклучително и за младите

Sase Ivanovski

ПРИЛЕПЧАНИ РУЛС ВО СВЕТОТ: ВО ИТАЛИЈА ИМА ЦИГАРИ МАКЕДОНИЈА НАПРАВЕНИ ОД ПРИЛЕПСКИ ТУТУН

Sase Ivanovski

СИНОВИТЕ НА ЗИДАН КОЈ ОД КОЈ ПОУБАВ

Sase Ivanovski

Град Скопје и СУ на Град Скопје „Здравко Цветковски“ во МКЦ реализираа завршната изложба на средношколските годишни проекти

Sase Ivanovski

Грција зафатена од прашина од Сахара, најизразена во јужниот дел на Пелопонез

Sase Ivanovski

Митрески за ТВ 24: Целосен ветинг на судиите, јавните обвинители но и на политичарите ќе биде прва мерка на новата Влада

Sase Ivanovski

Николоски: Платформата 1198 нуди бројни проекти кои допираат до сите сфери во животот, таа ќе го врати владеењето на правото, подобрување на економијата, здравството, образованието

Sase Ivanovski

Маричиќ: ЕВЕ ЈА РАЗЛИКАТА МЕЃУ ОНИЕ КОИ НЕМААТ ПЛАН И НИЕ КОИ ИМАМЕ ПЛАН!

Sase Ivanovski

Мицкоски ги повика и членовите на СДСМ: Заокружете број 2 да се обединиме за историска победа

Sase Ivanovski

Аваја на средба со граѓаните на Виница

Sase Ivanovski

ТРЕБА ЛИ ДА ИМА ПАНИКА ВО ЈАВНОСТА: СПОРЕД АНАЛИЗИТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ТАБАНОВЦЕ, ВОДАТА РОСА НЕ Е БЕЗБЕДНА ЗА ПИЕЊЕ?!

Sase Ivanovski

Сајкоски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја финансира изградбата на спортскиот комплекс во Битола за кој се избрани и идејните решенија

Sase Ivanovski

Наградени најдобрите студентски идеи на Хакатонот за зелено инженерство

Sase Ivanovski

Даниел Стојчевски носител на листата во ИЕ2: Имаме експертиза за изградба на општество во кое се вреднува и почитува различноста на секој граѓанин

Sase Ivanovski

Ковачевски: Нема откажување од земјоделство по европски стандарди – планираме грантови за мали земјоделци до 20.000 евра

Sase Ivanovski

Секој граѓанин акционер – исправање на неправда

Sase Ivanovski

Филипче: Земјоделците најмногу добиваат од членството во ЕУ

Sase Ivanovski

МВР,  ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори

Sase Ivanovski

Битиќи со сметководителите: Со примената на меѓународните стандарди водењето бизнис во Македонија со исти услови како и во целиот свет!

Sase Ivanovski

Битиќи: Со Планот за раст на ЕУ ќе добиеме 850 милиони евра за три години

Sase Ivanovski

Битиќи од Куманово: Европски стандарди во владеењето на правото за да не дозволиме враќање на режимот

Sase Ivanovski

Николоски: Филипче злоупотребувајќи ја секојдневно неговата докторска професија го руши здравствениот систем, затоа масовно на 8 мај да ставиме крај на овие злоупотреби и да имаме систем во кој сите ќе веруваме

Sase Ivanovski

Николовски: Со влезот во ЕУ земјоделеците добиваат 1 милијарда и 100 милиони евра неповратни средства за модернизација на македонското земјоделство

Sase Ivanovski

Мицкоски: Ветуваа правда, а донесоа артаноиден режим – се гледа кој е вистинската власт, а кој измеќар

Sase Ivanovski

Макрон и градоначалничката на Париз најавија дека ќе пливаат во Сена за да докажат дека водата е добра за Олимписките игри

Sase Ivanovski

Претседателот на Иран: Доколку Израел повторно нападне, прашање е дали ќе остане нешто од нив

Sase Ivanovski

Трамп повторно со провокација до Украина

Sase Ivanovski

Филм за Тоше во српска продукција ќе се прикаже премиерно во Штип!

Sase Ivanovski

Северна Кореја изврши симулирано нуклеарно лансирање

Sase Ivanovski

ВИДЕО ПРЕМИЕРА | „Политиканти“ на „Слободен печат“ : На луѓето им треба поттик да облечат чевли и да излезат да гласаат

Sase Ivanovski

Два хеликоптери на јапонската морнарица се урнаа во Пацификот

Sase Ivanovski

Следниот пакет за Украина ќе биде поголем од нормалниот, вклучува и оклопни возила

Sase Ivanovski

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

Sase Ivanovski

МАЈК ТАЈСОН ПРОДАВА ОБРОК ОД КАНАБИС ВО ФОРМА НА ГРИЗНАТО УВО Црна бобинка, кисело јаболко или лубеница – вие бирате!

