19.8 C
Скопје
24/06/2024 02:56
МАКТЕЛ

  

     

 

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

      

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на завршната регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ – Гласно и храбро ги поместуваме границите“.
Конференцијата е во организација на Министерство за труд и социјална политика, како дел од караванот за ментално и економско зајакнување на жените кон комплетна родова благосостојба „Гласна и храбра“, а по повод месец март –месец на жените.

   

На дводневната конференција која се одвиваше во шест панели дискутираа претставници од државните институции, дипломати во нашата земја, претставници на меѓународни организации и граѓанскиот сектор, а воведни обраќања имаа министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и раководителката на канцеларијата на ОН Жени во Северна Македонија, Весна Ивановиќ Кастаред.

 

Во своето обраќање пред присутните, сопругата на претседателот истакна дека кога зборуваме за Република Северна Македонија треба да се спомене дека во текот на 2021 година, подготвенa е Стратегија за родова еднаквост 2022 – 2027, врз чија основа е подготвен Национален акциски план за родова еднаквост 2022 – 2024 година. Но, покрај носење на законската регулатива, потребна е доследна имплементација, како и конкретен ангажман околу суштествената сензибилизација во сите сфери, од интимните до професионалните. Сите во својот домен, и лично и професионално мораме да придонесеме кон искоренувањето на родовата нееднаквост.
Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска.

   

     

Почитувани учесници,
Почитувани гости,
Драги пријатели.
Почестена сум со можноста да се обратам на оваа исклучително важна регионална конференција. Како дел од караванот за ментално и економско зајакнување на жените кон комплетна родова благосостојба „Гласна и храбра“, кој го организира министерството за труд и социјална политика на Република Северна Македонија, конференцијата на едно место собра навистина истакнати креатори на политики, експерти, активисти. Со особено интересни панели посветени на најгорливите прашања што ја засегаат родовата проблематика убедена сум дека конференцијата ќе поттикне размисли, иницијативи, идеи, енергија и мотивација за надминување на родовите бариери.

За жал, покрај темите за застапеноста на жените во политиката, за нивното учество во процесите на одлучување за клучните политички и општествени прашања, за нееднаквоста на примањата односно нееднаквото вреднување на трудот помеѓу половите, сѐ уште се јавуваат и прашања за кои мислевме дека се надминати, како што се малолетничките бракови, пристапот до здравствена заштита, еднакви можности за образование, спорт, итн. И веќе е неприфатливо да се релативизира со наративите за менталитет, традиционални вредности, културно милје, здравствена криза, финансиска криза… Едноставно мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација. Веднаш и сега.

Кога зборуваме за Република Северна Македонија треба да се спомене дека во текот на 2021 година, подготвенa е Стратегија за родова еднаквост 2022 – 2027, врз чија основа е подготвен Национален акциски план за родова еднаквост 2022 – 2024 година. Но, покрај носење на законската регулатива, потребна е доследна имплементација, како и конкретен ангажман околу суштествената сензибилизација во сите сфери, од интимните до професионалните. Сите во својот домен, и лично и професионално мораме да придонесеме кон искоренувањето на родовата нееднаквост.

Промените за родова еднаквост потекнуваат од сите нас, и можат да се решаваат само со синергија помеѓу личната одговорност и институционалните стратешки политики. Родовата еднаквост е обврска на секој граѓанин за создавање општество во кое секое девојче може да смета дека во иднина ќе ги има истите можности за образование, вработување и квалитет на живот како и секое момче. Колку повеќе ние вложуваме во родовата еднаквост, толку повеќе ќе им овозможиме на идните генерации да наследат општество во кое стереотипите и системските бариери ќе се намалуваат.

Треба да ја прекинеме и трансформираме историјата на родовата супресија и насилство кое не е само физичко, туку и пасивно, изразено преку систематското игнорирање и маргинализирање на општествената позиција на жената.
Секоја иницијатива која има за цел унапредување на родовата еднаквост е важна и треба да се поддржи, затоа што еднаквите права и можности се основа на секое демократско и избалансирано општество. А секое демократско општество мора да ги земе предвид потребите на сите граѓанки и граѓани во креирањето, носењето и спроведувањето на политиките.

