37.8 C
Скопје
14/07/2024 21:40
МАКТЕЛ

  

     

 

Фронтот ќе го брани балансерот со писма до ЕУ и САД

      

Укинувањето на балансерот, според Европскиот фронт, е опасен чекор за иднината на државата – најавуваат дека нема да дозволат дискриминација и мајоризација Последното предупредување на мандатарот Христијан Мицкоски за отстранување на механизмот „балансер“ е директен удар врз Охридскиот договор, како еден од главните столбови за стабилноста на државата и меѓуетничките односи во државата, реагира Европскиот фронт.

   

Реакцијата уследи откако на новинарско прашање – дали ќе се прекине со употреба на балансерот, мандатарот Мицкоски потсети каква е препораката на ЕУ во однос на таа алатка. „Ако ЕУ вели дека треба да се укине, тогаш нема друга опција освен да ги следиме препораките од Унијата. Ова е резултат од скрининг процесот. Земјава треба да напредува според компетенции, а не според пол, етничка или верска припадност,“ рече Мицкоски.

 

Во Европскиот фронт сметаат дека таа најава е само продолжение на она што започнало со непочитување на духот на Охридскиот договор и непочитување на волјата на албанското мнозинство изразена на изборите на 8-ми мај. „За жал, на ова сценарио помагаат некои Албанци кои ги загубија изборите и поради жедта за власт станаа сервилни на ВМРО-ДПМНЕ. Европскиот фронт, како и во првиот случај, ќе ги предупреди сите меѓународни центри, а особено гарантите на Охридскиот договор, САД и Европската унија, за овој опасен чекор за иднината на државата“, најавуваат од Европски фронт.

   

     

Притоа потсетуваат дека секое прекршување на механизмите од Охридскиот договор ќе отвори други теми и механизми кои обезбедуваат еднаквост меѓу граѓаните и етничките заедници во државата. „Европскиот фронт како единствена легитимна политичка сила нема да дозволи дискриминација и мајоризација на граѓаните и нема да одговараме за последиците што можат да ги донесат ваквите провокации на нелегитимната Влада“, се вели во реакцијата на Европскиот фронт.

Северна Македонија | Христијан Мицкоски
Мицкоски: Земјата треба да напредува според компетенции, а не според пол, етничка или верска припадностФотографија: Petr Stojanovski/DW

Нарушен системот на заслуги

Алатката „Балансер“ почна со примена во 2016 година со цел да се исполни уставното начело за соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците, на ниво на секоја од институциите во јавниот сектор, а врз основа на потребите на самите институции изразени преку годишни планови за вработување. Преку оваа алатка се врши електронски распределба на планираните нови вработувања согласно соодветната и правична застапеност.

Од почетокот на примената до денес на површина излегоа бројни злоупотреби со етничката самоидентификација, па дури и случаи окога едно лице на разни огласи за вработување во јавниот сектор се јавува според етничката припадност што се бара – еднаш Македонец, другпат Бошњак, третпат Ром или Албанец.

Во практикувањето на алтката како да се „заборави“ дека начелото на соодветна и правична застапеност не значи само процентуална застапеност, бидејќи примената на ова начело не зависи само од бројноста на заедниците, туку и од нивото на образование и од компетенциите на кандидатите. Тоа значи дека примената на позитивната дискриминација не треба да го наруши системот на заслуги при вработување во органите на државна власт и во другите јавни институции. Како што наведе Центарот за управување со промени (ЦУП) во ланскиот Извештај од следењето на соодветната и правична застапеност во институциите од јавниот сектор, сегашните мерки за обезбедување соодветна и правична застапеност не придонесуваат кон спроведување на принципите на заслуги при процедурите за вработување во јавната администрација, условени од ЕУ и утврдени во законите.

„Во своето мислење за РСМ, Советодавниот комитет за Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства извести дека во државата се влошила примената на принципот на заслуги“, се наведува во извештајот.

Спроведеното истражување на ЦУП на јавното мислење во однос на примената на начелото на соодветна и правична застапеност, како и примената на Годишните планови за вработување и „балансерот“, покажало дека поголемиот дел од испитаниците (50,8%) немаат против да се применува соодветна и правична застапеност при вработување (во однос на 31,1% коишто се против), ако кандидатите ги исполниле сите останати услови. Но, огромно мнозинство (76,2%) сметале дека досегашната практика на постигнување на соодветна и правична застапеност е лоша.

