Санчез во телевизиско обраќање рече дека Шпанија нема да признае никакви промени на палестинските граници по 1967 година, освен ако сите страни не се договорат за тоа, пренесува Ројтерс.
Шпанската влада официјално ја призна палестинската државност на денешната средба, објави министерот за надворешни работи Хозе Мануел Албарес.Покрај Шпанија, признавање на Палестина денеска најавија и Ирска и Норвешка, наведувајќи дека со овој потег ќе се забрзаат напорите да се обезбеди крај на војната во Газа.