Меморандумот за соработка меѓу ЕУ и Србија е јасен показател и доказ за тоа како Србија може прогресивно да се интегрира уште повеќе во економијата на ЕУ и како сакаме Србија да напредува, просперира и како сакаме Србија што поскоро да влезе во ЕУ. Ве гледаме, ве сакаме во ЕУ. Ова го истакна, потпретседателот на Европската комисија Марош Шефчовиќ по потпишувањето на Меморандумот за разбирање за стратешкото партнерство меѓу Србија и Европската Унија денес во Белград, пренесе Н1.
-ЕУ ќе ги почитува највисоките еколошки стандарди, а во пракса тоа значи првото нешто кога станува збор за критичните суровини, батериите, регулативите за нив кои штотуку стапија на сила минатата година. ЕУ ја има најсеопфатната регулаторна рамка во светот за оваа област. Секоја батерија што ќе влезе на пазарот на ЕУ ќе има дигитален пасош, тоа веројатно ќе биде со QR код, каде јавноста ќе може да пристапи до сите информации од типот дали се исполнети еколошките и социјалните стандарди на батеријата – рече Шефчовиќ.