Познатата актерка Деми Мур неодамна се прошета во Калифорнија со својата ќерка Скаут Вилис. Двете дами беа фотографирани како носат модни комбинации од тексас. Изгледаа одлично, а холивудската ѕвезда уште еднаш ги остави сите без здив.
Деми Мур и Скаут Вилис не погрешија во изборот на тексас комбинации, носејќи го овој безвременски тренд на свој начин. Актерката прошета во прекрасен тексас фустан со заводлив шлиц и бомбастично длабоко деколте и во неверојатно шик јакна од истиот материјал.
Обувките со златни детали ја направија модната комбинација уште поелегантна, а истиот ефект го имаше и чантата што таа ја носеше. На речиси 62 години, Деми Мур им пркоси на годините, како да не старее.
Во одлично издание се појави и нејзината ќерка Скаут Вилис, во тексас здолниште и кошула.
Да потсетиме, Деми Мур ја доби ќерката Скаут со поранешниот сопруг Брус Вилис, со кој ги има и ќерките Румер и Талула. Актерката беше во брак и со Ештон Кучер и Фреди Мур.