Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени денеска (07.11.2024) имаше воведно обраќање за време на почетниот настан за проектот ,„Зајакнување на институционалните капацитети во справувањето со криминал против културно наследство и еколошки криминал“- ИПА 2021. Општата цел на овој проект е зајакнување на институционалните капацитети за заштита на животната средина и културното наследство со посебен фокус на кривичните дела против културното наследство и животната средина.
За време на своето обраќање Исени истакна дека културните добра се од големо културно, уметничко, историско и научно значење. „Тие често се предмет на криминал, вклучувајќи грабежи, кражби и трговија со луѓе. За ефикасна заштита на културното наследство од недозволена трговија, потребна е здрава законодавна рамка, меѓународна соработка и цврста база на докази и добро насочени проекти“, истакна заменик министерот за внатрешни работи Исени.
Исто како и криминалот против културното наследство и еколошкиот криминал предизвикува значителна штета на животната средина, здравјето на граѓаните и економијата во светот. Во тој контекст заменик министерот Исени напомена дека според последните податоци еколошкиот криминал претставува четврта најголема активност на организиран криминал. Како резултат на овој вид на криминал на глобално ниво се губат од 80 до 230 милијарди евра на годишно ниво.
Со финансиската помош од страна на Европската Унија се обезбеди значителна поддршка во спроведување на реформите.Заменик министерот за внатрешни работи Исени истакна дека му претставува големо задоволство што денеска се означува почетокот на спроведувањето на активностите во рамките на овој проект. Во овој дел тој упати благодарност до италијанските Карабињери за нивната посветеност и да им посака успех во натамошната работа.
На крајот од своето обраќање заменик министерот Исени изрази благодарност до Европската унија и упати уверување дека Министерството за внатрешни работи во соработка со другите институции ќе продолжат да работат во иста насока и ист интензитет со цел постигнување на европските стандарди.