Почитувани,
Би сакала во ова прилика да истакнам колку е важно да се инсистира на еден извонредно значаен сегмент, а тоа е медиумската застапеност на проблематиката за која се дебатира на конференцијата. Неопходна е соодветна застапеност на програмите поврзани со родовите прашања, како и на програмите кои обработуваат теми од родова перспектива. Ова се однесува на традиционалните, но и на социјалните медиуми. Во овој контекст мора да се спомене и говорот на омраза базиран врз родовата нееднаквост кој неконтролирано се шири низ интернет просторот, а доби на интензитет последниве неколку дена. Не помалку битно е соодветното третирање на проблематиката на родовата нееднаквост и во наставните програми и содржини односно ползување на наставни материјали и учебници кои промовираат родова и полова еднаквост и прифаќање на различностите.

Статистиката воопшто не е во прилог на родовата еднаквост. Имено, жените поминуваат три пати повеќе време за активности поврзани со домаќинството од мажите, и имаат многу помалку слободно време обременети со традиционалните родови улоги, кои се силно присутни кај речиси половина од жените, особено кај припадничките на не-мнозинските заедници. Економската зависност дополнително предизвикува дискриминација на жените. Иако работоспособни тие не бараат работа, туку се грижат за семејството и домот. Статистички жените извршуваат 72% од неплатената работа поврзана со грижа за домот, децата, возрасните лица и лицата на кои им е потребна поддршка, а вработените жени со високо образование пак заработуваат 22% помалку од мажите со високо образование. Зад оваа неповолна статистика не се кријат само бројки, туку човечки судбини, личности со име и презиме кои заслужуваат рамноправност и еднакви права.На крајот, би сакала уште еднаш да упатам повик, сите активно да се вклучиме во секојдневната борба за општество за родова еднаквост, ако сакаме да живееме во општеството на слободни индивидуи.

    

Најново

Бајдевски, Петровска – Кој сака да биде претседател на СДСМ? – Стадион на Канал 77

Sase Ivanovski

Видео: Терористи во Русија нападнале црква и синагога, има жртви

Sase Ivanovski

Смокови нападнале гулабарник во штипско Лакавица – пердуви на сите страни

Sase Ivanovski

Терористички напад во Русија – напаѓачи пукале во црква во Дагестан, убиени се двајца полицајци

Sase Ivanovski

„Макрон ја доведе Франција на чекор од напуштање на ЕУ“

Sase Ivanovski

Трамп: Го избрав потпретседателот на САД

Sase Ivanovski

Се подготвува ли местенка на ЕУРО 2024 – на две селекции им одговара 0:0 за 1/8 финале

Sase Ivanovski

ЦУК: 2 225 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во последното деноноќие

Sase Ivanovski

Нетанјаху повтори дека САД ги задржуваат тиспораките на оружје за Израел, откако Вашингтон веќе ги отфрли тие тврдења

Sase Ivanovski

Несреќа во висококатница во Азербејџан – паднал лифтот, во него имало пет жени

Sase Ivanovski

Во Битола контра парада со знамиња со исус и црковни совети за “вистински семејни вредности“

Sase Ivanovski

УШТЕ ЕДНА КОБНА НЕСРЕЌА НА ХАЛКИДИКИ Загина 25-годишен Албанец

Sase Ivanovski

Внук (19) ја нападнал својата баба во Охрид

Sase Ivanovski

„Фајненшл Тајмс“: Србија индиректно извезла муниција во Украина вредна 800 милиони евра

Sase Ivanovski

Бројот на Египќани кои починаа за време на аџилакот во Саудиска Арабија се искачи на 672

Sase Ivanovski

УЕФА го казни и Фудбалскиот сојуз на Албанија

Sase Ivanovski

Компјутерска измама кружи во Албанија, премиерот Рама ги предупреди граѓаните

Sase Ivanovski

Курти со повик до малцинските заедници да се пријавуваат за работа во јавните институции

