МАКТЕЛ

     

Харари: Вештачката интелигенција го хакираше оперативниот систем на цивилизацијата

      

Треба да престанеме со неодговорната употреба на алатките за вештачка интелигенција во јавната сфера и да ја регулираме вештачката интелигенција пред таа да не регулира нас. И првата регулатива што би ја предложил е да се направи задолжително за вештачката интелигенција да открие дека е вештачка интелигенција. Ако разговарам со некого и не можам да кажам дали е човек или вештачка интелигенција – тоа е крајот на демократијата.
Јувал Ноа ХАРАРИ*

Што би се случило ако нечовечката интелигенција стане подобра од просечниот човек во раскажување приказни, компонирање мелодии, цртање слики и пишување закони и стихови? Кога луѓето мислат на ChatGPT и други нови алатки за вештачка интелигенција, тие често мислат на примери како што се учениците кои користат вештачка интелигенција за да ја напишат својата домашна задача. Што ќе се случи со училишниот систем кога децата ќе почнат да го прават тоа? Овој тип на прашања ја пропушта пошироката слика.Заборавете на училишните домашни задачи. Размислете за следната претседателска трка во САД во 2024 година и обидете се да го замислите влијанието на алатките за вештачка интелигенција што можат масовно да произведуваат политичка содржина, лажни вести и списи за некои нови култови.

   

Во последните години, култот qAnon се собра околу анонимни онлајн пораки, познати како „q drops“. Следбениците ги собираа, обожаваа и ги толкуваа овие „капки“ како свет текст. Додека според нашите сознанија, сите досегашни „капки“ биле составени од луѓе, а ботовите само помагале во нивното ширење, во иднина би можеле да ги видиме првите култови во историјата чии „свети“ текстови ги пишувала нечовечката интелигенција. Религиите низ историјата тврделе дека нивните свети книги не се од човечко потекло. Тоа наскоро би можело да стане реалност.

На попрозаично ниво, наскоро би можеле да се вклучиме во долги онлајн дискусии за абортусот, климатските промени или руската инвазија на Украина со ентитети за кои мислиме дека се луѓе – но всушност се вештачка интелигенција. Уловот е што е сосема бесмислено да се троши време обидувајќи се да ги промени декларираните мислења на бот со вештачка интелигенција, кога бот со вештачка интелигенција може да ги усоврши своите пораки толку прецизно што ќе има добри шанси да влијае на нас.

Религиите низ историјата тврделе дека нивните свети книги не се од човечко потекло. Тоа наскоро би можело да стане реалност.
Преку своето владеење на јазикот, вештачката интелигенција може дури и да формира интимни односи со луѓето и да ја искористи моќта на интимноста за да го промени нашето размислување и нашите погледи на светот. Иако нема индикации дека вештачката интелигенција има сопствена свест или чувства, за да поттикне лажна интимност со луѓето, доволно е вештачката интелигенција да ги натера луѓето да се чувствуваат емотивно поврзани со неа.

Во јуни 2022 година, Блејк Лемоин, инженер на Гугл, јавно тврдеше дека четботот со вештачка интелигенција Ламбда, на кој тој работел, станал чувствителен. Контроверзното тврдење го чинеше губење на работното место. Но, најинтересното нешто во оваа епизода не беше тврдењето на г-дин Лемоин, кое веројатно беше лажно, туку неговата подготвеност да ја ризикува својата профитабилна работа во корист на чет-бот со вештачка интелигенција. Ако вештачката интелигенција може да влијае на луѓето да ги ризикуваат своите работни места поради тоа, што друго би можела да ги инспирира да прават?

ВИ има способност да воспостави „интимна“ блискост со луѓето
Во политичката битка за умови и срца, интимноста е најефективното оружје, а вештачката интелигенција штотуку се здоби со способност за масовно производство на интимни односи со милиони луѓе.
Сите знаеме дека во изминатата деценија социјалните мрежи станаа бојно поле за контрола на човечкото внимание. Со новата генерација на вештачка интелигенција, бојното поле се префрла од внимание кон интимност.