Северна Македонија Фонд за пензиско оригурување
Примената на позитивната дискриминација не треба да го наруши системот на заслуги при вработување во органите на државна власт и во другите јавни институцииФотографија: DW/ P. Stojanovski

Да се подобри или…

Според јавни изјави на претставници на ВМРО-ДПМНЕ, напуштање на балансерот би требало да оди во две фази. Првата фаза, враќање на балансерот на процентите кои исклучиво се однесуваат на пописот на резидентно население во 2021 година, а во втората – исклучување на таа алатка од годишните планови за вработување.

Претставници на партии од албанскиот блок кои се очекува да партиципираат во идната влада, посочуваа на потреба од законски решенија со кои нема да биде нарушена правичната застапеност, но ќе овозможат квалитетот да биде пред секој друг можен индикатор.

Народниот правобранител, Насер Зибери, оцени дека балансерот одиграл исклучително позитивна улога во подобрувањето на фер и соодветна застапеност на сите заедници и тој треба да се унапреди или подобри, но не и целосно да се укине.

„Укинувањето или поништувањето на овој инструмент, без да се најде друг инструмент кој ќе биде ист или подобар, значи сериозна повреда на основната дефиниција и вредност на уставниот поредок која е уредена со член 8 од Уставот, став 2, во кој се вели дека државата се грижи за правична и соодветна застапеност на сите заедници во јавниот сектор. Тоа би било сериозно кршење на Уставот и на Охридскиот договор“, предупреди Зибери.

Иницијатива пред Уставен суд

Наскоро Уставниот суд треба да одлучи по иницијативата на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) поднесена во јануари годинава. ДКСК ги спори член 19 став 1 алинеја 1 во делот „припадност на заедница“ од Законот за вработените во јавниот сектор, член 36 став 1 алинеја 1 во делот „и припадност на заедница“ од Законот за административни службеници и одредби од Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор, во делот „припадност на заедница“

Според подносителот, припадноста на заедница не е ниту општ ниту посебен услов за вработување на административни службеници пропишан со Законот за вработените во јавниот сектор, ниту со Законот за административни службеници, а во суштина е елиминирачки предуслов за пријавување на јавен оглас за вработување во јавниот сектор со што се нарушува начелото на стручност и компетентност утврдено во Законот за вработените во јавниот сектор. Со наведувањето на припадноста на заедницата којашто е потребна за пополнување на секое работно место, на кандидатите за административни службеници им се ограничува достапноста на секое работно место.

    

Најново

ВМРО ДПМНЕ: СДС падна на многу ниски гранки чим меша деца на Мицкоски за политички поени, патувањето на синот државата не ја чини ништо, тој не е дел од делегацијата

Sase Ivanovski

МНР во одбрана на премиерот: Јован Мицкоски не беше дел од делегацијата на Самитот на НАТО која броеше 21 член

Sase Ivanovski

МЕПСО: Исклучени два далекуводи во неготинско од безбедносни причини, нема прекини во снабдувањето со електрична енергија

Sase Ivanovski

Бајден по обидот за атентат врз Трамп: Нема место за вакво насилство во Америка

Sase Ivanovski

Кремљ го осуди обидот за атентат врз Трамп, прстот го вперија во демократите на Бајден

Sase Ivanovski

СДСМ: Мицкоски да ги објави приватните сметки за картата и трошоците за синот

Sase Ivanovski

Гаши: Обидот за атентат врз Трамп е напад врз демократијата

Sase Ivanovski

Али Ахмети: Најостро го осудувам обидот за атентат на претседателот Трамп

Sase Ivanovski

ДОДЕКА НЕГОТИНО ГОРИ, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА МОРЕ, ЈАНЧЕВ МУ ГО ГАСИ ПОЖАРОТ Се очекува денес да се стави пожарот кај Неготино под контрола, кажа кавадаречкиот градоначалник Јанчев

Sase Ivanovski

Поради топлотниот бран 10 до 15 колапси дневно и зголемен број сообраќајки

Sase Ivanovski

Министрите Тошковски и Мисајловски на терен: Пожарот во Неготино е под контрола, Владата донесе одлука за 30 дневна кризна состојба

Sase Ivanovski

Мицкоски го осуди обидот за атентат врз Трамп: Нашите мисли и молитви се со претседателот Трамп

Sase Ivanovski

Тошковски во интервју за „Фокус“: Случајот со судијата Наке Георгиев е чист, фатен е на лице место