Sase Ivanovski

Пеп Гвардиола одмора во Дубровник

Sase Ivanovski

Руско МО: САД сносат „одговорност“ за нападот на Украина на Крим

Sase Ivanovski

„Не се штедете“! – Петар Ниновски и Живко Мукаетов ги советуваа младите на денешната конференција „Чувари на мудроста“

Sase Ivanovski

VIKING CRUISES – Доаѓаат два нови брода

Sase Ivanovski

Со новиот српски воз од Белград до Скопје ќе се патува за помалку од два часа

Sase Ivanovski

ФЗО НЕ ПРАВЕЛ КОНТРОЛА КАКО СЕ ТРОШЕЛЕ ПАРИТЕ ЗА ЗДРАВСТВО Алармантен извештај на Државниот завод за ревизија

Sase Ivanovski

БИТИЌИ ВЕЛИ ВО ИЗБОРНА КАМПАЊА СЕ ВОДИ ЛИЧНА БИТКА Еден од кандидатите за лидер не верува во социјалдемократските вредности

Sase Ivanovski

Галант: Израел е подготвен за „секаква акција што може да биде неопходна во Газа, Либан и дополнителни подрачја“

Sase Ivanovski

Зелените со амбиција да станат дел од мнозинство во Европскиот парламент

Sase Ivanovski

Олена Зеленска: Најлошо е ноќе, плачам и внимавам децата да не ме видат

Sase Ivanovski

Мисајловски: Ќе го вратиме достоинството на Армијата

Sase Ivanovski

Стојаноска: Кадрите за министри во новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ се чесни, вредни, посветени и екстремно подготвени

Sase Ivanovski

Земјотрес со јачина од 6,1 степен по Рихтер ја погоди Венецуела

Sase Ivanovski

Ристески: Ќе покажеме дека не се сите исти

Sase Ivanovski

Муцунски: Да ги исполниме стратешките цели и да ги одбраниме идентитетските прашања, а дипломатијата да ја употребиме во функција на економијата

Sase Ivanovski

Поради обилни врнежи и блокирани патишта, сообраќајот од Велес и од Куманово кон Скопје се пренасочува од Хиподром кон обиколницата

Sase Ivanovski

Тренчевска: Нема нов почеток со стари корумпирани кадри

Sase Ivanovski

Стејт департмент: Изјавата на Мицкоски за употребата на името е во согласност со договорот

Sase Ivanovski

Почина поранешниот пратеник од Кочани, Миле Андонов

Sase Ivanovski

Деспотовски: Мора да обезбедиме секој член што сака да гласа, да гласа

Sase Ivanovski

Нападнат е Киев – ранети најмалку две лица, ракети летале околу станбени згради

Sase Ivanovski

Адвокатски тим бесплатно ќе ја брани жената од Кратово која им пресуди на сопругот и свекорот

Sase Ivanovski

Лукаревска: За неколку дена ВМРО-ДПМНЕ погазија многу ветувања

Sase Ivanovski

Тетовци ги санираат последиците од големото невреме

Sase Ivanovski

Битиќи: Размислувам за кандидатура за лидер на СДСМ, но на партијата не и се потребни дополнителни поделби

Sase Ivanovski

ЦЕЛА УЛИЦА СО РАСФРЛЕНИ БЛОКОВИ ОД ЛИМ Невремето направи хаос и во Аеродром

Sase Ivanovski

Одрони и помали свлечишта од наплатна станица Глумово до Карпалак и Групчин

Sase Ivanovski

Претрес во Тетово, пронајдена дрога

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Валдера ја промовираше новата песна “Заборави”

Sase Ivanovski

СВЛЕЧИШТЕ НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ-ТЕТОВО Возилата не можат да се движат

Sase Ivanovski

Крмов побара од Мицкоски да даде заклетва без Северна

Sase Ivanovski

АЈДЕ НЕКА Е ЗА АРНО, ЗА УБАВО, ОД ВЕЧЕРВА МИЦКОВСКИ Е ПРЕМИЕР: Собранието избра Влада на Република Северна Македонија