Што ќе се случи со човечкото општество и човечката психологија додека вештачката интелигенција се бори со вештачката интелигенција во битка за лажни интимни односи со нас, односи кои потоа може да се искористат за да не убедат да гласаме за одредени политичари или да купуваме одредени производи?Дури и без создавање „лажна интимност“, новите алатки за вештачка интелигенција би имале огромно влијание врз нашите мислења и погледи на светот. Луѓето можат да почнат да користат еден советник за вештачка интелигенција како „пророк“ кој знае сѐ. Не е ни чудо што Гугл е преплашен. Зошто да се мачам да барам кога можам само да го прашам „пророкот“?

Иако нема индикации дека вештачката интелигенција има сопствена свест или чувства, за да поттикне лажна интимност со луѓето, доволно е вештачката интелигенција да ги натера луѓето да се чувствуваат емотивно поврзани со неа.Индустриите за вести и реклами исто така треба да бидат преплашени. Зошто да го читам весникот кога можам само да побарам од „пророкот“ да ми ги каже најновите вести? И што е поентата на рекламирањето, кога можам само да го прашам пророкот да ми каже што да купам?

Па дури и овие сценарија навистина не ја покажуваат поголемата слика. Она за што зборуваме е потенцијалниот крај на човечката историја. Не крајот на историјата, туку крајот на нејзиниот дел во кој доминира човек.
Историјата е интеракција помеѓу биологијата и културата; помеѓу нашите биолошки потреби и желби за работи како храна и секс, и нашите креации како религиите и законите. Историјата е процес низ кој законите и религиите ја обликуваат храната и сексот.

Што ќе се случи со текот на историјата кога вештачката интелигенција ќе ја преземе културата и ќе почне да произведува приказни, мелодии, закони и религии?
Претходните алатки како печатницата и радиото помогнаа да се шират културните идеи на луѓето, но тие никогаш не создадоа нови сопствени културни идеи.
ВИ е фундаментално различна. ВИ може да создаде сосема нови идеи, сосема нова култура.

Најпрво, вештачката интелигенција веројатно ќе ги имитира човечките прототипи на кои се „градела“ во своето „детство“. Но, со секоја измината година, културата на вештачката интелигенција смело ќе гази онаму каде што никој досега не отишол. Со милениуми, човечките суштества живееле во соништата на другите луѓе. Во наредните децении, можеби ќе се најдеме како живееме во соништата за нечовечка интелигенција.

Темната страна на ВИ
Стравот од вештачката интелигенција го прогонува човештвото само во последните неколку децении. Но, луѓето биле прогонувани од многу подлабок страв илјадници години. Отсекогаш сме ја ценеле моќта на приказните и сликите да манипулираат со нашите умови и да создаваат илузии. Како резултат на тоа, луѓето уште од античко време се плашат да бидат заробени во светот на илузиите
Досега, овие стравови беа фокусирани на машини кои користат средства за убивање и поробување луѓе или за замена на луѓе.

Во 17 век, Рене Декарт се плашел дека некојзлобен демон може да го држи заробен во свет на илузии, создавајќи сè што гледа и слуша. Во античка Грција, Платон ја раскажал познатата „Алегорија за пештерата“, во која група луѓе се врзани со синџири во пештера, цел живот свртени кон празен ѕид. Екран. На тој екран гледаат проекција на разни сенки. Затворениците ги мешаат илузиите што ги гледаат таму со реалноста.
Во античка Индија, будистичките и хинду мудреците проповедаа(т) дека сите луѓе живеат заробени во Маите – светот на илузиите. Она што вообичаено го сметаме за реалност е често само фикција во нашите умови. Луѓето можат да водат цели војни, да убиваат други и да сакаат самите да бидат убиени, поради нивното верување во оваа или онаа илузија.

Револуцијата на вештачката интелигенција не доведува лице в лице со демонот на Декарт, со пештерата на Платон, со Маја. Ако не внимаваме, би можеле да останеме заробени зад превезот на илузијата од која не можеме да се разделиме – или дури и да разбереме дека воопшто постои.

Светлата страна на ВИ
Секако, новата моќ на вештачката интелигенција би можела да се искористи и за добри цели. Нема да се задржувам на тоа, бидејќи луѓето кои развиваат вештачка интелигенција веќе доволно зборуваат за тоа. Работа на историчарите и филозофи како мене е да укажат на опасностите.

