Ова го изјави Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата на ТВ21.„Има голем, голем пад на рејтингот на власта. Гледаме голем раст на разочарувањето кај граѓаните, граѓаните не гледаат перспектива, иселувањето е огромно, инфлација која што галопира, цени кои што се ужасни и еден куп корупциски афери“, појасни тој.Ѓорчев додаде дека споредено со 2019-тата година, власта е во многу понеповолна позиција, а ВМРО-ДПМНЕ е во налет.
„Значи во 2019-тата година, точно пред пет години во првиот круг власта го поддржа Пендаровски и СДС, ДУИ, Максим Димитриевски. Значи имаше едноставно концентрација на гласови за Стево Пендаровски, но сепак во првиот круг Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова имаа резултат 2 – 3.000 плус минус. А, сега мислам дека загубата Пендаровски генерално за СДС за две недели ќе видиме, но јас мислам ќе биде околу 100-тина илјади гласови сигурно. Затоа што ДУИ има свој кандидат и ќе си гласаат за него во првиот круг“, рече Ѓорчев.Тој посочи дека само со тоа СДС и Пендаровски ќе имаат значителен пад во гласовите.