„Едни убивате, други иселувате“ пишува во пораката која осамна во близина на Ајфеловата кула во францускиот главен град Париз, а фотографии од истакнатиот транспарент ни испрати читател на „Слободен печат“.

Пораката, на која е испишано и „Кочани“ и датумот 16 март, е истакната од Македонци кои живеат во Франција, а таа доаѓа по незапаметената трагедија која се случи вчераутро во кочанската дискотека „Пулс“, кога во пожар загинаа 59 млади луѓе, а повеќе од 150 беа повредени.
