Ми беше особена чест, заедно со мојот долгогодишенпријател а денес еден од најуспешните градоначалници Дарко Костовски кој има значаен придонес во развивањето на оваа боречка вештина во Македонија, да го отворам овој настан. Посебна благодарност до претседателот на теквондо федерацијата на Македонија д-р Борче Костовски за неговите заложби и убавите зборови. Голема благодарност упатувам и до теквондо клубот ,,Корио” од Кисела Вода за признанието кое ќе стои високо на мојата полица и ќе биде потсетник на овој значаен ден. На сите учесници од земјата и надвор кои ќе се натпреваруваат им посакувам им посакувам успешен ден. Денес сите сте победници, бидејќи овие моменти на дружење и стекнување на нови пријателства ништо не може да ги замени. А ние, како локална самоуправа и лично како градоначалник, остануваме секогаш во поддршка на спортистите бидејќи вложувајќи во нив – вложуваме во здрави генерации!-градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.