Австралиецот Роб Бирн бил нападнат од питон во својот дом, откако суштеството од речиси 3,5 метри се лизнало низ прозорец во неговиот дом и се обидело да му ја изгризе раката на човекот. Британски Дејли Мејл пишува дека Бирн избегал само со полесни повреди.
Тој апелира до луѓето кои чуваат змии како домашни миленици да бидат поодговорни. Австралиските медиуми пишуваат дека во последно време добиваат се повеќе повици од сопственици чии змии избегале од нивните домови.
Машкиот питон го нападнал Бирн така што преку отворен прозорец влегол во неговиот дом.
– Неговите заби ми ги заби во раката, течеше крв насекаде – вели Бирн.
Според него питонот што го нападнал „очигледно му припаѓал на некого“.
– Тие не се автохтон вид во оваа земја, па или некој бил неодговорен и го ослободил или питонот побегнал поради несоодветни мерки за чување- рече Бирн.
Џим Грин од локалната противпожарна служба изјавил дека причината за зголемениот број на змии миленичиња кои бегаат од нивните сопственици ова лето може да биде тоа што тие луѓе немаат доволно пари да ја платат електричната енергија неопходна за загревање на влекачите во нивните кафези.