Секако, вештачката интелигенција може да ни помогне на безброј начини, од изнаоѓање нови лекови за рак до откривање решенија за еколошката криза.
Прашањето со кое се соочуваме е како да се осигураме дека новите алатки за вештачка интелигенција се користат за добро, а не за зло. За да го направите ова, прво мора да ги процениме реалните способности на овие алатки.

Додека нуклеарките не можат да измислуваат помоќни нуклеарни оружја, вештачката интелигенција може да направи експоненцијално помоќна вештачка интелигенција. Првиот клучен чекор е да се бараат ригорозни безбедносни проверки пред моќните алатки за вештачка интелигенција да бидат пуштени во јавниот домен.

Од 1945 година знаеме дека нуклеарната технологија може да генерира евтина енергија за човечка корист, но може и физички да ја уништи човечката цивилизација. Така, го преобликовме целиот меѓународен поредок за да го заштитиме човештвото и да обезбедиме нуклеарната технологија да се користи првенствено за добро. Сега мора да се справиме со новото оружје за масовно уништување кое може да го истреби нашиот ментален и социјален свет.

Сè уште можеме да регулираме нови алатки за вештачка интелигенција, но треба да дејствуваме брзо. Додека нуклеарките не можат да измислуваат помоќни нуклеарни оружја, вештачката интелигенција може да направи експоненцијално помоќна вештачка интелигенција. Првиот клучен чекор е да се бараат ригорозни безбедносни проверки пред моќните алатки за вештачка интелигенција да бидат пуштени во јавниот домен. Исто како што фармацевтската компанија не може да пушти нови лекови пред да ги тестира нивните краткорочни и долгорочни несакани ефекти, технолошките компании не треба да објавуваат нови алатки за вештачка интелигенција пред да ги направат безбедни. Ни треба еквивалент на Агенцијата за лекови и медицински производи.

Зарем забавувањето на јавната примена на вештачката интелигенција нема да предизвика демократиите да заостанат зад понемилосрдните авторитарни режими? Токму спротивното. Нерегулираното спроведување на вештачката интелигенција би создало социјален хаос, фаворизирајќи ги автократите и уништувајќи демократии. Демократијата е разговор, а разговорите се потпираат на јазикот. Кога вештачката интелигенција го хакира јазикот, може да ја уништи нашата способност да водиме значајни разговори, а со тоа да ја уништи демократијата.

Штотуку наидовме на нечовечка интелигенција, овде на Земјата. Не знаеме многу за тоа, освен дека може да ја уништи нашата цивилизација. Треба да престанеме со неодговорната употреба на алатките за вештачка интелигенција во јавната сфера и да ја регулираме вештачката интелигенција пред таа да не регулира нас. И првата регулатива што би ја предложил е да се направи задолжително за вештачката интелигенција да открие дека е вештачка интелигенција. Ако разговарам со некого и не можам да кажам дали е човек или вештачка интелигенција – тоа е крајот на демократијата.
* Текстот на историчарот, филоzзоф и писател Јувал Ноа Харари е преземен од порталот Лупига, а првично е објавен на Економист.
Превод и подготовка за Рацин.мк: Мирјана Василева

   

Најново

Унгарија воведува нови ригорозни закони и казни за дилерите на дрога

Sase Ivanovski

Почина поранешниот претседател на Уругвај, омилениот и скромен Пепе Мухика

Sase Ivanovski

САД санкционираше параван-фирма на Иран која заработувала милијарди преку шверц на нафта

Sase Ivanovski

Нови Сад: Ученици ѝ испратија писмо на поддршка на професорка која во притвор штрајкува со глад

Sase Ivanovski

Скоро секој шести работник на „Нисан“ ќе биде отпуштен

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Украинската војска тврди дека уништила руски ракетен систем вреден 45 милиони долари

Sase Ivanovski

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Овластен е Мицкоски да предложи нови кадровски решенија, одењето на Таравари значи паѓање на уште една маска на коалицијата на криминалот

Sase Ivanovski

Бела куќа: Саудиска компанија ќе инвестира 20 милијарди долари во вештачка интелигенција во САД