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Полициски хеликоптер исфрли над 38 тони вода  врз пожарот на планината Серта

Sase Ivanovski

Вонреден инспекциски надзор во пицерија – ресторан во Гостивар откако деветмина гостиварци се затруле со храна

Sase Ivanovski

Трамп до своите поддржувачи: Господ ме спаси, мора да останеме обединети

Sase Ivanovski

Герапетритис: Новиот политички и државен врв на Северна Македонија систематски го прекршува Договорот од Преспа

Sase Ivanovski

Филипче го осуди обидот за атентат врз Трамп

Sase Ivanovski

Павле Трајанов: Најостра осуда на обидот за атентат над Трамп

Sase Ivanovski

Почина Шенон Доерти – ѕвездата од серијата „Беверли Хилс“ ја загуби битката со опасната болест

Sase Ivanovski

Стотина македонски војници и два хеликоптери МИ 8/17 ќе помагаат во гаснењето на пожарот во Неготинско

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Атентат врз Трамп, ранет е во уво – напаѓачот е убиен

Sase Ivanovski

Видео од атентаторот на Трамп: Ги мразам републиканците, го мразам Трамп!

Sase Ivanovski

Петровска: Прво владино патување, прв скандал!

Sase Ivanovski

181 казнет возач во Скопје

Sase Ivanovski

Бајден по обидот за атентат врз Трамп: Нема место за вакво насилство во Америка

Sase Ivanovski

Светските лидери се шокирани – го осудија обидот за убиство на Трамп

Sase Ivanovski

Затворен за сообраќај патот Штип-Неготино поради пожарот на планината Серта

Sase Ivanovski

УЈП НАЈАВУВА ЗАСИЛЕНИ КОНТРОЛИ ЗА ФИСКАЛИЗАЦИЈА На удар ќе бидат трговците во туристичките центри

Sase Ivanovski

АВИОКОМПАНИЈАТА „АЈЕТ“ ГО РЕАЛИЗИРА ПРВИОТ ЛЕТ ЗА СКОПЈЕ Авионите на релација Скопје – Истанбул ќе летаат 4 пати неделно

Sase Ivanovski

НАЈУСПЕШНИТЕ ЖЕНИ МЕНАЏЕРКИ КАЈ СИЉАНОВСКА ДАВКОВА Георгиевска-Јовевска, една од најуспешните менаџерки

Sase Ivanovski

Пожар на четири места на висорамнината Љубаш, причината најверојатно човечки фактор

Sase Ivanovski

СРБИН НАПРАВИ ХАОС НА АЕРОДРОМОТ ВО ТЕЛ АВИВ Ископал канал за бегство од притворскиот оддел

Sase Ivanovski

КРЕЈЧИКОВА Е НОВА ШАМПИОНКА НА ВИМБЛОН Чехинката ја победи Италијанката Паолини

Sase Ivanovski

НАЈДОБРИОТ МАКЕДОНСКИ ЏУДИСТ ОДИ НА ОЛИМПИЈАДА Еди Шерифовски ќе настапи во категорија до 81 кг

Sase Ivanovski

ЗАПЛИВА ВО СЕНА ЗА ДА ДОКАЖЕ ДЕКА Е ЧИСТА Француска министерка тврди дека олимпискиот пливачки тријатлон може да почне

Sase Ivanovski

ЗА УТРЕ, ОБЕЗБЕДЕНИ СЕ АВИОНИ, ЛУЃЕ И ХЕЛИКОПТЕРИ Јанчев по денешната координација со градоначалникот на Неготино

Sase Ivanovski

„ЕР-ТРАКТОРИТЕ“ НЕ СЕ ВРАТИЛЕ НА ОГРАЖДЕН Од ЦУК тврдат се повлечени да наполнат гориво и на мини сервис

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Обид за атентат врз поранешниот американски претседател, Трамп

Sase Ivanovski

Жена, маж и двајца малолетници тепале една жена

Sase Ivanovski

Еден човечки гест не ја загрозува секуларноста на државата, велат од „Вреди“ за молитвата во Собранието

Sase Ivanovski

Италијанската полиција ослободи 33 индиски земјоделски работници од ропство

Sase Ivanovski

Унгарски медиуми: Зделката за кредитот од 500 милиони е крајно мистериозна*

Sase Ivanovski

Детска клиника: Една сестра нестручно се однесувала кон доенчето, случајот ќе го разгледува комисија

Sase Ivanovski

Состојбата со пожарот кај Неготино се влошува, итно се бараат доброволци со механизација!

