„Велиме да се зборува за менталното здравје на отворено и затоа настанот секогаш го правиме на отворен простор, односно на плоштад или на друг отворен простор, односно да не се зборува зад затворени врати за темава. Целта е дека менталното здравје не е луксуз тука е потреба и право на секоја индивидуа да биде ментално здрав исто колку што е и телесно. Ментално здравје не значи само отсуство на некоја болест туку да се чувствуваш среќен“, изјави Д-р Славица Арсова, директорка на Клиниката за психијатрија.
За спречување на „синдромот на прегорување“ потребно е вработените да работат во безбедна средина со тимска работа, да ги користат паузите и годишните одмори, да го користат правото да кажат „НЕ“ кога е потребно, да ги споделат проблемите со некого и да бараат награда за вложените напори.