Шпанец кој летува на Менорка излегол на вечера за која бил подготвен да плати многу, но тоа што му ја наплатиле дури и чашата со мраз, го доживеал како непријатно изненадување, за што ги известил своите следбеници на социјалните мрежи.
Антонио Барбеито од Мадрид заминал на одмор во Менорка, Шпанија, меѓутоа, се пожалил на социјалните мрежи за сметката што ја добил по вечерата во рибен ресторан.
Антонио уживал во јастог (165 евра), тартар од ракчиња (25 евра), пржени лигњи (18 евра), школки (14 евра), сладолед (две топки за 6,50 евра), како и во газирани пијалаци и кафе. Сметката изнесувала 252,80 евра, но кога ја прегледал, забележал ставка на која не сметал.
Имено, Шпанецот открил дека за дополнителна чаша со мраз му наплатиле 3 евра.
„Го сакам националниот туризам и речиси никогаш не ја напуштам Шпанија за да ја поддржам угостителската индустрија, но на сметка од 250 евра, наплатувањето 3 евра за дополнителен мраз изгледа крајно неумесно“, напиша тој, додавајќи дека се надева дека некој од вработените ќе препознае за кој ресторан пишува и ќе ја советува управата да не им наплаќа на гостите за чаша со мраз.
Adoro el turismo nacional y casi nunca salgo de España para apoyar a una comunidad tan importante como es la hostelera pero en una cuenta de 250 euros que te cobren 3 por hielo extra me parece extremadamente fuera de lugar. #menorca #hosteleria pic.twitter.com/EHDBSKgAPF
— antonio barbeito (@barbeitovila) August 4, 2024