По повод Рамазанскиот пост во организација на здружението Amicizia – Пријателство беше организиран ифтaр за нашите сограѓани кои живеат во околијата на Лидо Адриано – Равенна 🇮🇹 и пошироко. Присуствуваа повеќе од 800 нашинци.
Честитки на Здружението за одличната организација, превкусните зготвени јадења на традиционален начин од вредните кувари, превкусната алва и услугата од неуморните млади кои не оставија никој неуслужен …
Чест и задоволство беше да се чувствувам како дома 🇲🇰🇮🇹
Да сме живи и здрави сите – со почит и радост да ги чествуваме и поминуваме претстојните христијански и муслимански празници со нашите семејства и пријатели. Само заедништвото е темел на развојот, мирот и иднината.