Има нешто што се вика судир на интереси, кога газдата на телевизијата е најголем трговец на енергенси и учествува на тендер на ЕСМ и ти како телевизија отекуваш секој ден за тој тендер со критика зошто се набавило енергенс со фиксирана цена за 6 месеци а не од месец на месец со што се фаворизира понудата на твојот газда, тоа е бесрамно служење на интересите на својот газда а не на јавниот интерес.
Зошто молчат ЗНМ, СЕММ, АВМУ за оваа злоупотреба на јавен медиум кој би требало да им служи на граѓаните и јавниот интерес а не на една компанија и нејзините акционери?! Што правиме ако цената на гасот пораснеше на берзите а државата набавеше гас со месечни договори, тогаш државата ќе изгубеше огромна сума на пари, кој ќе одговараше тогаш?!
Би било достоинствено за Телма да не ја таргетира темата со енергенси или да и пристапи одговорно а не пристрасно и да не се однесува како ПР одделение на Макпетрол, ова е брука за медиумот и за новинарите во неа кои се големи брендови и таленти кои се респект и пример за младите новинари. Барем така беше до овој момент, овие денови е срамно и тажно да си новинар во Телма, тие се или заложнци или одбрале да се стават на служење на газдите наместо на јавноста како што беше сите овие 20 години откога постои оваа ценета и реномирана телевизија која многу помогна да се сруши режимот на Груевски за што заслужуваат респект и благодарност.