Олаф Шолц / Фото EPA-EFE/OLIVIER MATTHYS
Олаф Шолц германскиот канцелар во телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рекол дека треба да склучи договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците кои ги држи палестинската група Хамас, која САД и ЕУ ја сметаат за терористичка организација.За ова информираше портпаролот на германската влада, Волфганг Бухнер, на 11 авуст. Шолц рекол дека се постигнати многу воени цели во борбата против Хамас, додека цивилните жртви и човечките страдања во Појасот Газа се огромни, според германската влада, јави РСЕ.„Завршувањето на војната во Газа би било одлучувачки чекор кон регионална деескалација“, изјави портпаролот Бухнер.
Во разговорот, Шолц изразил загриженост за опасноста од регионална војна на Блискиот Исток и јасно стави до знаење дека германската влада силно ги осудува заканите од Иран, Хезболах во Либан и други против безбедноста на израелските граѓани, рече Бихнер. Групата Хезболах е означена како терористичка организација од страна на САД.
Канцеларот ја истакнал потребата да се стави крај на „деструктивната спирала на одмаздничко насилство, да се намалат тензиите и да се работи конструктивно на деескалација“.