9.5 C
Скопје
15/05/2025 01:33
МАКТЕЛ

     

ЦРНИ ВРЕЌИ СО ПАРИ, ПУРИ, ВИСКИ… Фрчат жестоки обвинувања во расправата за изборот на Гаши

      

Амир, не му верувајте на кондураџијата печатар кога ве праќа по работа. Да те потсетам Амир, слушај ме Димитар, овде со Талат си делевте комплименти. Тој те нарекуваше Че Гевара, ти него Фидел Кастро, пушевте пури со скапо виски. Затоа овој ден е празник за целиот македонски народ, а тажен за ДУИ, Левица и за тебе Димитар Ковачевски кој ни го испраќаш Апасиев да држи говори, реплицираше Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ на Амар Мециновиќ од Левица.

Изет Меџити од коалицијата Вреди ги повика пратениците да го поддржат Африм Гаши за претседател на Собранието. По неговото обраќање почна жестока дебата во која збор зедоа пратеници од неколку партии.

– Дозволете во неколку збора да го образложам предлогот на Африм Гаши за претседател на Собранието. Тој е пратеник веќе 8 години. Ова му е трет мандат од граѓаните. Има големо искуство и има висока работна етика. Во биографијата може да се види дека и според образованието може да ја заврши оваа задача. Тој е еден од ретките пратеници кој не е спомнат во ниту една работа поврзана со корупција иако неговата партија била на власт. Ве повикувам да ја поддржите кандидатурата и да ги надминеме политичките поделби – рече Меџити.

   

Потоа збор зеде Амар Мециновиќ од Левица.

– Денеска имаме јасен приказ дека силно ВМРО-ДПМНЕ најмногу значи силна Алтернатива. Оваа партија која беше измеќар на СДСМ, токму СДСМ ја избрка од мнозинството за да ја замени со Алијанса. Оваа избркана партија ВМРО-ДПМНЕ сака да ја круниса. Алтернатива и нивната коалиција дозволија една делегитимирана влада, тоа го спаси ДУИ од пропаст. Три години имавме нелегитимна влада. А тогашната опозиција, која велеше дека ќе има активна блокада, не само што не блокираше, туку сега ги крунисува овие партии. ВМРО-ДПМНЕ сега ќе ги собере сите рецидиви од претходната власт за да може да владее. Што значат овие 58 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ? Вашите гласачи имаат проблем со ова, со внесување на Бугарите во Уставот. Јас искрено, малку повеќе им верувам на албанските партии за уставните измени отколку на ВМРО-ДПМНЕ. Ајде да видиме како е во регионот – таму најголеми партии се левичарските партии. Зошто ВМРО-ДПМНЕ е толку импотентно? Ајде да го цитираме поранешниот претседател на партијата Никола Груевски, тогаш тој обвини дека шурувате со СДСМ за да донесете уставни измени. Ваши беа зборовите „ВМРО-ДПМНЕ се спремни да направат влада со СДСМ за да ги донесат уставните измени“. Значи, вие сте криминалци. Вие формирате нов обичај, ова спикерско место да оди под етнички клуч. Тоа е уште полош обичај од принципот „победник со победник“. Затоа, не бираме смао спикер, туку Гаши ќе биде идниот кој ќе владее со ова Собрание. Ги браните Македонците од бинационалност, а всушност бинационалноста ја легализирате. Затоа, на оваа седница ќе биде јасно дека сите прогресивни сили ќе застанат на страната на Левица против оваа нова влада на ВМРО-ДПМНЕ – рече Мециновиќ.За реплика се јави Бојан Стојановски кој рече деа ова е евтин политички театар на коалицискиот партнер на ДУИ.

