6.8 C
Скопје
08/12/2024 14:33
МАКТЕЛ

 

ФРЧКОСКИ: Помина незабележана изјавата на Рускиот амбасадор во Црна Гора дека не само НАТО туку и членството во ЕУ за Русија ќе биде третирано како закана за нивните безбедносни и национални интереси ?!

     

Тие реперни точки даваат јасна слика на состојбата на регионот и за фантазмите на државите кои допрва еволуираат во некакви меѓународни субјекти под овие влијанија.Формално состојбата со евро-атланските интеграции е следна:

 

-Македонија: во НАТО, во напредната позиција на ЕУ-интеграција (“лидер во регионот” што и да значи тоа, единстено ја држи “под блокада” внатрешниот про-руски конзервативен отпор кон уставните промени и внесување на Бугарите како малцинство во Преамбулата на Уставот)

  

-Албанија: во НАТО, во напредната позиција на ЕУ преговарање

-Србија: со идеолошки отпори кон Евро-атланската интеграција, со позиција на чекање на гео-политичка светска промена и поголемо влијание на Русија и Кина, колапс на ЕУ и Америка-НАТО и “враќање на истиоријата” односно исправање на сите неправди кон Србија од војните од 90-те , Косово, Босна и сл. Исклучително регресивна националистичка позиција проследена со авторитарно политичко лидерство, но и економски напредок и кинеско финансиско влијание во земјата ;

-Црна Гора: во НАТО но во лимбо со ЕУ интеграцијата поради негативниот политички баланс помеѓу просрпските и црногорски про-западни политички влијанија во институциите на земјата;

-Босна и Херцеговина: нефункционална држава под постојана блокада од Република Српска и закана од сецесија, со добиен повик за отпочнување на ЕУ преговори и неизвесен исход на истиот.

-Косово: во постојан напор за пошироко меѓународно признавање но со рецентна тензија кон американските партнери и постојано обновување на инцидентите со Србија со што се компромитира процесот на Американско-Европското посредување во кризата на односите со Србија.

Активните кризни жаришта во регионот се под некаква “контрола” (Косово -Србија, Република Српска-Босна) – имено, не се во состојба да ја прелеваат кризата пошироко, но се држат отворени постојано.

Јазикот на Брисел во врска со проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан е битно подобар (посебно по агресијата на Русија врз Украина), но ентузијазмот за тоа проширување на теренот опаѓа (иако е сè уште над 50 проценти позитивно). Тоа е тој парадокс на ЕУ во регионот.

Процесот на ЕУ – проширувањето се води кумулативно на два нивоа: економска помош условена со политички реформи и реформи за владеење на правото – и во тој комплот таа е клучна за суштествени демократски промени на земјите на кои се однесува, значи не само економска помош и не само притисок за политички промени.

Земјите различно реагираат на тој ЕУ “комплот”: некои го прифаќаат како корисен за нив, некои го одбиваат делејќи го и маневрирајки (ако можат) со други партнери. Во тој процеп на политики на прифаќање -одбивање на ЕУ политиките се вовлекува економски кинескиот и посебно идеолошкиот Руски интерес и влијание.

Денес во овој критичен момент за кој зборуваме, ЕУ добива конкурент во делот на економска помош и проекти во ликот на Кина (која прифаќа давање кредити и за потполно непрофитни проекти, само заради влез во регионот и преку него во Европа). Некои од државите имаа јавни финансии потполно зависни од финансиските обврски кон кинеските кредитори (а се на “пат” кон Европската Унија?). Но на вториот план, на идеолошкото вредносно влијание се јавува засилен руски притисок и присуство.

Историски руското влијание во регионот на Балканот има долга традиција. Но после агресијата на Украина и посебно по руските проценети “успеси” таму – фокусот и самодовербата на тоа влијание станува појасен и поагресивен.

Ако претпоставуваме за “Планот А” на Русија за регионот тој би бил: по “анектирањето” на Белорусија и Украина како големи словенски нации при “Мајка Русија” (овде со терминот “анектирање” мислиме на дефакто подјармување ставање под доминантно влијание на руските интереси), регионот на Западниот Балкан или посебно словенските држави во него, треба да бидат сторени тампон зона на неутралност (со скриено или отворено руско влијание, тие тоа го нарекуваат “Рускиот свет‚‚. Србите(Вулин) пак го копираат тој израз велејќи “Српски свет” за нивните замислени териториии од војните од 1990-тите) кон западните држави и нивни одбрамбени и економски асоциации (НАТО , ЕУ). Тоа е некаква оперативна-реализација на националистичката линија на Илија Илин – Дугин – Путин во сегашната геополитика на Русија во овој дел од светот, која не е комплицирана да се разбере, но е прилично брутална во реализацијата.

