Граѓаните се приклучија на акцијата за бесплатно дислоцирање на хаварисани возила. Досега пајак службата на ЈП Паркинзи на Општина Центар дислоцираше околу 40 нерегистрирани или неисправни возила од јавна површина.
Ги повикуваме граѓаните да се јават на бесплатниот број 076 350 767 со цел ПОЦ бесплатно да го дислоцира нивното хаварисано возило и притоа да им ги врати парите од проценката согласно откупната цена на старо железо. Општина Центар ги известува граѓаните дека пајак службата на ПОЦ, бесплатно може да ги подига и возилата на приватен имот доколку има согласност од сопствениците или доколку истите бидат изнесени на јавна површина.