Претходно, на автопатот кај место викано „Одмаралиште”, тој со возилото не застанал на знак за запирање даден од полициските службеници, но набргу бил запрен и лишен од слобода, известуваат од МВР.МВР информира дека денеска, во 11.30 часот, на автопатот Скопје – Гевгелија, во близина на клучката Миравци, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Ј.И. (26) од Скопје, затоа што со возило „алфа ромео” со швајцарска национална ознака, превезувал осум лица мигранти (шест од Сирија и две од Пакистан).
„Претходно, на автопатот кај место викано „Одмаралиште”, тој со возилото не застанал на знак за запирање даден од полициските службеници, но набргу бил запрен и лишен од слобода“, известуваат од МВР. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против Ј.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.