Но нејсе, Русија потфрлува во реализација на тој “план А”: Војната во Украина е сè уште со неизвесен крај; Бугарија, Македонија, Албанија, Црна Гора се членки на НАТО; останатите (освен Србија која со зборовите на Путин од интервјуто за Фокс Њус Т. Карлстон, заедно со Унгарија се негови најголеми успеси во Европа) – се на некаков пат кон ЕУ.

Во таа ситуација се чини дека Русија развива “План Б”:

Руското влијание вообичаено се поврзува со десничарските, националистички партии , авторитарно и популистички водени и инспирирани од анти муслимански , исламофобни концепти; ксенофобни концепти ориентирани кон бегалците и мигрантите; анти-феминистички ,анти-ЛГБТQ+ концепти ; конзервативно фамилијарни наводно-вредности и патријахални хиерархии на машки идентитет формиран врз доминација или фантазија за доминација; подржуваат и стимулираат вмешување на православната црква или нејзини фракции во политиката врз основа на пан-славизам и пан-ортодоксност; нудат меѓународни асоцијации, под насловот на анти-нео- колонијализам, како алтернатива на ЕУ (БРИКС, помина незабележана изјавата на Рускиот амбасадор во Црна Гора дека не само НАТО туку и членството во ЕУ за Русија ќе биде третирано како закана за нивните безбедносни и национални интереси ?! Што останува после ова како избор за земјите од Западен Балкан?).

Ова руските служби го прават преку финансирање на политички партии; финасирање на невладини организации во цивилното општество кои се “борат против наметнатите ‚‚западни вредности‚‚ на нашето здраво национално тело”; и купување за такви намени на бизнис капацитети и сопственост на земја и згради

Но убедливо најасна и едновремено најтоксична е нивната пропагандна ориентација на користење на социјалните медиуми за создавање на општа состојба на лимбо на неизвесност, на настабилност во врска со иднината, на социјална состојба на пост-вистина каде ширење на лажни вести и лаги е редовна информативна игра и каде победник е оној кој шири повеќе такви. Целта е да се создаде индивидуална и колективна состојба на емотивна раздразливост и неверување во ништо, еден провинциски нихилизам и царување на конспиративни теории на заговор и можноста сè ‚‚да биде возможно и еднакво невозможно”. Во таа смисла и насока руските инвестиции во купување, директно или преку посредници , на телевизии, портали , весници и хакирање – е драматично сериозна закана за демократијата во младите демократии на Балканот (еден интересен пример за ваквите операции добив од бугарските колеги кои ми покажаа документ – анализа каде 72% од сите негативните написи против нормализација на Бугарско – Македонските односи денес се напишани од медиумска куќа во сопственост на некој руски олигарх !?) .

По пат овие тенденции кои ние ги чувствуваме посебно силно и драматично се и европски проблем со руското политичко вмешување. Неодамнешната политичка турнеја низ европските земји на еврокомесарката В.Јурова беше целосно посветен на таа опасност, каде беше кажано дека и цели влади (мислејки на унгарската) служат како платформа за ширење на рускиот наратив.Кои се критичните моменти кои можат да бидат користени од ова токсично руско влијание на замјите од Западен Балкан и што може да се очекува од самите нив во сумарна форма:

Прва опасност би била забавување на темпото на ЕУ интеграција (од причини на блокади предизвикани од про-руските елементи во земјите или од внатрешно европските баланси на силите); втора опасност е повлекување на САД од своето мултилатерално присуство на Балканот поради можната промена на надворешно-политички приоритети на новиот претседател на САД (ако се случи промена); трета опасност е атрофија и деволуција во самите кревки демократии на овие земји, најчесто со затварање на земјата од популистички ,националистички и авторитарни лидерства.Како заклучок ми доаѓа поимот на Тери Иглтон за “темна надеж” што би значело да одржиш надеж, а да не станеш (неоснован) оптимист!

