„Канал+“ и ТВ ТеФ1 известија дека не може да емитуваат програма поради дефект на ИТ системите.Телевизиските канали во Франција беа погодени од глобалниот дефект во компјутерските системи што создаде хаос низ светот, јави ДПА.
„Канал+“ ги извести своите гледачи дека има дефект на ИТ што го спречи емитувањето на неговите редовни програми.Погодена беше и ТВ ТеФ1. Водителка за време на пренос објави дека каналот не може да емитува се што е содржано во неговата програма.
Сè уште не е познато што го предизвикува дефектот на ИТ системите што ги погодува компаниите ширум светот, но постојат сомнежи во компанијата за сајбер безбедност „Краудстрајк“ (Crowdstrike)објави Би-Би-Си.Околу 110.000 комерцијални летови беа закажани денеска низ светот – 1.390 се откажани поради глобалниот компјутерски дефект, соопшти компанијата за воздухопловна аналитика Цириум.Од компјутерскиот дефект погодени се и болниците. Две болници во северните германски градови Либек и Кил ги откажаа операциите, соопшти нивниот оператор.