Sase Ivanovski

Песков: Руската делегација ќе ја чека украинската страна в четврток во Истанбул

Sase Ivanovski

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Sase Ivanovski

Македонските граѓани кои планираат да патуваат од аеродромот во Тирана, на 15 и 16 мај треба да пристигнат 3 часа пред летот

Sase Ivanovski

Анализа на Си-Ен-Ен: Деловните врски на семејството Трамп со Блискиот Исток се зголемија повеќе од трипати

Sase Ivanovski

Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ нема да соработува со некој што е близок со ДУИ

Sase Ivanovski

Се сакаа си делеа комплименти на крај ни најавеното кафе за збогум ќе го немале

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Првиот милијардер во Албанија го споделува своето патување

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кој профитира, а кој губи од „раситнувањето“ на владината коалиција – Меџити го обвинува Таравари

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Томовски: Доцниме, но државните возила наскоро ќе добијат таблички во боја

Sase Ivanovski

Автокампот Рино во Струга е надобро рангираниот во Македонија

Sase Ivanovski

Ножеви и мачета пронајдени во автомобил на Табановце, приведени Романци

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дали Крис Павловски ја бара гробницата на Александар Велики?

Sase Ivanovski

22 ОД 34 ОПШТИНИ ВО ГРАДОВИТЕ НЕ ГО ИСПОЛНУВААТ СТАНДАРДОТ ЗА ОЗЕЛЕНОСТ, УТВРДИ ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА

Sase Ivanovski

Кумановец измамен за над 100.000 евра. „Купувале“ фиктивни станови

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Свинската маст се враќа на трпезата: Научно оправдана и здрава

Sase Ivanovski

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА СПОРТ ДОНЕСЕ ИСТОРИСКА ОДЛУКА, ОФИЦИЈАЛНО ГО ПРИЗНА ММА СПОРТОТ ВО МАКЕДОНИЈА

Sase Ivanovski

Муцунски: Економската и трговската соработка во фокус на средбата со државниот секретар Хакан Јеврел

Sase Ivanovski

Шест бугарски државјани осудени за шпионажа во корист на Русија во Обединетото Кралство

Sase Ivanovski

Меѓународната организација за цивилно воздухопловство утврди дека Русија го соборила летот MH17 во 2014 година

Sase Ivanovski

Васил Јованов осуден на 12 години затворска казна

Sase Ivanovski

Дезинформација е дека од авиони ќе нè прскаат со вакцина против ковид-19

Sase Ivanovski

Операта „Набуко“ на сцената на НОБ на 19 мај во рамки на „Мајски оперски вечери“

Sase Ivanovski

Вучиќ: Многумина во ЕУ не ја одобруваат мојата посета на Москва, но се надевам дека ќе имаат разбирање

Sase Ivanovski

Депардје доби 18 месечна условна затворска казна за сексуален напад на две жени

Sase Ivanovski

АНАЛИЗА: Внатрешниот долг за три месеци зголемен за 25,5 милиони евра

Sase Ivanovski

Семејството на Кулакова повикува на протест по пресудата на Васил Јованов

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ со рокада во образованието и во здравството?

Sase Ivanovski

Худолин: Средствата од Планот за раст се префрлаат по спроведувањето на реформите, а не однапред

Sase Ivanovski

Скопјанец осомничен за измама со фиктивна продажба на станови

Sase Ivanovski

Играта „Dune Awakening“ е во фаза на отворена бета

Sase Ivanovski

Контраспин: Таравари до вчера беседеше дека Мицкоски со право бара гаранции за во ЕУ

Sase Ivanovski

Пренџов: Ќе видиме дали некој од неговите ќе му верува на Таравари и дали ќе поднесат оставки од функциите кои ги извршуваат

Sase Ivanovski

Пренџов: Сè додека оваа актуелна политичка генерација предводена од премиерот Мицкоски е на чело на државата, Али Ахмети и ДУИ нема да бидат дел од Владата

Sase Ivanovski

„Гуш и бац е љубов“: Ден кога децата учеа, се играа и се поврзуваа без предрасуди

