„Па така, споредбено со претходното раководство во 2021, во 2022 година се заштедија средства во висина од:
-Консултантски услуги – 100%
-Репрезентација – 100%
-Огласи и други објави – 77,46%
-Изнајмување фотокопири – 73,16%
-Одржување на опрема – 56,24%
-Службени телефони – 26,73%
Или во просек, непродуктивните трошоци се намалија за високи 68, 46% и истата таа заштеда се искористи за капитални инвестиции, односно парите кои претходно се трошеле за непотребни работи, денес се насочуваат во граѓаните.
Дополнително, лично како градоначалник имам 0 денари трошоци за гориво, 0 денари за репрезентација и 0 денари за службено возило. Вкупната заштеда е 1.407.000 денари!“, пишува Ѓорѓиевски.