Министерката за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ за весникот „Блиц“ изјави дека започнување јавна расправа за предлог-законот за измени на Законот за енергетика со кој се предлага укинување на забраната за изградба на нуклеарна централа, не може да се поврзе со посетата на францускиот претседател Емануел Макрон.
Како што рече таа, предлогот за изменување и дополнување на Законот подразбира сеопфатна подготовка и се однесува на целото поле на енергетиката, каде делот што се однесува на нуклеарната енергија е еден од предложените измени. Ѓедовиќ Хандановиќ рече дека искуството покажува дека времето од првичното разгледување на опцијата за нуклеарна централа до почетокот на работата на првата нуклеарна централа е најмалку 10 години, пишува Нова рс.
На прашањето за складирањето на нуклеарниот отпад од Франција во Србија, Ѓедовиќ Хандановиќ рече дека е неодговорно да се заплашува јавноста со неосновани аргументи за увозот на радиоактивен отпад.
„Никој со ништо не не условува, ќе ги бараме најдобрите долгорочни решенија во интерес на нашата земја и граѓаните на Србија“, рече Ѓодовиќ Хандановиќ, додавајќи дека домашните закони, директивите на Европската унија и конвенциите на Обединетите нации дефинираат дека во Србија не може да се одложи нуклеарниот отпад од Франција.