Ѓорѓиевски: Подстаница комплетно го менува својот лик – од заборавена до урбана населба!
Она досега заборавено место Подстаница во Драчево, каде што со години никој не интервенирал за да обезбеди подобри услови за живеење, сега станува вистинска урбана населба.
Улицата ,,Сердарот” од 6500m2 која со години беше заборавена, сега добива нов асфалт и е проширена, пешачка зона, а краците ги поплочивме со павер елементи.
Го решивме и долгогодишниот проблем со паркирањето во овој дел од општината, па сега жителите имаат на располагање околу 100 паркинг места и метежот стана минато.
Младите ќе имаат можност да спортуваат на новото фудбалско игралиште со квалитетна вештачка трева, како и новото кошаркарско во негова близина додека пак, за најмладите жители градиме ново детско катче со модерни реквизити каде што детската игра тука ќе може непречено да се одвива.
Како новитет, градиме и нов мини плоштад кој ќе биде место за собирање на сите жители од Подстаница, за дружба и одмор, но и многу манифестации.
Иднината се гради со дела, а за нас тие говорат најмногу.
Во Кисела Вода повеќе нема заборавени места, продолжуваме со уште посилно темпо во секоја населба.