– Не можете тука да ги напаѓате ДУИ, а во Град Скопје да бидете нивен поддржувач. Силна Левица значи силен ДУИ. Сега го сменивте работодавецот. Силните илјадници евра од државната видеолотарија кои ви ги носеа кажуваат многу за вас. Кога видовте дека без вас ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните избраа претседател шегата. 436.000 гласачи го поддржаа ВМРО-ДПМНЕ. Вие водите џаначка политика базирана на евра – рече Стојановски.Мециновиќ побара контрареплика:

– Во Град Скопје вашата градоначалничка го гласаше последниот извештај со вашите советници и советниците на ДУИ. Така е и во Велес, така е и со Нефи Усеини, а сега со Таравари ќе најдете нов јазик.На ова реплицираше Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ:

– Амир, не му верувајте на кондураџијата печатар кога ве праќа по работа. Да те потсетам Амир, слушај ме Димитар, овде со Талат си делевте комплименти. Тој те нарекуваше Че Гевара, ти него Фидел Кастро, пушевте пури со скапо виски. Затоа овој ден е празник за целиот македонски народ, а тажен за ДУИ, Левица и за тебе Димитар Ковачевски кој ни го испраќаш Апасиев да држи говори. Прв кој ја лиферуваше веста на Груби дека биле купени пратеници, но втор ја лиферуваше токму Борислав Крмов. Почитувајте ја желбата на овој народ да живее нормално. Не остана ништо од Ахмети, Груби и од Апасиев. Политиката на Левица „против сите“ е прочитана и треба да ја почитувате волјата на мнозинство.Мециновиќ на ова возврати:

– Советите кои ми ги давате не се компатибилни. Кога вашиот лидер ве тераше да му пуштате слики дека сте му лојални, а не на Груевски. Овде Собранието ќе го води партија со 2 пратеника, а не доминантната партија, како што е во регионот. На крај, Гаши ќе ни биде технички премиер кој ќе ви командува со истиот епилог како премиерот Џафери.На ова реплицираше пратеникот Халил Снопче:

Мециновиќ му реплицираше на Снопче:

– Колега, вие не ослободувате од сами себе. Бевте дел од претходната влада, а сега пак сте во влада. Бевте анти-ДУИ, па потоа со ДУИ во претходната влада. Дали тоа пак ќе биде случај? Допрва ќе видиме.Следен збор зеде Крмов:

– Се брза со конститутивната седница и со изборот на претседател на Собранието. Се брза поради новиот Деловник кој ќе биде фабрика за носење нови закони. Дебатата е ускратена. Немате почит према Собранието. Го сведувате на извршител, обичен чиновник. Брука е што само 6 пратеници на Левица зедоа збор. Каде сте да говорите, 58 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ? Гаши ќе владее во типичен манир на албанското малцинство, што значи од сенка. Едвај се појавуваше на седници. Нема искуство како координатор. Нема искуство како претседател на комисија. Четири години нема земено збор. Единствено што најдов кавга меѓу него и Арбр Адеми во салата „Борис Трајковски“. Ќе биде полош и од Талат Џафери. Не е свесен во што се впушта, колку работа има таму. Не е претседател само пушење пури и пиење виски. Тој ја сака функцијата поради престиж и етнички предзнак. Ние де факто влегуваме во бинационалност. Квалификациите се „само да е Албанец“. Тој нема изјави, но неговата партија БЕСА во статутот се залага за бинационална држава, Касами кажа на митинг дека Македонија треба да стане третата албанска држава. Е сега тие на ВМРО-ДПМНЕ им се коалиционен партнер. Немаат почит кон ништо македонско. Од нив очекувам само самоволие. Етикетата СДСМ се замени со ВМРО-ДПМНЕ. Како ВМРО-ДПМНЕ ја продаде куќата? Имаа 58 пратеници сами да си изгласаат влада, а паднаа пред албанските националистички партии. Затоа ли народот ви даде власт? ВМРО-ДПМНЕ брзо ќе омекне во ваква влада.

На ова реплицираше пратеникот Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ кој ги обвини Левица дека во Шарената револуција ги кршеле канцелариите на претседателот на државата.Крмов рече дека требало да има влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и Левица за македонски спас, но дека ВМРО-ДПМНЕ не прифатило.Збор зеде Јована Мојсоска од Левица.

– Во 2017 кога Џафери се избираше за спикер, тогаш СДСМ имаше 49 пратеници, ДУИ имаше 19 пратеници. Сега гледаме како партија која имаше 61 пратеник во претходната влада, сега гледаме како истата партија ќе ја надградува платформата на ДУИ со „Косовска платформа“ на Вреди – рече таа мислејќи на ВМРО-ДПМНЕ.

