После четири децении, нов асфалт на краците 1, 7, 9 и 11 од улицата ,,Христо Татарчев”
Она за кое со доаѓањето на градоначалничката функција дадов збор пред мојот народ, а тоа е дека до крајот на мандатот нема да има неасфалтирани улици во Кисела Вода, се остварува според утврдениот план. Се работи за реконструкција улицата ,,Христо Татарчев” со вкупна површина од 3500 метри квадратни, односно краците 1, 7, 9 и 11 кои со децении биле заборавени од минатите локални власти.
Реконструкцијата на целата патна инфраструктура во Кисела Вода беше голем предизвик.
И денес, со гордост можам да кажам дека направивме повеќе од предвиденото, си поставивме цел и докажавме дека со многу труд, посветеност и желба за работа се стигнува до целта.
Нашата цел е населбите во општината да бидат модерни и да ги нудат сите потребни услови за живеење. Продолжуваме понатаму. Мојот народ заслужува!