Над стотина лежалки и чадори утринава беа отстранети од плажата Каливи од страна на екипите на општина Полигирос. Операцијата започна во 6 часот и 30 минути утринава со два општински камиони и багер, а присуствуваа и заменик- градоначалникот за дневни работи Василис Фардојанис и заменик-градоначалникот за култура, спорт и туризам Јанис Лелегианис со паралелна асистенција на полицијата.Според соопштението на општината, дел од летувачите кои сфатиле што се случува притрчале на лице место да си ги соберат работите, а оние кои не успеале имаат можност да ги подигнат од службата за чистење на општината во Полигирос каде што се складирани.
„Пред еден месец информиравме дека ќе продолжиме со чистење на плажите од чадори и лежалки бидејќи, како што истакнавме, нивното поставување е незаконско. Не може некои летувалишта да ги присвојат плажите. Оваа незаконитост можеби се толерираше во претходните години, но ова мора да заврши. Тоа е прашање на почит за сите“, потенцираше во своите изјави заменик-градоначалникот за Катимерини, Василис Фардоџанис, посочувајќи дека оваа конкретна операција ќе се повторува сè додека не се сфати дека плажите треба да бидат достапни за сите граѓани.