Љубомир Д. Фрчкоски

 

Најново

„ВОСХИТУВАЧКА ТУРИСТИЧКА ДЕСТИНАЦИЈА“ Ски авантурите на Шара се претставени во британски „Тајмс“

Sase Ivanovski

СЕ ПРАЗНУВА СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ Патрон на МПЦ, извор на нашата духовност и образование

Sase Ivanovski

Претседателката на Грузија разговарала со Трамп и Макрон за „украдените избори“

Sase Ivanovski

Уапсен поранешниот министер за одбрана на Јужна Кореја за обид за државен удар

Sase Ivanovski

Сирискиот премиер бара слободни избори и потврди дека контактирал со лидерот на бунтовниците

Sase Ivanovski

Писмо напишано од Моцарт, кое се сметаше за изгубено, продадено на аукција за неверојатна сума

Sase Ivanovski

Лидерот на сириските бунтовници: Падот на режимот е близу, бидете милосрдни кон цивилите

Sase Ivanovski

Падна и Дамаск, Асад избегал од Сирија

Sase Ivanovski

На три прегледи не било за операција, кога дал мито му го оперирале пердето за три дена

Sase Ivanovski

Наумовски: САД би можеле активно да помогнат во спорот меѓу Скопје и Софија

Sase Ivanovski

Емануел Макрон ги пречека светските лидери во Париз на спектакуларна церемонија при повторното отворање на Нотр Дам, пет години по големиот пожар

Sase Ivanovski

Јужнокорејскиот претседател кривично се гони за воведувањето воена состојба

Sase Ivanovski

Сирискиот премиер повика на слободни избори

Sase Ivanovski

Трамп: Асад веќе го нема, Путин го напушти

Sase Ivanovski

Превкусни специјалитети во ресторан Le Meurice Alain Ducass во Париз

Sase Ivanovski

Бела куќа: Ја следиме вонредната ситуација во Сирија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дамаск падна, Асад со авион избега од земјата

Sase Ivanovski

Апел од МНР: Македонските државјани да ја напуштат Сирија

Sase Ivanovski

„ОЧИГЛЕДНО ЗНААТ ДА ЧИТААТ АМА НЕ ГО РАЗБИРААТ ТОА ШТО ГО ЧИТААТ“: Најчевска распали за албанскиот јазик

Sase Ivanovski

Падот на режимот на Асад и почетокот на „новата ера“ во Сирија: Бунтовниците влегоа во палатата

Sase Ivanovski

„АКО ИМ СЕ РАСИПАЛ АВИОНОТ, ИМА РЕДОВНИ АВИО-ЛИНИ“: Ванковска со остра критика „нели им се воодушевувавме на скромните политички лидери?“

Sase Ivanovski

„СО ВАКВИ РЕКТОРИ И ИНТЕЛЕКТУАЛЦИ УШТЕ ДОЛГО ЌЕ ТОНЕМЕ ВО СЕПТИЧКАТА ЈАМА“: Мојсоска без влакна на јазикот

Sase Ivanovski

НАД 1.000 ГРАЃАНИ ЈА ТУЖАТ ФОН ДЕР ЛАЈЕН ПОРАДИ ВАКЦИНИТЕ! Размениле пораки и повици со извршниот директор на „Фајзер“

Sase Ivanovski

Функционерите во Црна Гора си ги зголемуваат платите за 30 отсто

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова на свечена академија во чест на „Св. Климент Охридски“

Sase Ivanovski

Албанските демократи тврдат дека партијата на Трамп бара техничка влада во Албанија и оти „нон грата” за Бериша е веќе поништен

Sase Ivanovski

Врачување на државната награда „Св. Климент Охридски“

Sase Ivanovski

Денеска и утре бесплатен паркинг на повеќе локации во Скопје

Sase Ivanovski

Свети Климент Охридски Чудотворец

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Стевчо Jaкимовски проговори за борбата со ракот: Најголема храброст ми даде д-р Докиќ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Макрон цел живот ќе го памети ракувањето при пристигнувањето на Трамп

Sase Ivanovski

Променливо време со ниски температури, дожд и снег

Sase Ivanovski

Градоначалникот на Њујорк: Идентификуван е осомничениот за убиството на извршниот директор на UnitedHealth

Sase Ivanovski

Часови по крипто валути во школо

Sase Ivanovski

Сиљановска не заминала за Париз на отворањето на Нотр Дам затоа што се расипал владиниот авион

Sase Ivanovski

RÖYKSOPP се конечно во Скопје!

Sase Ivanovski

ПРЕЧЕК НА НОВАТА 2025-та ГОДИНА ВО МКЦ

Sase Ivanovski

Влатко Стефановски ја воодушеви публиката со третиот сингл од новиот албум “London Sessions”

Sase Ivanovski

На прашањето „Дали забраната за социјални мрежи за млади под 16 години, што ја воведуваат некои земји, е прекршување на нивните права?“, граѓаните дадоа различни и интересни одговори

Sase Ivanovski

Наместо на санки, германските Дедо Мразовци на Харли Дејвидсон собираа средства за детски новогодишни пакетчиња

Sase Ivanovski

„Тивок“ штрајк на новогодишен хор

Sase Ivanovski

Хајредини го коментира Законот за јазици кој ќе се најде на седница на Уставен суд

Sase Ivanovski

TАС во 1989 произвела 37.411 голфови, a фабриката имала 3.500 работници. Овој период бил симбол на индустриската моќ на Југославија

Sase Ivanovski

Кој е вашиот избор?