Sase Ivanovski

ВИДЕО: ПРЕЖИВЕАЛ ДВЕ ВОЈНИ, ПАДНА ВО ТРЕТАТА Украинците го погодија најстариот воен брод во светот

Sase Ivanovski

ВИДЕО: СО ЕДЕН УДАР ПАДНА КУЛА ОД 240 МЕТРИ Руска ракета ја урна телевизиската кула во Харков

Sase Ivanovski

ВИДЕО: ГИ ПОЛНЕЛЕ СТОМАЦИТЕ СО ШЕМАТА „ЈАДИ И БЕГАЈ“ Ова се мажот и жената кои јаделе во скапи ресторани, а потоа не ја плаќале сметката

Sase Ivanovski

СРБИЈА ВОВЕДУВА ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ВОЕН РОК Се бара најдобриот модел за воена служба

Sase Ivanovski

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов – ќе бараме зголемување на минималната плата

Sase Ivanovski

Сопственичката на ‘Еурофарм’ ја презеде градежната компанија ‘Пелистер’

Sase Ivanovski

Инаугурацијата на Путин ќе биде на 7 мај

Sase Ivanovski

Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела, велат од ССК

Sase Ivanovski

ЕУ одобри визна либерализација за Србите од Косово

Sase Ivanovski

Независни медиуми: „Кадиров е тешко болен, Кремљ подготвува негов наследник“

Sase Ivanovski

Зеленски се обидува да спроведе стапка на нулта толеранција за корупција. Минатата година тој го отпушти министерот за одбрана поради обвинувања за примање мито поврзани со одбранбената индустрија

Sase Ivanovski

Сослушани 14 сведоци – таткото на осомничениот за убиството на Данка бара нов адвокат

Sase Ivanovski

Филипче: Николоски не знае што е злоупотреба на професија бидејќи нема професија

Sase Ivanovski

Даштевски: Целосно сме подготвени за утрешните претседателски избори

Sase Ivanovski

Ковачевски: Најавуваме конечно спроведување на ветингот за судии и проверка на потeкло на имот за сите функционери

Sase Ivanovski

ДСЗИ утврди незаконско работење на Токсикологија: давале здравствени услуги без договор за работа и несоодветно образование

Sase Ivanovski

Вучиќ во Њујорк ги повика членките на ОН да не гласаат за резолуцијата за Сребреница

Sase Ivanovski

Скопјани направиле сообраќајка, па се истепале меѓу себе

Sase Ivanovski

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Sase Ivanovski

ДЕВОЈКА СЕ КАЧИЛА НА АЈКУЛА, ПА ЗАЖАЛИЛА Кога се вратила на плажата почнала да крвари од незгодно место

Sase Ivanovski

ТРАГЕДИЈАТА И БОЛКАТА ВО ЕДЕН КАДАР Ова е најдобрата новинарска фотографија во 2024 година

Sase Ivanovski

УКРАИНСКАТА АРМИЈА СЕ ПОФАЛИ СО МАКЕДОНСКИТЕ СУХОИ Леталата се обновени и модернизирани

Sase Ivanovski

Зиаде: Спроведувањето на договорот меѓу Белград и Приштина никогаш не било поитно прашање

Sase Ivanovski

Борел: ЕУ ги прошири санкциите за иранските производители на дронови и проектили

Sase Ivanovski

Ердоган во Багдад: Потпишаните договори се пресвртница во односите меѓу Турција и Ирак

Sase Ivanovski

Ерменија бара повлекување на хашкото обвинение за етничко чистење во Нагорно Карабах

Sase Ivanovski

Шеф на украинско воено разузнавање: Ќе се соочиме со тешка, но не и катастрофална ситуација

Sase Ivanovski

Колозова: Дел од геостратешкиот концепт на ЕУ е економија базирана на технолошка наука и иновации, натаму треба да се насочиме и ние

Sase Ivanovski

Хорор во Бразил: Три питбула ѝ откинале рака и уво на позната писателка

Sase Ivanovski

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Хаџи Јанев: Хакерските напади врз АРМ се голема шлаканица за сајбер безбедноста на земјава

Sase Ivanovski

Запрен новиот закон кој му дозволуваше на Тексас да апси мигранти

Sase Ivanovski

ФОТО | Глобален феномен: Историјата на ирските пабови и зошто ги има во секој град низ светот

Sase Ivanovski

Повеќе од 50 уапсени на протест во Њујорк, бараа прекин на огнот во Газа

Sase Ivanovski

Проблемите на руските дезертери

Sase Ivanovski

Разговор со проф. д-р Нико Беќаровски: Што го прави суплементот ГЕ 132+ Натурал оптимален за употреба

Sase Ivanovski

СПРЕМААТ ВОЈНА СО СЕВЕРНА КОРЕЈА Лавров ги стави САД, Јапонија и Јужна Кореја на тапет

Sase Ivanovski

ИСИС се заканува дека ќе ги „масакрира“ Путин и Русите

Sase Ivanovski

Им фактурирале комунална сметка за сите гаражи на соседите, хаос во Тетово, се наплаќаат комуналии за подруми и штали

Sase Ivanovski

Пакистанец ја задавил сестра си со голи раце, а татко им го гледал тоа – тврделе дека починала од колера

Sase Ivanovski

Анализа на Политико: Лондонград засекогаш? – Зошто Велика Британија можеби никогаш нема да ги заплени руските средства?

Sase Ivanovski
Вчитувам....