Поразговаравме за предизвиците со кои се соочуваат при нивното секојдневно работење и воочивме во кој дел може да придонесеме за подобри услови и практики за непречено одвивање на нивните тековни задачи.
Воедно, се сретнав и со началничката на регионалниот центар Север со која воочивме огромна потреба од продлабочување на соработката помеѓу одделот за гранични работи и миграции и СВР Тетово, со цел зацврстување на позицијата во обезбедување на сигурност за ефикасно решавање на транснационалниот криминал, илегалната миграцијата и борбата со корупција. Со ваквите посети кои ќе станат наша редовна пракса, сакаме да дадеме до знаење на сите дека секој колега од секој оддел ни е важна алка во спроведување на законот кој еднакво важи за сите…