Sase Ivanovski

Прекрасни 45 секунди во руско метро

Sase Ivanovski

Ова е најголемото бифе во Европа!

Sase Ivanovski

Неколку месеци пред Министерството за енергетика и рударство немаше македонско знаме!

Sase Ivanovski

Србија економски ТИГАР

Sase Ivanovski

“Каде се парите? со Горан Теменугов” гостува Глигор Бишев – Теми се пензионирањето до 67 години, јавниот долг, фискалните правила и големите трошоци што ги има државата

Sase Ivanovski

Трета година по ред, Виена е прогласен за град кој е најдобар за живот на светот

Sase Ivanovski

Милатовиќ: Легитимно е да се покрене прашањето за статусот на српскиот јазик во Црна Гора

Sase Ivanovski

Кого може да го замени вештачката интелегенција?

Sase Ivanovski

Во Киев блесна огромна новогодишна елка на плоштадот Света Софија

Sase Ivanovski

Каранфиловска Панова: Не сум формален член на СДСМ, но статутот дозволува да бидам потпретседател на партијата

Sase Ivanovski

(Видео) Со новите луѓе во партијата, СДСМ испраќа порака дека е подготвена за промени – Каранфилова Пановска во „Стадион“

Sase Ivanovski

Пропадна обидот за импичмент на јужнокорејскиот претседател, владејачката партија го бојкотираше гласањето

Sase Ivanovski

ТикТок ја изгуби жалбата во САД, апликацијата сè поблиску до забрана

Sase Ivanovski

Контраспин: „Македонско сценарио“ за Србија и(ли) „Српски свет“ за С. Македонија?

Sase Ivanovski

Груби: Со албанскиот јазик нема компромис, нема политика, има само нација

Sase Ivanovski

Снегот пристигнува: Обилни врнежи се очекуваат во текот на ноќта!

Sase Ivanovski

Десетмесечно бебе донесено без знаци на живот во Поликлиника Чаир, ќе оди на обдукција

Sase Ivanovski

Ристески: Бројот на производите во новогодишната кошничка може да надмине 800

Sase Ivanovski

Теменугов: Дали сме пред банкрот како држава?

Sase Ivanovski

Масовно труење со храна во студентски дом во Риека: Студенти завршија на инфузија, постои сомневање за опасен вирус

Sase Ivanovski

Илјадници демонстранти во Грузија беа растерани од полицијата со солзавец и водени топови

Sase Ivanovski

Украина почнува мобилизација на жените: „Без нив тешко ќе се реши хаосот во армијата“

Sase Ivanovski

При судир со авион, мршојадец остана да виси на шофершајбната за време на летот

Sase Ivanovski

Николовска: Најавата за отуство на седницата на Уставниот суд е неизвршување на функцијата

Sase Ivanovski

СУПЕРМЕН ПРОТИВ ЊУТН

Sase Ivanovski

„Оптимизмот е опиум за народ. Да живее Троцки!“

Sase Ivanovski

Трамп во Париз, големо враќање на меѓународната сцена

Sase Ivanovski

Путин: Западот не ја напушти Русија

Sase Ivanovski

ЛДП предлага да се забрани ТикТок: „Време е да се освестиме како општество“

Sase Ivanovski

„ Светските енергетски лидери во Скопје: Македонија домаќин на глобалниот форум за енергетска иднина во 2025“

Sase Ivanovski

Момче заврши со повреди од Супермен предизвикот и се плаши да се врати во училиште: Кукавица си ако не учествуваш!

Sase Ivanovski

СЕ ОБВРЗУВАМЕ ЗА ЦЕЛОСНА ТРАНФОРМАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА Владата ветува повисок животен стандард во 2025 година

Sase Ivanovski

Таравари: Северна Македонија е рангирана како првата земја во регионот што има можност да ги добие средства од Планот за раст на ЕУ!

Sase Ivanovski

ДУИ: Министерот кој „имаше оперативни сознанија за софистицирани групи“ во Куманово ден пред да биде уапсено лице со ментална попреченост, сега има „оперативни сознанија“ за Денот на знамето

Sase Ivanovski

(Видео) Силно невреме ја зафати Европа, илјадници луѓе без струја

Sase Ivanovski

Група албански интелектуалци со отворено писмо до Уставниот суд

Sase Ivanovski
Вчитувам....