Секогаш сум горд кога нашата визија добива конкретен лик.



Впрочем, насмевките што учениците од ООУ ,,Круме Кепески” ги имаат денес, додека го играат првиот фудбалски натпревар на овој терен кажуваат сѐ за важноста на ваквите проекти. Впрочем, ова е уште една во низата значајни инвестиции од ваков карактер на кои општина Кисела Вода интензивно работи во изминатиот период.

Имено, во ООУ ,,Партенија Зографски” се одвива целосна реконструкција на повеќенаменското и кошаркарското игралиште, во завршна фаза е изградбата на модерен спортски центар на местото од поранешното спортско игралиште ,,Славија”, како и во Теферич.