Sase Ivanovski

Каракашев: Производната цена на пченицата чини неполни 14 денари, не сме задоволни

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Загрозени се куќи кај Калањево од пожарот на Серта: Барајте помош од Србија, штом немаме доволно авиони!

Sase Ivanovski

Мемеди: Според сестрата, повредата на десната рака на бебето настанала при земање крв

Sase Ivanovski

Подобрена е состојбата на бебето кое го нашол случаен минувач во центарот на Велес

Sase Ivanovski

„Му ги кинела нервите со години“: Реакции за Србинот кој ја исфрли жена му на автопатот кај Демир Капија

Sase Ivanovski

Регионална депонија во Свети Николе: Зошто да биде европска кога може да е дива

Sase Ivanovski

Досега против рудник, сега против фабрика за алуминиум, нови протести на југоистокот

Sase Ivanovski

Матка 20 години чека заштита, законот е готов, но заглави во Собранието

Sase Ivanovski

По Пентагон, и Москва потврди дека имало телефонски разговор Остин – Белоусов, детали не се откриваат

Sase Ivanovski

(ФОТО) Страотен пожар на планината Серта: Пламените јазици се доближуваат до патот

Sase Ivanovski

Стани Мурто да седне Курто

Sase Ivanovski

Оружјето на Мицотакис

Sase Ivanovski

(ФОТО) Најмалку 20 лица загинале во воздушен напад врз хуманитарна зона Газа

Sase Ivanovski

Поради несреќа со ракетата на „SpaceX“ сателитите „Starlink“ завршија во „погрешна“ орбита

Sase Ivanovski

Министерот Љутков најави реконструкција на локалитетот „Залив на коските“ на Охридското Езеро

Sase Ivanovski

Судот ги отфрли обвиненијата против Алек Болдвин

Sase Ivanovski

(ВИДЕОИНТЕРВЈУ) Ѓорѓиевска: Од грешките се учи, светот не се руши ако грешите

Sase Ivanovski

ССК: Австриецот Евалд Коениг туристичкиот гигант, нов Потпретседател за надворешна соработка и туризам

Sase Ivanovski

Неверемето со град предивика поплави и сообраќаен хаос во Баварија

Sase Ivanovski

Кривична пријава за тешки дела против здравјето на луѓето, СВР Скопје го расчисти случајот со четирите малолетни лица

Sase Ivanovski

Шпанија му нуди на селекторот Де ла Фуенте трипати поголема плата

Sase Ivanovski

ВЛЕН: ДУИ е во опозициски кошмар!       

Sase Ivanovski

СДСМ: Кредитот од Будимпешта е политички мотивирана одлука, нема финансиска оправданост

Sase Ivanovski

Продолжува засиленото полициско присуство на територија на СВР Скопје

Sase Ivanovski

Велешанец во центарот на градот пронашол напуштено бебе во тешка здравствена состојба

Sase Ivanovski

Во пресрет на големиот настан по повод стогодишнината од Прилепска Пиварница

Sase Ivanovski

Таравари: На одговорност ќе бидат повикани сите кои несоодветно се однесувале со тримесечното бебе

Sase Ivanovski

ССНМ: Да запрат прес-конференциите на отворено среде топлотен бран

Sase Ivanovski

МИЦКОСКИ ЗА ЕУ: Останавме во ходник да чекаме вратата да ни ја отворат, да седнеме и да преговараме

Sase Ivanovski

ПАДНА „МОЈ ДДВ“: Граѓаните реагираат, не можат да скенираат сметки

Sase Ivanovski

Уапсен сопственикот на куќата каде беа пронајдени четворицата малолетници кои завршија на Токсикологија А.А

Sase Ivanovski

Мицотакис: Грција нема да ги открие оружјата што ѝ се на располагање доколку соседната земја продолжи со актуелната тактика

Sase Ivanovski

Тошковски во интервју за „Фокус“: Немам фирми во Бугарија, обвинувањата на Апасиев се ниски

Sase Ivanovski

Семејство на тримесечно бебе тврди дека детето било тепано на Детска клиника, Таравари најави ригорозни казни

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Филипче додека беше министер ја направи државата заложник на здравствената мафија, луѓе собираа пари за лекување преку СМС пораки, а неколку фирми блиски до него се богатеа

Sase Ivanovski
Вчитувам....