Јавното обвинителство објави официјален список со возраста и бројот на починати лица кој е доставен до нив од Судска медицина. Најмладите жртви во катастрофата што се случи во дискотеката „Пулс“ во неделата рано утрото во Кочани, имале 16 години и 17, а најстарата жртва имала 48 години, објавија денеска од Јавното онвинителство. Оттаму објавија официјален список со возраст и број на починати лица кој е доставен до нив од Судска медицина. „Извештаите од извршените обдукции се изготвуваат и ќе бидат доставени до Обвинителството“, информираат во Обвинителството.
Ги пренесуваме податоците што ги достави Обвинителството до јавноста: 16 години – тројца загинати, 17 години – тројца загинати, 18 години – четворица загинати, 19 години – еден загинат, 20 години – двајца загинати, 21 година – шестмина загинати, 23 години – двајца загинати, 24 години – седуммина загинати, 25 години – тројца загинати, 26 години – седуммина загинати, 27 години – двајца загинати, 29 години – еден загинат, 30 години – тројца загинати, 31 година – двајца загинати, 32 години – еден загинат, 33 години – еден загинат, 36 години – четворица загинати, 38 години – двајца загинати, 43 години – еден загинат, 44 години – двајца загинати, 47 години – еден загинат, 48 години – еден загинат. Во текот на денешниот ден во неколку градови во Македонија се одржуваат погребите на загинатите лица, кои настрадаа во пожарот што се случи во дискотеката „Пулс“.