– Единствено што можам да најдам дека Гаши беше иницијатор за рушењето на споменикот на Цар Душан. Тој го условуваше Заев за мешање директни експерти од надвор за решавање на судски процеси како „Алфа“. Тој како и сите останати пратеници од Вреди не се чувствуваат комотно кога се пее македонската химна. За нас не е проблем што Гаши е Албанец. Не, Гаши е обичен необалист. Во која било европска држава оваа партија ќе беше прогласена за антидржавен елемент. Сега на овие партии им ја даваме втората најклучна позиција во власта – собраниски спикер. Ја заменивме Тиранската платформа со Косовска платформа. Ахмети одеше кај Еди Рама, Гаши ќе оди кај Албин Курти на Косово да потпише дека Македонија е трета албанска држава. Во новата влада ќе се обединат неоврховизмот и необализмот.На ова Коџаџику, ја праша Мојсовска на што мислела кога рекла дека на Вреди им пречи македонската химна.Збор зеде Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ:

– Мојсовска на свои 24 години ја уништуваше куќата на Христо Узунов и во Шарената револуција го донесе на власт Зоран Заев и целиот македонски народ го плаќа цехот за политиките на Левица. Се сеќавате како завршија Јакобинците. Таму сте тргнале со овој памет. Имавте шанса да се покажете. Многу сакате црни вреќи со евра. Овде не бираме Македонци, Албанци или други етнички заедници. Овде спроведуваме коалициски договор со кој ВМРО-ДПМНЕ ќе ги оствари ветувањата пред македонските граѓани.

   

Најново

(ВИДЕО) Семејството на Фросина и група граѓани на протест за 12-годишната казна на Јованов

Sase Ivanovski

УКРАИНА ЌЕ ГИ МОБИЛИЗИРА СТУДЕНТИТЕ Сите над 25 години ќе бидат избркани, инспекции на над 100 високообразовни институции

Sase Ivanovski

ГЕРМАНСКАТА ВОЈСКА ЌЕ БИДЕ НАЈМОЌНА ВО ЕВРОПА Мерц побара од Европа и САД да го отфрлат секој мировен план диктиран од Русија

Sase Ivanovski

ЗЕЛЕНСКИ ГО ПОТПИША ЕКОНОМСКИОТ ДОГОВОР СО САД Чудна тишина во Москва

Sase Ivanovski

БРОДОВИ, ХЕМИКАЛИИ, КОМПАНИИ Европа ги усогласи новите санкции за Русија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 10 СОБИ, ПРИВАТНА КАПЕЛА, БАЗЕН И ТЕНИСКО ИГРАЛИШТЕ Ова е резиденцијата на Папата, само погледнете како изгледа

Sase Ivanovski

ТАРАВАРИ ЈА СВРТЕ ПЛОЧАТА КОГА МУ ПРОПАДНА ПЛАНОТ ЗА ПАРКИРАЊЕТО ВО КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР Ристески е уверен дека нема да го следат сите функционери од Алијанса

Sase Ivanovski

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ОСТАНУВА КАЈ ВРЕДИ Не се водат разговори за размена на ресори

Sase Ivanovski

ПРОТЕСТ ПРЕД „ЈАН АМОС КОМЕНСКИ“ Родители не ги пуштаат децата на училиште поради насилен соученик

Sase Ivanovski

Гутереш: Ако не ја одбраниме Украина ќе следи хаос низ целиот свет

Sase Ivanovski

„Време е на младите“ – Шкодран Алили побара поддршка од ДУИ и Вреди за Кичево

Sase Ivanovski

Нови пријави до ДКСК: Сомнежи за незаконско унапредување во АНБ на братот на министерот и магистрирањето на Јанев

Sase Ivanovski

Костадинов: Советниците на ДПМНЕ гласаа против меморандумот за меѓуопштинска соработка меѓу Струмица и Кочани

Sase Ivanovski

Мицкоски: Ќе се инвестира во здравството, енергетиката, а ќе се реконструира и модернизира и железничкиот транспорт

