Јакимовски вели дека личното обезбедување на Мицкоски, како и колегите советници во неколку наврати претходно му се заканувале на Илиевски, за што било пријавувано и во полиција.

   

Ова само го покажува примитивизмот, во врвот на ВМРО-ДПМНЕ во нивното раководство, кое користи насилни методи за да дисциплинира членови од партијата кои што мислат во интерес на граѓаните. Само сакам да ги повикам граѓаните на општина карпош да замижат и да помислат, како овие луѓе ќе се однесуваат недај боже ако дојдат на власт кога тие од опозиција се однесуваат како насилници, како варвари.

 

Мицковски обвинувањата на Јакимовски ги нарече неосновани и политички мотивирани, бидејќи како што рече, не ја поддржувал бетонизацијата на Карпош.

   

     

-Господинот Стевчо Јакимовски, моето семејство и мене не обвинува веќе една година, причината е затоа што не ја подржувам бетонизацијата. Мојот совет до него е да ги остави тие измислици на страна, да се фокусира на работа за карпошани, јас сум карпошанец, таму живеам и ќе ја има мојата поддршка, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.

Инцидентот се случи вчера наутро во Карпош 4, додека според информациите, Илиевски одел на работа во општината при што бил нападнат од маскирано лице. Канал 5 се обиде да добие став од Илиевски, но тој не одоговори на нашите повици.