Скопје, 07.11.2024 Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска учествуваше и даруваше крв во крводарителската акција „Food and Blood Drive“ во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје. По дарувањето крв, првиот вицепремиер Меџити високо ја оцени соработката и континуираната помош што САД и ја даваат на нашата земја од прогласувањето на независноста.
“Станува збор за традиционална акција за дарување крв, на која често сме се одзвале. Овој пат акцијата се одвива во чест на Денот на ветераните на Соединетите Американски Држави, и кои за нас стратешки партнери и со задоволство учествував во оваа акција на дарување крв“, рече Меџити пред медиумите.
Крводарителската акција, која веќе 22 години ја организира Амбасадата на Соединетите Американски Држави во соработка со Црвениот крст на град Скопје и Институтот за трансфузиона медицина, годинава беше посветена на американските ветерани, преку кои беше почестена нивната служба во воспоставувањето мир во светот.