👨🏫 Пред почетокот на новата учебна година, повторно излегуваме со сет мерки за субвенционирање на социјално загрозните деца од училиштата и градинките од овој дел на градот.
♥️ Во насока на заложбите за создавање еднакви можности за сите деца и оваа година обезбедивме субвенционирање на месечните сметки за дневниот оброк во продолжениот престој во општинските основни училишта, како и средства за субвенции за целодневниот престој на децата од семејства во социјален ризик во јавните детски градинки.
🫵🏼 Оваа мерка е посветена на децата од еднородителски семејства, самохрани родители, деца сместени во згрижувачки семејства и деца под старателство, како и за сите други социјално-ранливи категории.
✌️Нашата цел е да креираме образовни установи каде што децата ќе се надградуваат и натпреваруваат во знаење, без да се грижат за меѓусебните финансиски разлики.
🎒 👔 Затоа, покрај субвенционирањето на оброците и престојот во градинките, обезбедуваме и бесплатни ранчиња за сите првачиња, како и бесплатни униформи за сите ученици во општинските основни училишта.
♥️ Грижата за нашите деца не запира тука.
✅ Продолжуваме со имплементација на многу други проекти кои ќе ги објавуваме тековно.
📑 Сите критериуми и потребната документација за остварување на овие права ќе бидат достапни на веб страницата на Општина Кисела Вода во наредниот период, кога ќе биде објавен и јавниот повик за аплицирање.