Sase Ivanovski

Мицкоски: Ќе морам да ја кажам таа срамна придавка

Sase Ivanovski

Гаши: Владата ќе се гласа најдоцна до 23 часот, можно е пак да снема струја

Sase Ivanovski

ЦУК: Во поплавена куќа во Јегуновце има заглавено семејство

Sase Ivanovski

БОГОЈЕСКИ: ЕДНА ИСТОРИСКА ФОТОГРАФИЈА за моите правнуци… дедо Петар сликан со легендарниот пловен дрон Stalker 5.0 – Made in Ukraine, со кој е потопена 60% од руската црноморска флота – Черноморский флот ВМФ России

Sase Ivanovski

БОГОЈЕСКИ: Проблемот е што нема да имаме КРЕДИБИЛНА опозиција, што е опасно по државноста!

Sase Ivanovski

Бизнисменот Јахоски се придружува на коалицијата на Мицкоски?

Sase Ivanovski

Поплавени подруми и куќи во Тетово – барање да се исклучи струјата во градот, има опасност од струен удар

Sase Ivanovski

Нимиц: Употребата на уставното име во писмена, но не и во усна форма ќе предизвика континуирани проблеми и конфузија

Sase Ivanovski

Екс пратеникот од СДСМ паднал од кровот на викендичката на Осогово и починал

Sase Ivanovski

Поплавени куќи во Тетовско, пожарникарите бараат исклучување на струјата во градот

Sase Ivanovski

ЛУД ДИЗАЈН НА ЗГРАДА ВО ЗЛАТИБОР

Sase Ivanovski

Почина осуммесечно бебе на пат кон скопските клиники – било неухрането

Sase Ivanovski

НЕВРЕМЕ ВО СКОПЈЕ Во градот е хаос, паднати паноа, дрвја, сообраќајот е парализиран

Sase Ivanovski

Почина Исуф Кадриу, беше уредник на Алсат и дописник на РСЕ

Sase Ivanovski

Мисовски: Направивте општа хистерија дека ќе го вратите името и ќе го поништите Договорот со Бугарија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Стојан Андов беше еден од ретките политичари кој има дадено оставка од функција во Македонија

Sase Ivanovski

Филипче: Формирањето на Комисијата за етика е чекор кон создавање подемократска и поодговорна СДСМ

Sase Ivanovski

МНР ги повикува македонските државјани да го напуштат Либан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Километарска колона на влез во Скопје кај Автокоманда – причина е падната метална ограда од надвозник, паднати дрва и големи езера во кои пропаднаа коли и се расипаа

Sase Ivanovski

Синдром на неказнивост

Sase Ivanovski

Град Скопје: Општините а не градот е надлежен за дератизација или постапување во случаи со змии, други влекачи или глодари

Sase Ivanovski

Цистерна се превртела на автопатот Градско – Велес

Sase Ivanovski

Контраадмиралот Риналди нов командант на Операцијата на ЕУ во Медитеранот „Ирини“

Sase Ivanovski

СИРИЗА: Го осудуваме новото прекршување на Договорот од Преспа од господинот Мицкоски

Sase Ivanovski

Младата Мартина од Битола е девојката која загина во Грција Трите нејзини другарки се во болница

Sase Ivanovski

Инфраструктурните проекти кои сега ги ветува ВМРО-ДПМНЕ се почнати од владата на СДСМ, рече Ковачевски

Sase Ivanovski

Родители, не ги отфрлајте вашите деца, бидете спектакуларно непослушни – Парада на гордоста во Скопје

Sase Ivanovski

Не чекајте како мене 44 години, не барајте изговори, станете татковци – нема поубаво: Марко „Дај побрзај“ за татковството

Sase Ivanovski

(ФОТО) ЖЕШКО СЕЛФИ ОД АМАЛФИ Џеј Ло не крие дека ужива сама на јахта

Sase Ivanovski

ОСМИ ПО РЕД Нов напад врз украинската енергетска инфраструктура

Sase Ivanovski
Вчитувам....