Пет нови капитални проекти за подобра иднина на мојот народ!
Денес, општина Кисела Вода ги поднесе петте планирани проекти до Министерството за локална самоуправа, кои ќе донесат добробит и развој на нашата општина.
Се работи за:
– Уредување на речното корито на реката Мала Рада;
– Доградба на училиштето ,,Невена Георгиева – Дуња”;
– Реконструкција на патот кон Пеленица и изградба на тротоар;
– Реконструкција на улицата ,,Ѓорѓи Димитров”;
– Доградба на ООУ ,,Кирил Пејчиновиќ”.
Сакам да изразам огромна благодарност до Премиерот Христијан Мицкоски и Владата на Република Македонија затоа што, за првпат од постоењето на државата, општините и граѓаните добиваат вистинска помош.
Неселективно и без никакви поделби.
Оваа влада е вистински партнер и граѓаните го препознаваат тоа.
Продолжуваме да создаваме подобри услови, затоа што мојот народ заслужува!