Sase Ivanovski

Аџибадем Систина“: Нашата драга Гордана Илиевска заминува во заслужена пензија

Sase Ivanovski

Александар Николоски: Денеска заедно со премиерот Христијан Мицкоски остваривме средба со Дама Карен Пирс

Sase Ivanovski

Специјалната претставничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан во прва посета на Македонија

Sase Ivanovski

САД и Саудиска Арабија потпишаа договор за оружје вреден 142 милијарди долари пред средбата на Трамп со сирискиот лидер

Sase Ivanovski

Велика Британија воведе санкции за државен танкер на Азербејџан поради транспорт на руска нафта

Sase Ivanovski

Зеленски: Трамп мора да разбере дека Путин е вистинската пречка за мировен договор

Sase Ivanovski

Претседатлот на Судскиот совет да се разрешува јавно, предвидува новиот предлог-закон

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Травари е уценет од ДУИ и СДСМ

Sase Ivanovski

ОЈО Битола бара да опстои мерката замрзнување парични средства во предметот за злоупотреби во РЕК Битола

Sase Ivanovski

Изложба на Сашо Блажес насловена „Нурни во мене“ денес во Музеј на Град Скопје

Sase Ivanovski

Таравари: Оставка од министер поднесувам утре

Sase Ivanovski

Една третина од децата во Македонија живеат под националниот праг на сиромаштија

Sase Ivanovski

Брза железница во Македонија – сериозен план или предизборен воз без возен ред?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Премиерот Мицкоски најави инвестиции во висина од околу 2 милијарди евра

Sase Ivanovski

Потпретседателката на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Весна Бендевска гостуваше во емисијата „За или против“ на телевизија „Алфа“.

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Втор претрес денеска во демирхисарско, пронајдена дрога и оружје, лишено од слобода едно лице

Sase Ivanovski

Филипче за одбиениот закон за Кочани: Ова не беше момент за политички инает, туку за одговорност и зрелост

Sase Ivanovski

Регионалната конференција „Empowered“ во Скопје ги обедини актерите од Западен Балкан за поголема инклузија на лицата со попреченост

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова на средбата со Карен Пирс: Потребни се креативни решенија и гаранции за македонската евроинтеграција

Sase Ivanovski

ДИМИТРИЕВСКИ ОД ШТИП: ДОСТА БЕШЕ МОЛК – ФИЛИПЧЕ, ШТО ИЗНEСЕ, ЧИЕ БОГАТСТВО ГО ОДНЕСЕ?!

Sase Ivanovski

Кузеска: Излегувањето на Таравари потврди дека владата не функционира

Sase Ivanovski

Арбен Таравари: Алијансата за Албанците будно ги следеше „тврдењата“ на ВМРО за нашата партија и нејзиниот претседател

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Очекуваме Филипче да ја покаже потврдата од Министерството за здравство на ОАЕ, ако ја нема да се извини на граѓаните и да поднесе оставка

Sase Ivanovski

Ристески: Таравари не дава релевантни факти зошто излегува од Владата, ние продолжуваме да работиме за доброто на сите граѓани

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Претрес во валандовско, пронајдена марихуана, приведено едно лице

Sase Ivanovski

(ФОТО) Царинска управа: спречени обиди за криумчарење лекови и медицински материјали

Sase Ivanovski

Доделени Договори за финансиска поддршка од Општина Куманово на здруженија од областа на здравствена и социјална заштита

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Ако Филипче преговарал за златна виза за да работи за доктор, како добил златна виза а нема нострифицирана диплома?

Sase Ivanovski

Министерство за правда: Предлог законот за Судскиот совет предвидува разрешувањето на претседателот на Судскиот совет да се врши јавно

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски: Започна изградбата на спортската сала во ОУ „Гоце Делчев“ во Долно Лисиче

Sase Ivanovski

(ФОТО) Мицкоски: Двојно е зголемен буџетот за науката, околу 680 милиони денари за научни трудови

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ковачки: Таравари јавно да одговори со што е уценет од СДС и ДУИ

Sase Ivanovski

Мицкоски: Инвестициски бум од околу 2 милијарди евра – ќе се инвестира во здравството, енергетиката, а ќе се реконструира и модернизира железничкиот транспорт

