Од рано утрово, интензивно се во тек градежните активности за изградба на спортскиот центар во Хиподром кој се гради на местото на бараките од старото основно училиште Вера Јоциќ. Со овој интензитет на градежните работи верувам дека многу скоро од денес, спортскиот комплекс ќе биде комплетно готов и ќе можеме да го пуштиме во употреба. Во нашата Гази Баба се работи и во сабота – напиша на фејсбук Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.




