ЃОРЃИЕВСКИ: Уплатив 30.000 денари за лекувањето на Лео! 29/02/2024 16:11 Инвалидниот скутер кој Благојчо го продава ќе остане кај него – уплатив 30.000 денари за лекувањето на Лео! На почеток, морам да кажам дека Благојчо е еден од многуте херои кои ги има Македонија, човек со големо срце на кој му се поклонувам.Вчера ја видов неговата објава каде што го продава својот инвалиден скутер кој му е неопходен, само за малиот Лео Индов да стане на нозе.Го продава, бидејќи државата е глува и се лечиме со смс пораки. Народот е оставен сам на себе.Но, секогаш се сплотуваме и испишавме многу успешни приказни досега. Објавата на Благојче ме трогна, вели дека тој има сила да се турка и на раце само Лео да оздрави. Не Бажо, нема да се туркаш на раце.Скутерот ќе остане за тебе а ќе го станеме и Лео на нозе.Сплотени! Ги повикувам сите мои колеги, сите добронамерници да донираат за Лео, онолку колку што можат.Немаме време за чекање. Лео мора да оздрави! Бог да е со нас!