Sase Ivanovski

Влада: Усвоена е информацијата за набавка на инсулин и друга медицинска терапија за дијабетичарите, ќе се градат и реконструираат 30 спортски сали во основните и средни училишта

Sase Ivanovski

Јаневска: растат платите во образованието, инвестираме во инфраструктурата и во нови наставни програми и учебници

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведен велешанец, управувал возило под дејство на алкохол и физички нападнал полициски службеник

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведено едно лице

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Досега не се разговарало за размена на ресори, Таравари пак се интересираше само за бизниси и за Груби и за Заев

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тошковски: Размена на искуства, знаење и силна поддршка од Обединетите Арапски Емирати во градење на модерна, успешна и напредна полиција

Sase Ivanovski

Министерство за финансии: Димитриеска-Кочоска во Брисел на 11. Економски и финансиски дијалог со ЕУ – Реформите остануваат клучни за конкурентноста на европската економија во контекст на сегашните геополитички случувања

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Заменик министерот за внатрешни работи Исени оствари средба со турскиот амбасадор Н.Е.Фатих Улусој

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Kривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување

Sase Ivanovski

ЈП Комунална хигиена-Скопје: ДЕМАНТ НА ИЗЈАВА НА ДЕЈАН МИТЕСКИ

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, партија која ја распродаваше државата како на попуст во трговски центар, зборува за надворешна политика

Sase Ivanovski

Средба Жаклина Пешевска, со полковничката Антониела Станковска-Будимир: Заложби на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите во унапредување на жените во одбраната

Sase Ivanovski

Одземена лиценцата на Агенцијата што кобната ноќ ја обезбедуваше дискотеката „Пулс“ во Кочани

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Обвинителот Марковски за пресудата од 12 години: Денешниот ден за Обвинителството е поголема победа, Обвинителството го задржува правото на жалба и да бара повисока казна

Sase Ivanovski

Јермак: Отсуството на Путин во Истанбул ќе биде „последен сигнал“ дека Москва не сака завршување на војната

Sase Ivanovski

Девојката со Путин не му е ќерка, креирана е со вештачка интелигенција

Sase Ivanovski

Ерол Ризаов: Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

Sase Ivanovski

Приведена скопјанка осомничена за измама при продажба на стан

Sase Ivanovski

Во Индија 14 лица починаа откако испиле отровен пијалок

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Влада составена само за лични интереси е логично да се распаѓа

Sase Ivanovski

Кошта на средба со Вучиќ: Топката е на ваш терен

Sase Ivanovski

СДСМ: Целосен дебакл на надворешната политика – Владата не знае каде тера

Sase Ivanovski

Јаневска: Премиерот ќе одлучи дали ќе бидам министерка за здравство

Sase Ivanovski

Косовското собрание ниту во 15-тиот обид не успеа да избере претседател и потпретседатели

Sase Ivanovski

Нема да има реконструкција, туку само смена на министри, велат од Владата

Sase Ivanovski

Отстранета дивоградба на улица Киро Крстевски – Платник, просторот ќе се намени за граѓаните

Sase Ivanovski

Јаневска: Лажните дипломи се јавна тајна, но тешко се докажува криминалното дело

Sase Ivanovski

Приведен велешанец кој возел пијан и нападнал полицаец

Sase Ivanovski

Србија им објави војна на фалсификаторите на мед

Sase Ivanovski

Фрчкоски за кривичната пријава: Срамен притисок врз критичарите на власта

Sase Ivanovski

Шведски дипломат осомничен за шпионажа е уапсен во Стокхолм

Sase Ivanovski

Владата со суперапликација ќе ги доближува услугите до граѓаните

Sase Ivanovski

Жерновски: Ниедна политичка партија не напушта Влада која е успешна – АА не е било која партија, туку главниот senior partner

Sase Ivanovski

Четири бугарски минерални води аплицираат за поголема европска заштита

Sase Ivanovski

Семејството на Фросина повикува утре на протест по пресудата за Васил Јованов

Sase Ivanovski

Индиски возачи управуваат со македонската градежна механизација

Sase Ivanovski

Политичкиот егоизам предизвикува блокада на Косово

Sase Ivanovski

(ФОТО) Градското собрание Хилверсум во Холандија

Sase Ivanovski
Вчитувам....