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Без план и без резултати, за една година се распаѓа владата на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ Прилеп: Прес-конференција на Петра Лукароска

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Реформските закони за правосудство ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

Sase Ivanovski

Средба на МЕП Муртезани со претставници на Европската агенција за дроги (EUDA)

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Пратениците на ВМРО ДПМНЕ не гласаа и не го поддржаа предлогот на СДСМ за помош на жртвите од трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

(ФОТО) Македонските општини на терен во Србија: Чајетина како пример за трансформација на комуналните претпријатија и одржлива општинска реформа

Sase Ivanovski

Средба на претседателот Африм Гаши со Карен Пирс, специјален пратеник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Sase Ivanovski

(ФОТО) МЛАДИ ПАРЛАМЕНТАРЦИ НА СРЕДБИ ВО БРИСЕЛ

Sase Ivanovski

(ФОТО) Средба Мисајловски – Пирс: македонско – британската одбранбена соработка на највисоко ниво, Обединетото Кралство останува наш силен сојузник

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Инјектирани нови 41,2 милиони евра во домашната економија, исплатена третата транша од унгарскиот заем наменет за компаниите

Sase Ivanovski

Министерство за одбрана: Началникот на Генералштабот на Армијата на Конференција на Воениот комитет на НАТО

Sase Ivanovski

Уставниот суд ја продолжува соработката со Мисијата на ОБСЕ во Скопје

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Петрушевски: ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи трагедијата во Кочани да биде злоупотребена за политички маркетинг

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Спасовски: Законот за Кочани беше можност да покажеме единство, солидарност и промена на системот

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Претрес во демирхисарско, пронајдено оружје и муниција, лишено од слобода едно лице

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Филков да не го кочи реформскиот процес

Sase Ivanovski

Реакција на министерот за правда Игор Филков за прес конференцијата на СДСМ

Sase Ivanovski

Мицкоски: Со особено задоволство присуствував на поставувањето на камен-темелникот на новата училишна спортска сала при подрачниот објект на ОУ „Гоце Делчев“ во с. Долно Лисиче, Општина Аеродром

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ ПРИЛЕП: Добар ден прилепчани😁 Ова е скандинавско управување со европски Прилеп‼️ ДПМНЕ го уништи Прилеп‼️

Sase Ivanovski

Костадинов: Денеска се ставени темелите на агротуризмот. Отвараме нова страница на можностите и потенцијалите на Струмица!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Камионџија оди по невеста во Кожани, Егејска Македонија

Sase Ivanovski

Edifício FIESP, лоциран на Авенида Паулиста во Сао Паоло, Бразил, значаен пример на бразилската модернистичка архитектура…

Sase Ivanovski

Нови правила за патарините низ Македонија: Попусти за возачите

Sase Ivanovski

Изјава на премиерот Христијан Мицкоски од поставување на камен темелник на спортска сала во Општина Аеродром

Sase Ivanovski

DynamicsMinds 2025 – Конференција каде магијата се среќава со иновациите

Sase Ivanovski

Претставка за постоење на сериозни индиции за штетен и противзаконски договор за закуп на гасен капацитет од терминалот во Александрополис, Грција, со барање за поништување на договорот и покренување на истражна постапка за одговорност

Sase Ivanovski

АНАЛИЗА: Внатрешниот долг за три месеци зголемен за 25,5 милиони евра

Sase Ivanovski

Худолин: Средствата од Планот за раст се префрлаат по спроведувањето на реформите, а не однапред

Sase Ivanovski

Ахмети: ДУИ ќе ја брани Кичево, албанските кадри ќе продолжат да управуваат

Sase Ivanovski

Косовец обвинет за сајберкриминал екстрадиран во САД

Sase Ivanovski

Апелација го осудила без да го извести за седница – зошто Врховен ја укина пресудата на Јованов за дрога?

Sase Ivanovski

Полска откри обид за мешање во претседателските избори, Германија уапси тројца руски шпиони

Sase Ivanovski

Вицепремиерот Фетаи покажа добро владеење кон Мицкоски, во вторник Таравари ќе се збогува со функцијата

Sase Ivanovski
Вчитувам....