Денес во координаци со командирот на ТППЕ Штип Благој Ренџов мојата хуманитарната организација “подај рака спаси живот” од штипската фирма МООНЛЕХ ДООЕЛ Штип во сопственост на Мартин Алексов, син на поранешниот градоначалник на Општина Штип Зоран Алексов прими донацијата од 1500 заштитни маски од највисок квалитет наменети за штипските пожарникари за да ни служат во борбата со огнените стихии кој беснеат во државата вакви маски ни беа неопходни и те како за здравјето на секој еден пожарникар при гасењето на шумските пожари и сакаме јавно да им се заблагодариме на хуманоста покажана на дело !
Бившиот градоначалник Зоран Алексов денес лично не посети во Тппе Штип и ни ја достави донацијата а со гордост можам да потврдам дека оваа одговорна фирма МООНЛЕХ ДОЕЛ ШТИП потврди дека ќе донира дополнително 20000 маски за сите останати територијални противпожарни единици во Република Македонија 

Мој предлог до фирмата беше останатите 20000 заштитни маски наменети за другите потивпожарни единици лично да се предадат на Стојанче Ангелов беше прифатено веднаш од нивна страна и лично ќе биде човекот исконтактиран за да навремено секоја единица секој командир во државата си ја прими донација за својата единица .Вака се работи за државата вака се сака татковината со дела а не празни зборови !
Александар Горгиевски